ЦЕД Флорозон: Ковид-отпадот ризик по здравјето на граѓаните и животната средина


Фото: Б. Грданоски

Потребно е систематско решавање на проблемот со одлагање на потенцијално-контаминираниот ковид-отпад од употребените заштитни маски и ракавици. Причината е поради начините на кои коронавирусот може да се пренесува. Научниците и лекарите во оваа смисла се согласни: фрлениот ковид-отпад претставува ризик за јавното здравје и за животната средина.

Станува збор за отпад кој голем број меѓународни испитувања и домашни експерти утврдиле дека е ризичен, бидејќи може да содржи траги од вирусот и патогени честичи кои можат да се пренесат во жив организам преку допир на контаминираната површина. На пример, како што објаснува Стево Темелковски, поранешниот заменик-министер за животна средина, овој вид отпад треба да се третира засебно, бидејќи ги загрозува пред сѐ комуналните работници и собирачите на секундарни суровини.

Во тој контекст, Центарот за еколошка демократија Флорозон во неколку градови во земјата, пред големите ланци маркети постави специјализирани корпи за заштитните маски и ракавици со цел нивна примарна селекција. Флорозон во соработка со комуналните претпријатија и бизнис секоторот овозможи повеќе-секторски пристап за делумна контрола и управување со ковид-отпадот. Сепак, на национално ниво мора да се имплементира системско решение за ова прашање.

Секој проблем што го имаме генерално со отпадот се мултиплицира со коронавирусот. За колкав проблем станува збор? Каква е подготвеноста за тоа во Република Северна Македонија? Дали е потребен посебен систем за собирање на ковид-отпадот за да се спречи ширењето на заразата преку него? Како во моментов човештвото се справува и со овој предизвик?

Дознајте повеќе во Истражувачките стории подготвени во рамки на проектот “Биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија”, имплементиран од Центар за еколошка демократија Флорозон, финансиски поддржан преку одделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

https://florozon.org.mk/downloads/investigative-stories/06/Kovid_otpad-MINSKO_POLE.pdf

https://florozon.org.mk/downloads/investigative-stories/07/Kovid_otpad-SVET.pdf

https://florozon.org.mk/downloads/investigative-stories/08/Kovid_otpad-SOBIRANJE.pdf