Аделина Тахири со новогодишна честитка до фановите: На снег е најубаво!

Атрактивната пејачка Аделина Тахири сака за Нова година да биде во Скопје, да врне снег, да добива скапи подароци, да носи црвено против уроци и во бунда да не и е студено. Во таков амбиент објави фотографија од „скопскиот плоштад“ во новогодишно издание како честитка до фановите на Инстаграм.

 

Аделина, внука на експратеничката и советничка на претседателот Ѓорге Иванов, Флора Кадриу , родена Скопјанка, позната во соседството и во дијаспората, е една од најатрактивните поп-пејачки кај нас, која се издвојува со провокативната гардероба и сценскиот настап.Пред две години се омажи за скопскиот адвокат Серјожа и имаат едно дете, синот Јон.