Во претседателскиот замок во Прага запалени свеќи за жртвите на Ковид-19


Чешка – Во претседателскиот замок Храдчани во Прага беа запалени 30.000 свеќи, симболично по една за секоја жртва на Ковид-19 во Чешка, а првата ја запали чешкиот претседател Милош Земан. – Морам да кажам дека самите сме одговорни за смртта на некои од нив поради нашата рамнодушност, непромисленост и, пред сè, затоа што подлегнавме на искушението […]

КПТ со критики за затворските услови во Македонија


Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казни (КПТ), денеска во Стразбур по добиеното одобрување од македонските власти го објави извештајот за 5-та периодична посета на Северна Македонија, заедно со одговорот на властите на земјата. При посетатата е утврдено дека полициската бруталност е во пораст и дека властите не успеаја да […]

Бајден се обидува да спречи недостиг на гориво по хакерскиот напад врз „Colonial Pipeline“


САД– Американската администрација го следи недостигот на гориво во делови од југоисточниот дел на земјата и разгледува различни реакции, се вели во соопштението издадено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. „Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да добива редовни ажурирања за состојбата со Colonial Pipeline. Администрацијата продолжува да го проценува влијанието на инцидентот врз снабдувањето […]

Изложба „ Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на ФЛУ


Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата по графика и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, по 34-ти пат ја организираат изложбата Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте. Изложбата ќе биде отворена денеска во 13 часот, во Галеријата на ФЛУ.   На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно […]

Роберт Билбилов си го честиташе роденденот со нова песна „Нигде не те наоѓам“ (видео)


Пејачот и композитор Роберт Билбилов е актуелен со новата песна „Нигде не те наоѓам“.  Вчера, на својот роденден Билбилов го промовираше видеото заедно со темата на својот Јутјуб канал. Текстот за „Нигде не те наоѓам“ го потпишува Робин Зимбаков, додека, пак, музиката и аранжманот се на самиот Роберт.   „Пандемијата со коронавирусот ја искористив на […]

Заев за Еуроњуз: Не е можно раздвојување на Северна Македонија и Албанија


Не е можно да се раздвои патот за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев за Еуроњуз. Брисел ги разгледуваше двете кандидатури паралелно, но минатата недела европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји за Еуроњуз изјави дека раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија „може да биде опција“ доколку […]

Чешкиот министер за одбрана, Лубомир Метнар во официјална посета на С Македонија


Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.   Како што соопшти Министерството за одбрана, министерот Метнар ќе оствари те-а-тет средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а ќе се одржи и заедничка средба на македонската и чешката делегација.   Во текот на посетата ќе биде потпишан Меморандум за […]

Се зголемува интересот за вакцинација, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин


Граѓаните да се пријавуваат на веб страницата vakcinacija.mk, заради тоа што тоа е најпрактичниот механизам и начин да се стигне до соодветен термин за вакцина против Ковид-19. Ова е апелот што вчера го упати министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека вакцинацијата се одвива добро, вакцинирани се околу 110 илјади граѓани од кои 23 […]

Владата ќе носи одлука за олабавување на ковид-рестриктивните мерки


Скратен полициски час, работа на угостителските објекти во отворените делови до 23:30 часот и отпочнување со работа на вежбалните, фитнес центрите и теретаните, се дел од олабавените рестриктивни мерки што Главниот координативен кризен штаб и ги препорача на Владата, а таа треба да ги разгледа и да ги усвои на денешната седница. Новите мерки би […]

Самит за Западен Балкан во октомври за време на словенечкото претседателство со ЕУ


Грција – За време на словенечкото претседателство со Европската унија, во втората половина на годината, ќе се одржи вонреден Самит посветен на Западен Балкан, односно за проширување на Унијата со земјите од регионот, соопштија премиерите на Грција и Словенија Кирјакос Мицотакис и Јанез Јанша по нивната средба, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека […]

Сончево со мала облачност, температурата до 29 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а […]

Истражување: Законите генерално добри и хармонизирани со ЕУ, недостига правилна имплементација


Правно-институционалната рамка во однос на политичкиот критериум и поглавјето 23 е во голема мера усогласена со европските стандарди, иако во одредени области, како на пример изборниот процес и финансирањето на политичките партии, потребна е опсежна ревизија. Темпото на реформи е многу бавно, но државата се опоравува од системските проблеми утврдени во извештајот на групата високи […]

Сеуште е рано да не се носат маски на отворено, рано е и за свадби и концерти, вели Филипче


Сеуште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека за ова е разговарано утрово, но оти заклучокот е дека треба да се причека уште недела или две за една ваква мерка. – […]

Вишиот јавен обвинител Бектеши побара повисоки казни за случајот „Рекет”


Изречените казни се благи и нема да бидат исполнети целите на казнување. Судот ги преценил олеснителните околности и недоволно ги земал во предвид отежнителните околности. Предлагам Апелацискиот суд да ги преиначи и им одреди повисоки казни, побара јавниот обвинител Дилавер Бектеши, образложувајќи ја жалбата пред Апелацискиот суд на ЈО за случајот „Рекет“. Обвинителството, исто така, […]

Потпишан Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Македонија и Грузија


Министерките за култура на РС Македонија и на Грузија, Ирена Стефоска и Теа Цулукиани, денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Со потпишувањето на Меморандумот се поттикнува директна соработка и размена на експерти меѓу институциите и организациите од областа на културата, размена на информации, како и воспоставување непосредни контакти во сите дејности – […]

Србија и Турција заемно ќе ги признаваат дигиталните сертификати за вакцинација


Србија – Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ и амбасадорот на Турција во Белград, Хами Аксој, на денешната средба потврдија дека ќе бидат разменети дипломатски ноти за заемно признавање на електронските сертификати за извршена вакцинација против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград. Оваа размена треба да се случи во следните неколку […]

Акција за подводно чистење на Дојранското езеро


Дваесет нуркачи од повеќе градови од земјава, во организација на Македонско-Хрватското друштво и еколошко нуркачкиот клуб „Пена“, викендов подводно го чистеа Дојранското езеро од пластичен и друг вид отпад во рамки на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадување на водата“. Организаторите велат дека основна цел на проектот била да да се подигне […]

Се појави лекарот од Сибир кој го лекуваше Навални


Русија – Лекарот од Сибир, Александар Мураховски, кој минатата година го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, се појави денеска откако беше пријавен за исчезнат за време на лов, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на регионалната влада. Потрагата беше покрената во шумите на регионот Омск, кој се наоѓа на околу 2.200 километри источно од Москва, откако Мураховски во петокот ја напуштил ловната […]

Полска ќе врши ревакцинација со Астра Зенека по 35 дена од првата доза


Полска– Полска ќе го скрати периодот меѓу двете дози на вакцинирање протов Ковид-19 со Астра Зенека, Фајзер и Модерна, соопшти денеска министерот за полската имунизациска програма Михаил Двирчик. Најголемо скратување меѓу двете дози ќе биде кај вакцината на Астра Зенека – 49 дена. Компанијата Астра Зенека при производството на вакцината соопшти дека периодот меѓу двете […]

Зурабишвили: Отворањето на преговорите на С Македонија со ЕУ ќе биде силен сигнал за Грузија како што е вашето членство во НАТО


Членството на Северна Македонија во НАТО е многу силен сигнал дека вратата на Алијансата е навистина отворена и дека не се работи само за зборови, туку за реалност што на сите нас ни дава оптимизам. Се надевам дека тоа ќе се случи и со отворање на преговорите за пристапување со ЕУ, што исто така ќе […]