Битолскиот театар доби највеќе пари од Министерството за култура, еве зошто


Битолскиот театар доби 4.900.000 денари (речиси 80.000 евра) од Министерството за култура за реализација на 5 проекти кои се наведени во објавената програма (односно реализација на 4 претстави, и 8-от Меѓународен театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал” во Битола. Ова е и најголемата сума што стручната комисија за драмска дејност ја одредила од пријавите на националните установи и ги надминува сумите што ги добиле театрите во Скопје и во внатрешноста, објави Тера.мк

Еве колку добиле театрите, според објавените податоци на Министерството за култура на нивната веб страница:

НУ Театар „Комедија“ од Скопје – 1.300.000 денари
НУ Албански театар за деца и млади од Скопје – 2.400.000 денари
НУ Гостиварски театар од Гостивар – 2.700.000 денари
НУ Театар за деца и младинци од Скопје – 2.900.000 денари
НУ Македонски народен театар од Скопје – 3.976.140 денари
НУ Турски театар од Скопје – 4.000.000 денари
НУ Албански театар од Скопје – 4.100.000 денари
НУ Драмски театар од Скопје – 4.400.000 денари
НУ Тетовски театар од Тетово – 4.600.000 денари
НУ Народен театар од Битола – 4.900.000 денари 

„Министерството за култура во 2021 година поддржа проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, заштитата и промоцијата на културното наследство на нашата земја. Вреднувањето на проектите и на програмите беше извршено од страна на комисии составени од стручни и компетентни лица во конкретната област, почитувајќи ги принципите на мултиетничноста и непостоењето на судир на интереси.

Инаку објавените резултати од конкурсите вклучително и за Театарот од Битола содржат информации за: носителот на проектот, назив на проектот и одобрените средства за реализација на проектот. Значи одобрената сума за Театар Битола се однесува за реализација на 5 проекти кои се наведени во објавената програма (односно реализација на 4 претстави, и 8-от Меѓународен театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал” во Битола.

Доколку состојбата со коронавирусот не се подобри и проектите не се реализираат средствата нема да бидат исплатени, односно и самите институции како и минатата година можат да се откажат од нив“, стои во одговорот од Министерство за култура до Тера.мк