Нередот што го остави Трамп зад себе е на насловницата на „Тајм“


САД- Америка отвора ново поглавје со Џо Бајден. Весниците и магазини се фокусираат на смената во Белата куќа, напуштањето на функцијата на Доналд Трамп кој не беше баш омилен кај американските медиуми и пристигнувањето на Џо Бајден на неговото место.

Најмногу внимание предизвика насловницата на влијателниот „Тајм“. Илустрацијата на Овалната соба, според „Тајм“ го отсликува тоа што го дочекало Бајден како нов претседател на САД. Прикажана е Овалната соба во прилично хаотично издание, документи натрупани и расфрлани на подот, ишарано и неуредно работно биро, додека Бајден гледа преку прозорецот.

„Тајм“ на тој начин укажа што го чека Бајден како нов претседател на државата – многу работа во внатрешната и надворешната политика. (Хафингтонпост)