Бајден: Вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“


САД – Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината  на „Џонсон и Џонсон“ против коронавирусот, поради случаи на појава на згрутчување на крвта. – И со привремен прекин на вакцинацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“, постои огромна понуда на вакцини …

Бајден: Вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ Read More »

Европа ја заслужува софата на Ердоган


Турчин со мустаќи, две позлатени столици со висок наслон за грб и кадифен тросед. Излезе дека ова е сè што е потребно за да се создаде трајно зближување на Европа. Карантинот за претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од страна на турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган на софата во неговата сала за прием во …

Европа ја заслужува софата на Ердоган Read More »

Во Москва температурен рекорд за 140 години, измерени 21 степен


Русија – Во Москва во вторникот е постигнат апсолутен рекорд на температурата. Измерени се 21 степен Целзиусов. Ова е највисоката вредност за 140 години метеоролошки опсервации. Невообичаено топлото време за април ги изненади жителите на Москва. Претходниот рекорд беше поставен во 2008 година, кога беа забележани 20,4 степени. Денеска се очекува уште потопло време, со температура до 22-23 степени.

Шекеринска и Османи на видео состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО 


Министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи ќе учествуваат на видео состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој се поканети министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на НАТО, соопшти Министерството за одбрана. На состанокот ќе земат учество и американскиот државен секретар Ентони Блинкен како и …

Шекеринска и Османи на видео состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО  Read More »

Јапонија забрани најголемата нуклеарна централа во земјата да продолжи со работа


Јапонија – Јапонскиот нуклеарен регулатор одлучи да ја забрани работата на најголемата нуклеарна централа во земјата, поради сериозни безбедносни проблеми, објави Кјодо. На компанијата „Токио Електрик Пауер – ТЕПКО“ (Tokyo Electric Power – TEPCO) и е забрането да снабдува и напојува гориво во реакторите во АЕЦ „Кашивазаки-Карива“ во префектурата Ниигата. ТЕПКО официјално призна дека безбедноста на …

Јапонија забрани најголемата нуклеарна централа во земјата да продолжи со работа Read More »

Австрија подготвена за домаќин на евентуална средба Бајден-Путин


Австрија – Австрија е подготвена да биде домаќин на разговори на високо ниво, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. „Ако Русија и САД одлучат да одржат претседателски самит, тоа е за пофалба. Се разбира, Австрија е секогаш достапна за какви било преговори на високо ниво”, соопшти Министерството за надворешни работи во Виена. Во исто време, …

Австрија подготвена за домаќин на евентуална средба Бајден-Путин Read More »

Законите од петтиот антикризен пакет пред пратениците


Законите од петтиот пакет антикризни мерки денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. На веб страната на Собранието на Република Северна Македонија закажани се две седници на Комисијата за финансирање и буџет, а на дневен ред се предлог-законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност …

Законите од петтиот антикризен пакет пред пратениците Read More »

Британија ќе ги повлече речиси сите свои трупи од Авганистан


Англија– Велика Британија ќе ги повлече речиси сите свои војници од Авганистан откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека ќе ги повлече американските сили до 11 септември 2021 година, објави весникот „Тајмс“. Велика Британија разработи планови за предавање на контролата врз академијата во Кабул на авганистанската влада, каде нејзините единици помагаат во обука на авганистански војници, …

Британија ќе ги повлече речиси сите свои трупи од Авганистан Read More »

Наоми Кембел ги полни батериите во Кенија: Луксуз со поглед на Индиски океан


Кенија– Дури и модните икони имаат потреба од одмор. И кога сака целосно да се исклучи од современиот свет, Наоми Кембел се повлекува во нејзината вила во мирниот приморски град Малинди, во Кенија. Со поглед на Индискиот океан, нејзиното идилично повлекување е олицетворение на живеење надвор и внатре и повеќе од 20 години служи како …

Наоми Кембел ги полни батериите во Кенија: Луксуз со поглед на Индиски океан Read More »

Претседателот на Либија во посета на Атина, Дендиас утре на средба со Чавушоглу во Анкара


Грција– Претседателот на преодниот претседателски совет на Либија Мохамед Јунус ал-Менфи денеска е во посета на Атина и ќе оствари средби со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Ова е втора средба на ал-Менфи и Мицотакис во период од една седмица, по посета на грчкиот премиер …

