Активни 12.262 случаи на КОВИД-19, вчера 468 нови позитивни


Изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 468 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 192.288. Оздравени се 284 пациенти, а пријавени се 11 починати лица. Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатото деноноќие направени се вкупно 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 нови случаи […]

Меркел и Штајнмаер ќе учествуваат на главниот настан на Денот на обединувањето на Германија


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер ќе бидат меѓу првите државници што ќе ја одбележат 31-годишнината од обединувањето на Германија на денешната церемонија, јави ДПА. Градот Хале во сојузната покраина Саксонија-Анхалт ќе биде домаќин на главниот настан на годинашните прослави на Денот на обединувањето. Денешната церемонија ќе ја заокружи едномесечната програма на […]

Дел од автобуските линии со изменет режим поради „Скопски маратон 2021“


Поради одржување на „Скопски маратон 2021“ денеска во периодот од 7 до 14 часот дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, соопшти ЈСП. Оттаму ги потсетуваат сите учесници на маратонот дека денеска можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица). Линии со изменет режим на сообраќање: […]

Седумнаесетти Виз Ер Скопски маратон, дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени


Традиционално по 17 пат денеска ќе се одржи спортскиот настан Виз Ер Скопски маратон. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе биде во 8 часот, а трката на 5 километри ќе започне во 8:10 часот, од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот […]

Мултимедијална промоција на збирката песни „Карши“ од Маријана Котевска-Георгиева


Збирката песни „Карши“ од авторката Маријана Котевска-Георгиева ќе биде промовирана вечерва во Капан ан во Скопје. Книгата е објавена на македонски и на англиски јазик, а е во издание на „Арс Либрис“, и дел на „Арс Ламина – публикации“. -„Карши“ е книга за бескрајот на прапочетокот и на иднината кои дишат одеднаш, во исто време […]

Сончево со слаб ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе […]

Кружна економија во модниот бизнис: 24.Моден викенд се сели во Битола и во Штип


Под слоганот „Beyond the Fields”, викендов, 24. Моден викенд, во организација на Света Богова-Јовановска,  им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK. Преку шоурум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори на тркалезна маса, NoWasteMK ќе истражува и дискутира на теми за одржливост, ќе сподели знаење […]

„Палјачи“ репризно во вторник, НОБ му ја посветува операта на Фимчо Муратовски


Националната опера и балет соопшти дека поради голем интерес, во вторник, 5 октомври, репризно ќе ја изведе операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало, која вчера беше премиерно прикажана. Режисер е Дејан Прошев, а диригент Бисера Чадловска. – Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… Националната опера и балет му ја посветува на маестро Фимчо Муратовски, честитајќи му го јубилејниот […]

Народна банка: Солвентноста на банкарскиот сектор подобрена


Банкарскиот сектор работи во услови на неизвесност, но помалку нагласена поради подобрената епидемиолошка состојба и последователното укинување на рестриктивните мерки. Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување, оценува Советот на Народната банка. На вчерашната седница, на која е усвоен извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за вториот квартал од годинава, оценето е дека кредитната активност на банките […]

Министерот за здравство на Косово поднесува оставка поради учество на локалните избори


Косово– Министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа денеска ќе поднесе оставка на функцијата, поради учество на локалните избори како кандидат за градоначалник на косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата за косовските медиуми ја потврдија извори од Владата на Албин Курти, најавувајќи ја прес-конференцијата на која Витиа ќе ја објави оставката. Витиа е кандидат за градоначалник […]

Османи: Северна Македонија од денеска на Дубаи ЕКСПО


Под мотото „Нови можности“ и под слоганот „Дом на секој чекор“ оваа година Северна Македонија со сопствен павилјон ќе биде претставена на Дубаи ЕКСПО, објави денеска  министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук“. – Пред повеќе од 190 земји и над 25 милиони посетители, ќе ги промовираме економските можности, инвестицискиот потенцијал, туристичките атракции, богатото […]

Пет хип-хоп легенди ќе настапат на полувремето на 56. „Супербол“


САД – Музичарите Доктор Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар ќе бидат во центарот на вниманието на полувремето на идниот, 56. „Супербол“. Тоа ќе биде првпат пет уметници да настапат заедно на сцената, се вели во соопштението на организаторите. – Можноста да настапам на „Суперболот“ на полувреме, и тоа „во мојот двор“, […]

Австралија по 18 месеци повторно ги отвора границите во следните неколку недели


Австралија – Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници, изјави денеска премиерот Скот Морисон, 18 месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот. Морисон кажа дека вакцинираните Австралијци „од следните недели“ ќе можат да се вратат дома и да патуваат во странство, штом ќе се постигне целта на […]

Елен Помпео меѓу најплатените ТВ-актерки: „Вовед во анатомија“ ја направи богата


САД- Како најплатен член на актерската екипа на Grey’s Anatomy, богатството на Елен Помпео е жешка тема меѓу фановите со години. Помпео дебитираше како Мередит Греј во премиерата хит-серијата во март 2005 година. Медицинската драма на АБЦ, создадена од Шонда Рајмс, следи тим од хирурзи во Меморијалната болница Греј Слоун (порано позната како Сиетл Грејс) […]

Продолжени за уште една седмица актуелните мерки за влез во Грција


Грција– Актуелните правила и мерки за патување во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19 и PLF формулар, кои меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, продолжени се за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука на грчката Влада, „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето […]

Поранешниот американски претседател Џими Картер го слави својот 97. роденден


САД – Поранешниот американски претседател Џими Картер денеска ќе го прослави својот 97 – ми роденден дома во Југоисточна Џорџија, изјави неговата портпаролка.   Деана Конџели во Картер центарот во Атланта рече дека Картер, поради неговата возраст и пандемијата со коронавирусот, не планира јавни настапи.   Вработените во Националниот историски центар Џими Картер во Плајнс, Џорџија, […]

Битиќи на форум „Стратешки економски разговори“ во Хрватска


Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе учествува на форумот „Стратешки економски разговори“, кој се одржува во Савудрија, Истра.  Форумот е во организација на Бизнис развојната мрежа за Југоисточна Европа (SEEBDN – South East Europe Business Development Network) и ТПА групација (TPA Group) од Австрија. Вицепремиерот […]

Отворен промотивен штаб на Душко Весковски во Општина Карпош


Отворен е промотивен штаб на Душко Весковски во Општина Карпош каде граѓаните ќе можат да ги постават сите прашања и да ги достават сите предлози „Минатата вечер, заедно со Мила Царовска, започнавме со поделба на промотивен материјал, како би им ја доближиле нашата визија и мисија на граѓаните од Општина Карпош. Презентиравме дел од програмата […]

Ескобар: САД се надеваат дека Скопје и Тирана ќе ги започнат преговорите со ЕУ оваа година


Бугарија– Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар на онлајн средба со бугарските медиуми изјави дека САД се надеваат оти Северна Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство со ЕУ во текот на оваа година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ескобар нагласи дека САД се убедени […]

Викенд


Некој дише чист, некој планински, некој морски, а некој моден воздух. Зависи што ви треба, што ви прави ќеф, и без што не можете да живеете. Работата ја делиме со сите, ама викендот е само наш, интимно, скапоцено време, кое го криеме од очите на јавноста. Сами, во двојка, во друштво, со семејството, со пријателите, […]