Аларм од Ед Ширан до Елтон Џон: Брегзит им ги комплицира турнеите на британските ѕвезди


Англија – Повеќе од 100 британски музичари, од Ед Ширан, Стинг и Роџер Вотерс од Пинк Флојд и до ѕвезди на класичната музика како диригентот Симон Ратл, изјавија дека турнеите на британските уметници низ Европа се во опасност поради Брегзит.

Во писмото до весникот „Тајмс“ објавено завчера, музичарите велат дека владата „срамно“ го прекршила ветувањето да преговара за договор што им овозможува на музичарите да настапуваат во Европската унија без потреба од визи или работни дозволи.

Тие повикаа на реципрочен договор што ќе овозможи патување без документи и за британските и за европските турнеи-уметници.

„Договорот склучен со ЕУ има дупка во која треба да биде ветеното слободно движење за музичарите: на сите на европска музичка турнеја сега ќе им требаат скапи работни дозволи и планина со документи за нивната опрема“, напишаа тие.

Една од последиците на Брегзит, која целосно стапи на сила на 31 декември, е тоа што граѓаните на Велика Британија и на ЕУ веќе не можат слободно да патуваат, да работат и да живеат на меѓусебните територии.

Потписниците на писмото се движеа од „Секс пиштолс“ до Џос Стоун, Радиохед, Елтон Џон, Боб Гелдоф и членовите н „Квин“ Брајан Меј и Роџер Тејлор.

Роџер Далтри, главниот пејач на „The Who“ и отворен Brexiteer кој претходно ја отфрли загриженоста за турнеите по Брегзит, исто така беше на списокот.

Ввиолончелистот Шеку Кане-Мејсон, кој настапи на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, се придружи на виолинистката Никола Бенедети и композиторот Џудит Веир.

„Дополнителните трошоци ќе ги направат многу патувања неповолни, особено за младите музичари во подем, кои веќе се борат да ги задржат главите над водата поради забраната за жива музика од Ковид“, напишаа музичарите.

Според договорот што го договорија Лондон и Брисел во декември, британските музичари ќе можат да патуваат во земјите на ЕУ без виза до 90 дена во кој било период од 180 дена, но ќе им бидат потребни работни дозволи за изведување во некои земји како Германија и Шпанија .

Новите правила за превоз на патишта значат дека британските камиони треба да се вратат во Велика Британија по две товарени патувања во ЕУ, што го прави невозможен стандардниот модел на турнеи за британските бендови и ансамбли, според Здружението на британските оркестри.

Британските и европските раководители се обвинуваа едни со други за состојбите во индустријата, секој од нив рече дека нивните предлози за време на разговорите за Брегзит биле отфрлени од другата страна.

„Ако ЕУ го преиспита својот став, нашата врата останува отворена“, рече Министерството за култура во Лондон.

Во Брисел, Европската комисија соопшти дека Велика Британија избрала да стави крај на слободното движење на граѓаните на ЕУ кон Велика Британија, што неизбежно значело дека патувањата, вклучително и за деловни цели, веќе нема да бидат толку лесни како пред Брегзит.(Ројтерс)