Актерката Лори Лафлин пуштена од затвор по скандалот со митото


САД– Глумицата Лори Лафлин вчера беше пуштена од затвор, откако ја отслуже казната за учество во незаконското потплатување на Универзитетот на Јужна Калифорнија во врска со школувањето на нејзините ќерки. – Лори Лафлин е ослободена од Федералните поправни установи во Даблин, Калифорнија, на 28 декември 2020 година. Таа не е повеќе под надлежност на Бирото за …

Актерката Лори Лафлин пуштена од затвор по скандалот со митото Read More »

„Диши“ премиерно во Драмски театар


Денес напладне Драмски театар Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Диши“ по текст на Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски-Димсата. „’Диши’ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. ‘Диши’ како да живее низ …

„Диши“ премиерно во Драмски театар Read More »

Санкционирани 187 непрописно паркирани во Општина Центар минатата недела


Минатата недела, на територијата на Општина Центар, се санкционирани 187 непрописно паркирани возила, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. Како што стои во соопштението, во периодот од 21 до 27 декември 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, се отстранети 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“, санкционирани се …

Санкционирани 187 непрописно паркирани во Општина Центар минатата недела Read More »

Продолжува трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани и починати и процентот на позитивни од тестирани


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 месецов тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9 посто во однос на минатата недела. Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани сe 3.372 нови …

Продолжува трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани и починати и процентот на позитивни од тестирани Read More »

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци


Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти. За работната позиција полицаец се бараат 100 извршители во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите …

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци Read More »

Ако сакате да патувате догодина можеби ќе ви треба имунизациски пасош


Сега кога вакцините против Ковид-19 почнуваат да се шират, многу луѓе можеби сонуваат за еден ден кога ќе можат да патуваат, да купуваат и да одат повторно на кино. Но, за да ги извршите овие активности, на крајот можеби ќе ви треба нешто како додаток на вакцината: мобилна апликација која делува како „пасош за имунизација“. …

Ако сакате да патувате догодина можеби ќе ви треба имунизациски пасош Read More »

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г


Кина-Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици во 2021 година, соопшти кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија. – Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија ќе ја подобри изградбата, покриеноста и спроведувањето на мрежата 5Г низ Кина во текот на 2021 година, изјави Ксијао Јакинг на прес-конференција. Тој доаде дека Министерството ќе работи …

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г Read More »

Светот во 2020: Коронавирус – пандемијата што го фрли светот на колена


По речиси една година од првиот случај на новиот коронавирус, преку 78 милиони заразени и еден милион и 720 илјади починати, светот се обидува да се подисправи и да застане на нозе. „Новото нормално“ – маски, дистанца, карантини, локдауни…е новото секојдневие, новиот стил на живеење, кој го наметна вирусот Ковид-19. Од Кина до Антарктикот, од …

Светот во 2020: Коронавирус – пандемијата што го фрли светот на колена Read More »

2020


ЛЕЈЛА САБИТ Пополека изминува како дама од добро семејство, која добро се омажила, здрави деца родила, дочекала пензија и не очекувала дека ќе се плаши или разболе од Ковид. Не делат денови од нова година, ама како лузна ги чувствуваме сите мигови, месеци, убави и лоши моменти, длабоки и избледени чувства, депресија и еуфорија, радост …

2020 Read More »

Што го натера Трамп (сепак) да стави потпис на помошта во пандемија


Американскиот претседател со потпис го стави во сила натпартиски договорениот конјунктурен пакет од 900 милијарди долари за помош во услови на пандемија на коронавирус   Со месеци Демократите и Републиканците спореа околу натамошен конјунктурен пакет во актуелната корона-криза, за потоа претседателот Доналд Трамп да им ги помати сметките и да одбие ставање свој потпис на …

Што го натера Трамп (сепак) да стави потпис на помошта во пандемија Read More »

Хакерските напади годинава ја чинеле Русија скоро 50 милијарди долари


Русија – Кибернападите оваа година ги чинеа руските компании и граѓани до 3.600 милијарди рубљи (49 милијарди долари), соопшти најголемата кредитна банка на Русија, Сбербанк. Во обид да се избори со сивата економија, Русија ги охрабри граѓаните да преминат на банкарски картички и да ја ограничат употребата на готовина, но бројот на прекршоци поврзани со банкарски картички се зголеми за четири пати, …

Хакерските напади годинава ја чинеле Русија скоро 50 милијарди долари Read More »

