Сончево и релативно топло, температурата до 20 степени


Времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, во источните од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од -5 до 3, а дневната од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната …

Сончево и релативно топло, температурата до 20 степени Read More »

Битолскиот театар доби највеќе пари од Министерството за култура, еве зошто


Битолскиот театар доби 4.900.000 денари (речиси 80.000 евра) од Министерството за култура за реализација на 5 проекти кои се наведени во објавената програма (односно реализација на 4 претстави, и 8-от Меѓународен театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал” во Битола. Ова е и најголемата сума што стручната комисија за драмска дејност ја одредила од пријавите на националните …

Битолскиот театар доби највеќе пари од Министерството за култура, еве зошто Read More »

Нов скандал ја тресе Шпанија-сестрите на кралот Фелипе се вакцинирале во Абу Даби, не можеле да чекаат да им дојде редот 


Шпанија – Сестрите на шпанскиот крал Фелипе беа вакцинирани во Абу Даби минатиот месец додека го посетуваа својот татко кој живее во самонаметнат егзил, објави денес весникот „Ел Конфиденцијал“, предизвикувајќи негодување дома, каде повеќето Шпанци сè уште ги чекаат своите вакцини. Елена де Борбон и нејзината сестра Кристина го посетија поранешниот крал Хуан Карлос, кој …

Нов скандал ја тресе Шпанија-сестрите на кралот Фелипе се вакцинирале во Абу Даби, не можеле да чекаат да им дојде редот  Read More »

Првата дама Ѓоргиевска го посети Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица


Сопругата на претседателот на државата Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска заедно со шефица на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) во земјава, Афродита Шаља денеска го посетија Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица, со цел да им се даде поддршка на овие жртви и да се крене свеста за унапредување на …

Првата дама Ѓоргиевска го посети Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица Read More »

Драган Стојковиќ – Пикси официјално селектор на Србија до 2024


Србија – Поранешниот прославен српски фудбалер и југословенски репрезентативец Драган Стојковиќ – Пикси денеска официјално е назначен за нов селектор на Србија. Пикси потпиша тригодишен договор со Фудбалската федерација на Србија и треба да остане на селекторското место до завршување на квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Тој доаѓа на местото на Славиша Тумбаковиќ, кој во декември поднесе оставка како селектор на …

Драган Стојковиќ – Пикси официјално селектор на Србија до 2024 Read More »

Вујнович: СЗО засега е против воведувањето ковид пасоши


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) во моментот е против воведувањето на специјални сертификати или ковид пасоши за луѓето кои примиле вакцина против коронавирусот, изјави денеска претставникот на СЗО за Русија, Мелита Вујнович. -СЗО е јасна за ова прашање и во овој момент не препорачува ваков вид пасоши, изјави Вујинович за телевизискиот канал „Русија 24“, пренесе …

Вујнович: СЗО засега е против воведувањето ковид пасоши Read More »

Саркози обвинува дека пресудата е „длабока неправда“


Франција– Поранешниот шеф на француската држава, Никола Саркози, кој вчера беше осуден во таканаречениот случај „прислушување“, денеска изјави дека е подготвен да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права и остро ги критикуваше судиите кои го казнија, јави дописникот на МИА.. Првиот претседател осуден на затворска казна во Петтата француска република, Никола Саркози, за првпат …

Саркози обвинува дека пресудата е „длабока неправда“ Read More »

Француската Влада предвидува враќање кон нормалниот животен ритам од средината на април


Франција – Извршната власт во Франција се надева дека „враќањето во нормалниот живот ќе биде можно кон средината на април“, дури и ако во меѓувреме има  „тешки недели“, изјави владиниот портпарол. Габриел Атал, јави дописникот на МИА. -Враќањето кон нормалниот живот е на повидок, местата што го сочинуваат нашиот социјален живот повторно ќе се отворат, тоа …

Француската Влада предвидува враќање кон нормалниот животен ритам од средината на април Read More »

Вилијам Барнс е новиот шеф на ЦИА


САД – Комитетот за разузнавачки прашања при американскиот Сенат едногласно потврди дека поранешниот дипломат Вилијам Барнс ќе биде новиот шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), изјави сенаторот Марк Ворнер, претседател на комитетот. Ворнер истакна дека едногласната потврда на ветеранот во дипломатијата Барнс, кандидат на претседателот Џозеф Бајден за директор на ЦИА, сведочи за неговите „несомнени квалификации …

Вилијам Барнс е новиот шеф на ЦИА Read More »

Вакцинирани 2860 здравствени работници, 119210 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19


Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 2.860 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија. За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 72.400 граѓани, а …

Вакцинирани 2860 здравствени работници, 119210 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19 Read More »

Охридските уметници и вработени во културните институции со поддршка на струмичките колеги


Уметници и лица вработени во културни установи и институции од Охрид се приклучија кон протестот организиран за одбрана на културата од власта и нејзина партизација, а инициран од неодамнешните случувања во Театарот во Струмица. – Јавно ги поддржуваме колегите од Струмичкиот театар кои се соочија со проблем што се третира како административен недостаток, а за …

