Илјадници вработени во унгарски болници од револт дадоа отказ


Унгарија– Неколку илјади вработени во унгарските болници поднесоа оставки, осудувајќи ги новите државни договори за вработување, но раководството вчера се обиде да ги убеди да ја сменат својата одлука, тврдејќи дека Унгарија се соочува со трет бран на епидемијата на коронавирус. Според соопштението на Државната здравствена служба (ОФКО) до вчера, „95 проценти од 110.000 вработени …

Илјадници вработени во унгарски болници од револт дадоа отказ Read More »

Ферагамо промовира чевли на иднината, изгледаат како научна фантастика


Италија-Кога Paul Andrew постираше неколку фотографии со чевли на неговиот личен Инстаграм, беше јасно дека следната колекција на Салваторе Ферагамо ќе се разликува од претходната. Неколку дена пред ревијата на модната недела во Милано на италијанскиот бренд, неговиот креативен директор објави неколку снимки од обувките за колекцијата за претстојната есен ’21: Имаше чевли за ретро-иднина, …

Ферагамо промовира чевли на иднината, изгледаат како научна фантастика Read More »

Во Бразил рекорден број жртви од Ковид-19 во еден ден


Бразил– Во Бразил во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 1.641 лице, што е рекорден број смртни случаи регистрирани во земјата за еден ден, покажуваат податоците на локалното Министерство за здравство. Претходно, најголемиот број смртни случаи беа забележани на крајот на јули минатата година – 1.595. Бразил се соочува со нов бран на епидемијата, а здравствениот систем е пред …

Во Бразил рекорден број жртви од Ковид-19 во еден ден Read More »

Земјотрес од 4,2 степени по Рихтер кај Глина


Хрватска– Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека утрово во 05:37 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Глина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува дека јачината на земјотресот била 4,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на седум километри од Глина. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од 10 …

Земјотрес од 4,2 степени по Рихтер кај Глина Read More »

Пописот се одвива без проблеми, апликацијата за дијаспората е безбедна, уверува ДЗС, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од законот за поништување


Државниот завод за статистика вчера еден ден по официјалниот почеток на пописот излезе со соопштение во кое напомена дека апликацијата за попишување, наменета за дијаспората е безбедна и дека до неа може да се пристапи само од ИП адреса во странство. ДСЗ нагласи и дека секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво …

Пописот се одвива без проблеми, апликацијата за дијаспората е безбедна, уверува ДЗС, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од законот за поништување Read More »

Продолжува судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица. Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска и се наоѓа во доказна постапка. За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, …

Продолжува судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз” Read More »

Недоволната продукција на вакцините, причина, според Заев за доцнењето кај нас


Бројот на новозаразени од коронавирусот и натаму е во пораст, особено во Охрид, Прилеп и Кавадарци каде што имаше најмногу случаи од британскиот сој на вирусот, кој брзо се шири. Според последната статистика, во Прилеп има 650 активни случаи, во Кавадарци 629, а во Охрид 438. Во Скопје и натаму има најмногу активни, и тоа …

Недоволната продукција на вакцините, причина, според Заев за доцнењето кај нас Read More »

Порфириј: Важно е да се надмине расколот со Македонската црква


Суштински ми е важно да се надмине расколот со Македонската црква. Оваа тема останува отворена и верувам дека ќе се дојде до решение кое ќе биде во согласност со каноните, без мешање на политиката, изјави новиот патријарх на СПЦ Порфириј во интервју за РТС. Прашан за изјавата на митрополитот Преспанско-пелагониски Петар дадена неодамна за МИА …

Порфириј: Важно е да се надмине расколот со Македонската црква Read More »

Виртуелна конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија”


Институтот за европска политика во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата „Разбистри сѐ!”, ќе одржат виртуелна конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија“. На конференцијата ќе се дискутира за научените лекции, предусловите и предизвиците за имплементација на директивите на ЕУ во однос на …

Виртуелна конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија” Read More »

Свечено отворање на подновената спомен-соба на Крсте Мисирков


По речиси две децении од последното реновирање денеска свечено ќе биде отворена подновената спомен-соба на Крсте Мисирков во Институтот за македонски јазик во Скопје. Од Институтот посочуваат дека старите документи од претходната поставка се зачувани во електронска форма и заедно со нови фотографии и документи, сведочат за целиот живот на Мисирков, почнувајќи од детството, преку …

Свечено отворање на подновената спомен-соба на Крсте Мисирков Read More »

Промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија“ во Тетово


Во Тетово синоќа беше промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија попис од XIX век – Скопски санџак, Тетовска каза 1832/33“ од авторите Аднан Шериф, Музафер Бислими и  Миревете Ибраими од Државниот архив на Република Северна Македонија. Ова дело е прва книга и прв том, издадено на македонски и албански јазик. – Станува збор …