ЦЕД Флорозон: Ковид-отпадот ризик по здравјето на граѓаните и животната средина


Потребно е систематско решавање на проблемот со одлагање на потенцијално-контаминираниот ковид-отпад од употребените заштитни маски и ракавици. Причината е поради начините на кои коронавирусот може да се пренесува. Научниците и лекарите во оваа смисла се согласни: фрлениот ковид-отпад претставува ризик за јавното здравје и за животната средина. Станува збор за отпад кој голем број меѓународни …

ЦЕД Флорозон: Ковид-отпадот ризик по здравјето на граѓаните и животната средина Read More »

Заев: Недозволиво е употреба на дрога кај советник во кабинет на највисоко ниво  


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е информиран за разрешувањето на советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, оценувајќи дека не може лице на такво високо ниво да биде поврзано со недозволени активности. Тој смета дека брзо е реагирано со оглед дека вицепремиерот вчера разбрал од медиумите. – На работен состанок, првиот заменик …

Заев: Недозволиво е употреба на дрога кај советник во кабинет на највисоко ниво   Read More »

Во Србија без организиран дочек на Новата година, рестораните ќе работат до 18 часот


Србија – Кризниот штаб одлучи на 31 декември и 1 јануари рестораните и кафулињата во Србија да бидат отворени до 18 часот, а прехранбените објекти до 20 часот, јави допсиникто на МИА од Белград. Нема да има организиран дочек на новогодишна ноќ, ниту репризи на истатата. По седницата на Кризниот штаб, никој од службените лица не …

Во Србија без организиран дочек на Новата година, рестораните ќе работат до 18 часот Read More »

Аделина Тахири со новогодишна честитка до фановите: На снег е најубаво!


Атрактивната пејачка Аделина Тахири сака за Нова година да биде во Скопје, да врне снег, да добива скапи подароци, да носи црвено против уроци и во бунда да не и е студено. Во таков амбиент објави фотографија од „скопскиот плоштад“ во новогодишно издание како честитка до фановите на Инстаграм.   Аделина, внука на експратеничката и …

Аделина Тахири со новогодишна честитка до фановите: На снег е најубаво! Read More »

Можни инвеститори за Попова Шапка од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија


За ски-центарот Попова Шапка во игра се потенцијални инвеститори од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија, истакна дека во Тетово, премиерот Зоран Заев, при отворањето на новите простории на Државниот пазарен инспекторат. Во овие преговори вклучена е и намерата и идеја, Попова Шапка заедно со ски-центарот Брезовица од Косово да бидат заедничка понуда до инвеститорите …

Можни инвеститори за Попова Шапка од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија Read More »

„Макпетрол: Никој ништо не ни подарува, направена е проценка на „ГА-МА“


Компанијата „Макпетрол“ денеска излезе со соопштение во врска со информациите искажани во рамки на 20. собраниска седница на која се расправа за решавање на спорот меѓу Владата и „Макпетрол“, односно за продажбата на АД „ГА-МА“ во која државата и Макпетрол имаат по 50 проценти удел. Во соопштението се наведува дека компанијата нема намера да коментира …

„Макпетрол: Никој ништо не ни подарува, направена е проценка на „ГА-МА“ Read More »

Во Германија, по грешка, на негователи им била дадена петкратна доза од вакцината


Германија– Во германскиот град Штралсунд се случи грешка на почетокот на имунизацијата против коронавирус, при што осуммина негуватели беа вакцинирани со петкратна доза од вакцината. Половина од погодените, според германскиот дневен весник „Билд“, меѓу кои седум жени и еден маж, имале симптоми на грип по вакцинирањето. Според властите во округот Форпомерн-Риген, четири вакцинирани лица поднеле …

Во Германија, по грешка, на негователи им била дадена петкратна доза од вакцината Read More »

Во Шведска нов закон за борба против пандемијата


Шведска– Шведската Влада денеска претстави закон со кој се даваат нови привремени овластувања за борбата против пандемијата на коронавирус, а планот е неговата примена да почне во јануари. Владата, која досега во голема мера се потпираше на препораки, објасни дека новиот закон ќе и овозможи да донесе ограничувачки мерки и да воведе санкции во случај …

Во Шведска нов закон за борба против пандемијата Read More »

Човештвото пред закана од нови вируси, тврди лекарот кој ја откри еболата


Конго– Човештвото се соочува со голем број нови и потенцијално фатални вируси кои потекнуваат од африкански тропски шуми, тврди професорот Жан-Жак Муембе Тамфум, кој во 1976 година беше во тимот на лекари кои го открија вирусот ебола. Муембе вели дека ќе се појават нови патогени микроорганизми и дека тоа е закана за човештвото. Како млад …

Човештвото пред закана од нови вируси, тврди лекарот кој ја откри еболата Read More »