Охридските уметници и вработени во културните институции со поддршка на струмичките колеги Read More »

Доли Партон се вакцинираше со песна


САД – Легендата на кантри-музиката, Доли Партон прилагоди една од своите балади, опевајќи ги вакцините против коронавирусот пред да ја добие својата прва доза на „Модерна“. „Вакцина, вакцина, вакцина, вакцина, ве молам, ве молам, не двоумете се. Вакцина, вакцина, вакцина, вакцина, бидејќи откако ќе умрете, ќе биде малку доцна“, отпеа кантри-ѕвездата која е на средината …

Доли Партон се вакцинираше со песна Read More »

Спајк Ли подготвува документарец за 20-годишнината од 11. 9. 2001


САД– Американскиот режисер Спајк Ли подготвува документарна серија за 20-годишнината од терористичките напади на кулите близначки во САД, на 11 септември 2001 година. Продукцискиот проект е на ХБО, но оттаму засега не соопштуваат кога ќе се емитува серијата. Се знае само дека тоа ќе биде во текот на оваа година. Ли собрал над 200 изјави …

Спајк Ли подготвува документарец за 20-годишнината од 11. 9. 2001 Read More »

Србија четврта во Европа по новозаразени на 100.000 граѓани, медицинскиот дел бара построги мерки или ќе дадат оставки


Србија– Србија е на четвртото место во Европа по бројот на новозаразени со Ковид-19 на 100.000 граѓани и ситуацијата е сериозна, изјави денеска директорот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија, Марјан Ивануша. Дека епидемиолошката ситуација се компликува говорат и редовите пред ковид амбулантите во Белград, каде, како што јави дописникот на МИА, се чека со часови за прв преглед, …

Србија четврта во Европа по новозаразени на 100.000 граѓани, медицинскиот дел бара построги мерки или ќе дадат оставки Read More »

Сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија, САД и Латинска Америка


Сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева по изданието од една од најпознатите европски издавачки куќи „Трамунтана“, ќе може да се чита на шпански јазик и во сите држави во Латинска Америка, како и во САД. Илустрациите се на шпанската илустраторка Моника Каретеро, а сликовницата е издадена на шпански и на каталонски јазик и …

Сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија, САД и Латинска Америка Read More »

Метју Палмер: Меѓусебно признавање е целта на САД во дијалогот Србија-Косово


САД– Целта на администрацијата на САД е да го прекинат дијалогот меѓу Косово и Србија со договор за заемно признавање, изјави Метју Палмер, висок американски дипломат одговорен за Западен Балкан. Во заедничкото интервју за КТВ со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, тој рече дека САД силно го поддржуваат …

Метју Палмер: Меѓусебно признавање е целта на САД во дијалогот Србија-Косово Read More »

Илон Маск продолжува со градбата на новите погони во Тексас


САД- Спејс-Икс гради нова фабрика во Тексас за своите сателити „Старлинк“, соопшти компанијата, што потврдува дека нејзиниот сопственик, милијардерот Илон Маск продолжува да вложува во оваа американска сојузна држава. Маск, кој раководи и со неколку други „футуристички“ компании – „Тесла“, „Неуралинк“ и „Боринг ко.“, во декември се пресели од Калифорнија во Тексас, за да им …

Илон Маск продолжува со градбата на новите погони во Тексас Read More »

Романот „Друга мајка“ на Драгица Најческа издаден на руски јазик


Романот „Друга мајка“ на Драгица Најчевска деновиве е објавен на руски јазик во издание на издавачката куќа „У Никитских Ворот“ од Москва. Преводот го направи Олга Панкина, која е и промотор на македонската книжевност во Русија повеќе децении. Романот обработува еден граничен настан од летописот на Скопје и судбината на неговите жители, страотниот земјотрес од …

Романот „Друга мајка“ на Драгица Најческа издаден на руски јазик Read More »

Захарова по повод санкциите од САД: Не си играјте со оган


Русија– Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека САД направија непријателски, антируски чекор, откако веднаш одлучија да воведат нови санкции кон Русија, откако тоа го направи и Европската унија. – Апсурдот триумфира кога како повод за воведување санкции се прогласи намерно приредена провокација со наводно труење на Навални со некои воени …

Захарова по повод санкциите од САД: Не си играјте со оган Read More »

Во Словенија потврдена и нигериската мутација на коронавирусот


Словенија – По идентификацијата на британската и јужноафриканската мутација на коронавирусот,  во Словенија е потврдена и нигериската мутација, јави синоќа приватната телевизија ПОП ТВ. Досега се откриени седум случаи на најновата мутација, а ги откри лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми. Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно нема да предизвика потешка форма на Ковид-19. Јужноафриканската мутација во …

Во Словенија потврдена и нигериската мутација на коронавирусот Read More »