Промовирана книгата „Турски документи за историјата на Македонија“ во Тетово Read More »

Сребреното „порше“ на Марадона на аукција


Франција– Со почетна цена од 200.000 евра денес на аукциска продажба преку интернет ќе биде понуден автомобилот од марката „Порше 911“ кое во минатото го поседуваше аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона. Сребреното „порше“ се поврзува со последната сезона која Марадона ја играше во Европа, како член на шпанската екипа Севиља, откако отслужи 15-месечна забрана …

Сребреното „порше“ на Марадона на аукција Read More »

Сончево и ветровито, за викендот дожд и пониски температури


Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -5 до 1, а дневната од 12 до 18 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 16 степени. Во следните …

Сончево и ветровито, за викендот дожд и пониски температури Read More »

Коронавирусот можеби никогаш нема да замине, но ќе стане безопасен


Што доколку Ковид-19 никогаш не си замине? Експертите велат дека е веројатно оти некои видови на болеста ќе останат со години. Но како ќе изгледаат во иднина е помалку јасно Дали коронавирусот на крајот ќе биде елиминиран преку кампања за глобална вакцинација, како сипаниците? Дали вакцините ќе бидат ефикасни против новите, опасни мутации? Или вирусот ќе остане …

Коронавирусот можеби никогаш нема да замине, но ќе стане безопасен Read More »

Директорот на ФБИ сведочи за настаните од 6 јануари во Капитол


САД– Директорот на Федералното биро за истраги, Кристофер Реј, денеска е на распит пред сенатскиот Одбор за правосудство, темата се настаните околу упадот во Капитолот на поддржувачите на експретседателот Доналд Трамп.  Едно од главните прашања околу кое се одвива распитот е какви напори прави ФБИ во сузбивање на насилството од страна на екстремните десничари во …

Директорот на ФБИ сведочи за настаните од 6 јануари во Капитол Read More »

Првата Иранка со олимписки медал доби статус на бегалец во Германија


Германија– Првата иранска носителка на олимписки медал, „бронзената“ во таеквондо од Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година, Кимиа Ализаде, доби статус на бегалец во Германија и најави настап на летната Олимпијада во Токио под знамето со бела боја, кое го симболизира Олимпискиот тим составен од бегалци. Ализаде пребегна во Германија минатата година, а имаше понуди да настапува …

Првата Иранка со олимписки медал доби статус на бегалец во Германија Read More »

Олимпија сака да се игра со моите чевли: Серена Вилијамс во прва заедничка модна кампања со ќерка сѝ


САД– Серена Вилијамс и Стујарт Вајцман повторно се здружија во рекламна кампања, но овојпат Вилијамс го дели центарот на вниманието со мал помошник. Тениската ѕвезда позира за колекцијата на брендот за пролет 2021 година заедно со нејзината ќерка Алексис „Олимпија“ Оханиан Jуниор (3), која носи некои од новите стилови на брендот, кои иако се преголеми, …

Олимпија сака да се игра со моите чевли: Серена Вилијамс во прва заедничка модна кампања со ќерка сѝ Read More »

ОЈО побара притвор за тројца учесници во протестите за пресудата во „Монструм“


Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд поднесе предлози за определување мерка притвор за три лица, кои учествувале во протестите за пресудата во предметот „Монструм“. За лицата е поведена постапка за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот …

ОЈО побара притвор за тројца учесници во протестите за пресудата во „Монструм“ Read More »

Преку Ковакс програмата одобрена набавка на околу 1,8 милијарди вакцини


Швајцарија– Преку Ковакс програмата денеска е одобрена набавка на околу 1,8 милијарди дози вакцини во 2021 година, што е за околу 500 милиони повеќе од планираното на крајот на минатата година, соопшти ГАВИ, организацијата задолжена да ја координира програмата Ковакс. Првиот човек на ГАВИ, Сет Беркли, на денешната прес-конференција, изјави дека во Ковакс се надеваат дека …

Преку Ковакс програмата одобрена набавка на околу 1,8 милијарди вакцини Read More »

Репортери без граници поднесе тужба против саудискиот принц поради убиството на Кашоги


Германија – Организацијата Репортери без граници поднесе тужба во германското Јавно обвинителство против саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман и други високи владини претставници за убиството на новинарот Џамал Кашоги, соопши судот. Во тужбата напишана на околу 500 страници, поднесена до германскиот федерален суд во Карлсру, при што се укажува на неосновано притворање на повеќе од 30 …

Репортери без граници поднесе тужба против саудискиот принц поради убиството на Кашоги Read More »