Мекензи: Ќе тргнеме на Исламската држава по нападот во Кабул


САД– Американскиот воен врв вети дека ќе ја нападне Исламската држава по самоубиствениот бомбашки напад од вчера на аеродромот во Кабул, откако оваа терористичка организација ја презеде одговорноста. -Нападот на влезот на аеродромот го извршија бројни вооружени припадници на Исламската држава, кои отворија оган врз цивили и воените сили, изјави од Пентагон генералот Френк Мекензи […]

Царовска уверува оти се безбедни условите учениците да се вратат во училиште, дел од родителите бараат онлајн настава


На помалку од една седмица до почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Мила Царовска уверува дека според искуствата од минатата учебна година, безбедни се условите за учениците да ја започнат учебната година во училишните клупи. Дел од родителите, сепак, се уште не се согласуваат со одлуката донесена од Владата и Министерството […]

Болниците во Тетово, Гостивар, Струга и Кичево преполни со ковид-пациенти, активни над 13 илјади случаи


Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево сè уште се преполни со пациенти со Ковид-19. И вчера таму беа забележани повеќе нови случаи во однос на другите градови. Но и повеќе починати. Од новозаразените 1.082, од Тетово се 87, од Гостивар – 72, Кичево – 57, а во Скопје – 406. Од […]

Сончево со умерена локална облачност, на планините со услови за краткотраен дожд


Времето во земјава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, сончево со […]

Керол Ен Дафи: Трогната сум што пред мојот праг го наоѓам сјајот на „Златниот венец“


Синоќа, на отворањето на јубилејните, 60. Струшки вечери на поезијата со специјално видеообраќање до гостите и организаторите се јави годинешната лауреатка, британската поетеса Керол Ен Дафи, која го најави своето физичко присуство на следното издание во 2022 година. – Во овие сурови, мрачни времиња за светот, трогната сум што пред мојот праг го наоѓам сјајот […]

Рама најави задолжителна вакцинација за студентите и универзитетските професори


Албанија– Албанскиот премиер Еди Рама најави задолжителна вакцинација на студентите, професорите и сите вработени на универзитетите, со цел да се спречи „ескалација на ситуацијата со Ковид-19“, јави дописничката на МИА од Тирана. – Да не кажете после дека не ви реков, нема сакам не сакам. Велам не постои „сакам, не сакам“ за сите оние кои […]

Кај Кипар отворен подводен музеј со над 90 скулптури


Кипар– Подводен музеј со над 90 скулптури на уметникот, еколог и фотограф Џејсон де Каир Тејлор, беше отворен на почетокот на месецов, во туристичкото место Аја Напа крај брегот на Кипар. Скулптурите ќе служат и како вештачки гребени за помош во обновувањето на подводниот живот. – Скулптурите се преобразуваат, па на нив растат корали, а […]

ЕК: Земјите од ЕУ на своја одговорност користат бустер вакцина


Белгија– Земјите од Европската унија кои ќе одлучат да користат дополнителна трета доза вакцина против Ковид-19 може да се соочат со правни проблеми, бидејќи Европската регулаторна агенција за лекови (ЕМА) се уште не препорача дополнителна доза на вакцината, соопшти денеска Европската комисија. ЕМА постојано сугерираше дека се потребни повеќе податоци пред да се одобри употребата на […]

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје


Донација од нова компјутерска опрема од 74 компјутери, 52 принтери и 50 скенери што ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи и полициските станици, која ќе овозможи поефикасно следење и контрола на малото и лесно оружје во државата, денеска промовираа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан и заменик […]

Хасани: Тетово го достигна пикот, не треба да се претерува со дополнителни мерки


Заменикот-министер за здравство Или Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни. Тој ја оценува состојбата како влошена, а неговото присуство и ангажман во Тетово е во насока […]

Тркалезна маса „Блаже Конески во наставата по македонски јазик, литература и култура на странските универзитети“


Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), благодарение на посветеноста на претходните и актуелните генерации лектори и професори, на странските универзитетски центри, творештвото на Блаже Конески се перципира, вреднува и истражува како синоним за македонската култура, е главната констатација на […]

Иницијатива за ставање на името и делото на Мајка Тереза под заштита на државата


Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје покренува иницијатива со која се бара да се стави под заштита на државата името и делото на Мајка Тереза со што сметаат ќе и се даде заслуженото место на нејзиното наследство во нашата колективна меморија.   Директорот на Институтот Скендер Асани на денешната Свечена академија […]

Увид во Избирачкиот список до вчера направиле 3910 лица


Во тек е постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година, информираат од Државната изборна комисија.   -Заклучно со вчерашниот ден вкупно 3910 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се девет барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список […]

Русија ќе испорача оружје за земјите кои граничат со Авганистан


Русија – Руските власти соопштија денеска дека добиле нови нарачки за оружје од земјите во Централна Азија, додавајќи дека ќе испорачаат оружје и хеликоптери во тие држави поради стравот од натамошен развој на настаните во Авганистан, каде што талибанците ја презедоа власта.   – Ние веќе работиме на голем број нарачки за земјите од тој регион, […]

Ширли 60 години му беше најголемата поддршка на Чарли Вотс: Повеќе ме сакаше на сцена, отколку дома


Англија– Кога легендарниот тапар на „Ролинг Стоунс“ и џезер во душа Чарли Вотс во средата почина на 80 години, тој остави трајно наследство – не само како тапанар на еден од најголемите рок бендови на сите времиња, туку како посветен сопруг со трајна љубовна приказна. Вотс, кој почина во лондонската болница опкружен со своето семејство, […]

Најнеобичните имиња на децата на познатите


САД– Познатите личности, како и оние од нашата непосредна околина, понекогаш имаат навика да им даваат необични имиња на своите деца. На пр., глумицата Скарлет Јохансон на својот штотуку роден син му го даде името Космо… „В ред, добивме бебе. Се вика Космо и ние многу го сакаме“, напиша неодамна комичарот Колин Џост,  сопругот на […]

Недостасува мерна опрема и квалификувани кадри за хидролошкиот мониторинг врз езерата и реките


Институциите кои вршат хидролошка дејност немаат доволно техничка опрема и човечки ресурси за мониторинг на езерата, реките и акумулациите во земјава, покажува извештајот од мониторингот спроведен од страна на Центарот за економски анализи и Институтот за комуникациски студии. Мониторингот направен врз четирите институции задолжени за хидролошка дејност покажува дека Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) не […]

Ќучук до Заев: Се надевам дека дијалогот со новата бугарска Влада ќе продолжи


Бугарија– Постојаниот известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија и ко-претседавач со партијата АЛДЕ, Илхан Ќучук, одржа голем бројни состаноци на високо ниво за време на неговата работна посета на Република Северна Македонија. Фокусот на разговорите меѓу двете земји беше обновување на довербата и добрососедските односи со Република Бугарија и процесот на европска интеграција […]

Белгија, Холандија, Данска и Франција ја завршуваат евакуацијата од Кабул


Белгија – Белгија, Холандија и Данска денеска ќе ја завршат евакуацијата од Кабул, додека Франција тоа ќе го направи утре вечер, објавија светските агенции. Белгискиот премиер Александер де Кро денеска изјави дека земјата ја завршила операцијата за евакуација „Црвен змеј“, откако американски извори ја известиле Владата во Брисел за непосредна опасност од самоубиствен напад на аеродромот во […]

Курц пред реизбор за лидер на ОВП


Австрија – Владејачката Народна партија на Австрија (ОВП) на 28 август ќе го одржи 39. Редовно собрание во Санкт Пелтен, на кое канцеларот Себастијан Курц треба да биде реизбран за претседател на партијата. Предвидено е Курц да одржи говор за актуелните теми како што се пандемијата со Ковид-19, миграцијата и климатската криза, а исто така ќе […]