Претседателот на Либија во посета на Атина, Дендиас утре на средба со Чавушоглу во Анкара Read More »

Владата ги усвои измените за цените на лекување во приватните клиники, на потег Собранието


Владата синоќа ги усвои измените на Законот за здравствена заштита со кои ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од Ковид-19. Со нив и се дава законско овластување на Владата да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување со …

Владата ги усвои измените за цените на лекување во приватните клиники, на потег Собранието Read More »

Во САД на бремените жени и родилките им препорачуваат вакцинација со „Фајзер“ или „Модерна“


САД –  Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) соопшти дека е најдобро за бремени жени и родилките кои сакаат да се вакцинираат против Ковид тоа да го направт со вакцината Фајзер-Бионтех или Модерна, наместо со вакцината Џонсон и Џонсон. Објавата ги следи упатствата на Центрите за контрола и превенција на болести кои препорачуваат прекин на …

Во САД на бремените жени и родилките им препорачуваат вакцинација со „Фајзер“ или „Модерна“ Read More »

Собранието треба да ја продолжи расправата за Националната стратегија за спречување на корупцијата


Собранието денеска ќе ја продолжи 32-та седница на чиј дневен ред е расправата по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интерес 2021-2025. Расправата по предлог стратегија пратениците ја почнаа вчера. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, пред пратениците, посочи дека петгодишната Национална стратегија што ја изработи ДКСК …

Собранието треба да ја продолжи расправата за Националната стратегија за спречување на корупцијата Read More »

Со повлекување на амандманите можност да се одблокира петтиот пакет економски мерки, исчекор направен и околу државјанствата


Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива вчера најавија дека ќе ги повлечат амандманите поднесени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки. ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно вчера соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство. Елми Азири од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива …

Со повлекување на амандманите можност да се одблокира петтиот пакет економски мерки, исчекор направен и околу државјанствата Read More »

Бразил/Ковид-19: Се повеќе помлади од 40 години на интензивна нега


Бразил – Кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 во Бразил, се повеќе ги погодува младите, покажуваат податоците од болниците собрани минатиот месец, според кои повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 40 години. Извештајот е објавен од бразилската Асоцијација за интензивна нега и се базира на податоци од повеќе од една третина од одделите за …

Бразил/Ковид-19: Се повеќе помлади од 40 години на интензивна нега Read More »

Облачно и значително посвежо


Времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на север и на запад. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од 3 …

Облачно и значително посвежо Read More »

Во судир на камион и автомобил едно лице загина, а три се повредени


Возач на патнички автомобил го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, додека три лица, кои биле сопатници во возилото со тешки повреди се пренесени на скопските клиники. Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Во близина на Ростушки мост се судриле …

Во судир на камион и автомобил едно лице загина, а три се повредени Read More »

Мадона ја купи куќата на Д Викенд на Хајден Хилс за 20 милиони долари


САД-Поп-ѕвездата Д Викенд ја продаде својата палата од 13.391 квадратни метри во заедницата затворена со славни личности на Хајден Хилс, а купувачот не е никој друг туку мегаѕвездата Мадона, може да потврди АД. Пејачот на „Blinding Lights“ го купи местото во 2017 година – истата година кога е изградено – за скоро 20 милиони долари. …

Мадона ја купи куќата на Д Викенд на Хајден Хилс за 20 милиони долари Read More »

Нови 1.129 случаи на Ковид-19, починати 27 лица


Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани нови 1.129 случаи на Ковид-19 од направени 4.045 тестирања. Оздравени се 1.152 пациенти, а починати 27 лица.   Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на …

Нови 1.129 случаи на Ковид-19, починати 27 лица Read More »

Медведев поради коронавирус се повлече од турнирот во Монте Карло 


Монако – Вториот светски рекет Русинот Данил Медведев се повлече од тенискиот турнир од Мастерс серијата во Монте Карло, бидејќи е позитивен на Ковид-19.  Одлуката попладнево ја соопшти АТП.  Медведев, кој во Монте Карло е втор носител зад Новак Ѓоковиќ, сега е во изолација и неговата состојба се следи под будно око на лекарскиот тим на турнирот и АТП, се наведува во соопштението.