Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г


Кина-Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици во 2021 година, соопшти кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија.

– Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија ќе ја подобри изградбата, покриеноста и спроведувањето на мрежата 5Г низ Кина во текот на 2021 година, изјави Ксијао Јакинг на прес-конференција.

Тој доаде дека Министерството ќе работи на оптимизирање и надградба на мрежата, зголемување на бројот на корисници на повеќе од 200 милиони и борба против кршењето на правата и интересите на корисниците на апликациите.