Груби се вакцинираше против Ковид-19, апелира до граѓаните да се пријават на „vakcinacija.mk“


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја прими првата доза на вакцина против Ковид-19. Тој испрати апел до граѓаните да се пријават за вакцинација на веб-страницата на Министерството за здравство, „vakcinacija.mk“, бидејќи, како што рече, само на овој начин ќе се постигне имунизација на целото население. Министерот […]

Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили (фото)


Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, со што започна нејзината официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржува и […]

Министерката Шахпаска се вакцинираше против Ковид-19: Да се вакцинираме сите и да излеземе побрзо од пандемијата


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ја прими вакцината против Ковид-19. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски. -Штотуку ја примив првата вакцина против Ковид-19. Доколку голем број […]

„Фанк Шуи“ на “HEMI live music sessions“


Од вкупно 285 европски таленти од Централна и Југоисточна Европа, жирито првично избра 27 бендови од 9 држави, меѓу кои од Македонија беа избрани Плутос Даутс, Фанк Шуи и Ју. Во вториот круг влегоа ФАНК ШУИ, заедно со уште осум европски бендови.  HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои […]

Пејачката Туна стана мајка по втор пат, сподели фотографии по породувањето 


Поп-пејачката Алтуна Сејдиу- Туна стана мајка по вторпат, а на Инстаграм сподели емотивни фотографии. Таа објави фотографии од раѓањето на нејзиниот син Зен па напиша: „Се молев на Бог да ми донесе на светот маж кој секогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со два сина. Среќен Ден на мајката! Горда мајка на Тиан и […]

Изложба „Голем формат II“ со дела од македонски и странски автори во МСУ


Изложбата „Голем формат II“ oд колекцијата на Музејот на современата уметност Скопје (МСУ) од утре ќе биде отворена за посетители, и ќе трае до почетокот на јуни. На изложбата се претставени дела од девет автори со уметнички дела во голем формат на слики, инсталации и скулптури. Селекцијата на дела од колекцијата на МСУ ја направи […]

Одговорна иднина: Модна колекција и виртуелна изложба на учениците од „Партенија Зографски“


На младите им припаѓа иднината, а видена низ призмата на учениците со оштетен слух од државниот центар „Партенија Зографски“ во Скопје, таа е убава, колоритна, игрива и позитивна Mладите креативци создадоа оригинални, уметнички и експериментални дела за време на едукативните работилници за мода, традиционално грнчарство, современа керамика, модерна обработка на дрво, продуктен и графички дизајн […]

Принцот Мајкл од Кент среде скандал- обвинет е дека „продавал“ пристап до Путин


Англија- Во истражувачкиот извештај на британските медиуми се вели дека братучедот на кралицата Елизабета Втора, принцот Мајкл од Кент, бил подготвен да го искористи својот кралски статус за лична добивка и да побара услуги од рускиот претседател Владимир Путин. Во прикриената истрага на „Сандеј тајмс“ и „Канал 4“ новинари се претставиле како инвеститори на лажна […]

Ново рочиште за ,,Титаник” по две месецa пауза


По два месецa одлагања и неодржани рочишта, денеска во Кривичниот суд Скопје е предвидено да продолжи судењето за случајот „Титаник”. Предметот за изборните нерегуларности од 2011, 2012 и 2013 година се уште е во фаза на доказна постапка. Судењето го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова. Освен поранешниот […]

Време е за MID SEASON SALE во Скопје Сити Мол!


Големите пролетни попусти се веќе тука и време е за уживање во шопинг во Skopje City Mall по уште пониски, односни свежи цени. Овој Мај месец во Скопје Сити Мол можете да ги најдете најголемите попусти и промоции кои брендовите ќе ги понудат на своите колекции во овој период. Како што знаеме сите, овој пролетен […]

Кипар го укинува строгиот карантин, воведува коронапас


Кипар – Властите на Република Кипар од денеска го укинуваат строгиот режим на карантин, но на жителите на островот, за да влезат буквално на кој било јавен простор, ќе им треба таканаречена Коронапас – пропусница што покажува дека нејзиниот сопственик не го шири коронавирусот. Одлуката во средата ја донесе кипарската Влада. Коронапас може да биде потврда за негативен […]

Колорадо: На роденденска забава убиени седум лица


САД– Седум лица, меѓу кои и напаѓачот, се убиени денеска при пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо, јавуваат локалните медиуми. Како што се наведува, напаѓачот дошол на прославата и почнал да пука. Според извештаите во медиумите, напаѓачот бил во врска со една од жртвите. Меѓу жртвите е и лицето за […]

Врвни гитаристи и добитници на „греми“ – гости на 12. „Тремоло“


Врвни гитаристи и добитници на „греми“ ќе бидат дел од 12-то издание на Меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“, што ќе се одржи од 17 до 23 мај, во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“, со поддршка на Град Скопје. На единствениот од ваков тип фестивали кај нас, кој е референтна точка за сите […]

И „Red Hot Chili Peppers“ ги продаваат правата на своите песни за 140 милиони долари


Каталогот на Ред хот чили пеперс во моментов генерира помеѓу 5 и 6 милиони долари годишно за издавачите, објави Билборд. Се продаваше за околу 25 пати поголема од таа сума САД– За „Red Hot Chili Peppers“ се вели дека ги продаваат правата на својот каталог на песни, кои вклучуваат хитови како „Californiacation“ и „Scar Tissue“ […]

Претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили во официјална посета на С Македонија


Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Нејзин домаќин е претседателот Стево Пендаровски, кој ќе ја пречека Зурабишвили пред Вила Водно на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести. Пендаровски и Зурабишвили ќе има тет-а-тет средба, а ќе се одржи и пленарен состанок на […]

Пратеници во надзорна посета на Агенцијата за разузнавање


Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска ќе остварат надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање. Ова е прва посета на Агенцијата за разузнавање на пратениците од оваа Комисија. 

Состојбата со Ковид-19 се смирува, над 500 илјади вакцини ќе пристигнат месецов, колективен имунитет до крајот на летото


Колективен имунитет до крајот на летото, очекува министерот за здравство Венко Филипче. Тој, како што изјави во вчерашното интервју на Радио Слободна Европа, очекува со сите вакцини што треба да пристигнат во земјава, до крајот на летото да се постигне колективен имунитет. Министерот нагласи дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат […]

Сончево, ветровито и топло до 27 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до […]

Саудиска Арабија ќе организира аџилак во Мека оваа година


Саудиска Арабија– Саудиска Арабија ќе организира аџилак во Мека оваа година, но под посебни услови со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, јави денеска саудиската државна телевизија. „Механизмот и условите за одржување на аџилакот ќе бидат објавени подоцна оваа година“, се вели во соопштението на Министерството за аџилак. Минатата година Саудиска Арабија дозволи ограничен број […]

Финалето на ЛШ од Истанбул се сели во Лондон?


Англија– Во тек се тешки преговори меѓу британската влада, УЕФА и други страни за тоа каде треба да се одржи финалето во Лигата на шампионите, изјави денес британскиот политичар Мајкл Гоув. Во финалето, кое е закажано за 29 мај, ќе учествуваат Манчестер сити и Челзи. Натпреварот треба да се игра во Истанбул, но местото е под […]