Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото 


Северна Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда за 2021 година, задржувајќи ја истата оценка од 0,54 индексни поени како и при ланската класификација. Меѓу земјите од регионот од нас подобро рангирани се Словенија на 29-то место со индекс 0,68, […]

СЗО испраќа експерти во Конго да ја спречат сексуалната експлоатација


Швајцарија – Светска здравствена организација (СЗО) вети дека ќе испрати експерти кои би требало да ја спречат сексуалната експлоатација на 10 локации. Одлуката е донесена по големиот скандал во Конго, каде персонал на СЗО е обвинет за сексуално злоставување на жени. Голем број западни донатори на хуманитарна помош побараа од СЗО да покрене детална независна истрага, […]

Фановите на Бонд може да ја изнајмат вила Флеминг во која се роди 007


САД- Во чест на 25 -та филмска адаптација на франшизата за Џејмс Бонд, Airbnb им дозволува на обожавателите на славниот лик да го изнајмат домот во која се роди славната приказна за 007. Сместена на Јамајка, Флеминг Вила е именувана по Јан Флеминг, авторот зад легендарните романи за Џејмс Бонд . Тука плодниот писател напиша […]

Косово им понуди на САД да формираат постојана воена база на негова територија


Косово– Косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај, во име на неговата Влада, им понуди на САД да формираат постојана воена база на територијата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти косовското МО, Мехај, кој престојува во официјална посета на САД, понудата му ја изнел на потсекретарот на американскиот Департман за одбрана, […]

Ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а трета доза примиле 1.039 граѓани,соопшти Министерството за здравство. Педесет и три отсто од граѓаните […]

МЗ: 75 отсто од новите случаи со Ковид-19 и 79 отсто од хоспитализираните се невакцинирани


Во период од 6 август до вчера, се потврдени 40.208 граѓани позитивни на Ковид-19, од кои 25 отсто биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 30.142 граѓани, односно 74,9 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се наведува […]

Индија се отвори за странските туристи по 19 месеци


Индија – Индија денеска се отвори за странските туристи, 19 месеци откако ги затвори границите поради пандемијата со Ковид-19.   „Туристички визи прво ќе им бидат издадени на оние кои доаѓаат во Индија со чартер летови, а од 15 ноември ќе се прошири на патниците од сите летови“, соопшти Министерството за внатрешни работи.   Протоколите за […]

Возете внимателно, доаѓа период на ниски температури, дожд, снег, голомразица и влажни коловози


 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при услови на влажни коловози, пониски температури и есенски и зимски услови на патиштата. За ваша и безбедност на сите учесници во сообраќајот, за непречено пристигнување на посакуваната дестинација, посочуваат, […]

Катедрата за општа и компаративна книжевност одбележува 40 години постоење


Со дводневна онлајн меѓународна научна конференција „Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“, Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје одбележува 40 години постоење. На конференцијата денеска и утре ќе бидат претставени 40 реферати посветени на развојот на македонската книжевна компаративна наука, на клучните актуелни предизвици на оваа книжевно-научна дисциплина, како […]

Врнежите добредојдени за земјоделството


Влажниот бран донесе количества дожд еквивалентни на двомесечни суми. По подолг сушен период, ваквиот, умерен карактер на врнежи кои целосно се апсорбираа во сувата почва, е она што им беше потребно на земјоделците, велат агрометеоролозите. Сепак, додаваат, моментно површинската влага е преголема за да почнат какви било работи на нива. -Со оглед на прогнозите, овој […]

Скопски Џез фестивал со изложба на плакати: Тие ни го зголемија угледот во светот


Вкупно 24 плакати ќе бидат претставени на изложба во рамки на Скопскиот џез фестивал. Креативните решенија за плакат според организаторите се најдобрите во историјата на фестивалот. Тие ќе бидат изложени во понеделник (18 октомври) во Галерија МКЦ, во 19 часот. Инспирација за оваа изложба бил плакатот на Славимир Стојановиќ Футро за годинешното, јубилејно, 40. издание на фестивалот. Куратор е […]

Омаж на Жан – Пол Белмондо во Кинотека


Со проекција на култниот филм „До последен здив“ на Жан-Лик Годар (1960) со Жан-Пол Белмондо и Жана Сиберг, в понеделник, на 18 октомври, во 20 часот, во Кинотека на Македонија, Францускиот културен центар му прави омаж на големиот француски актер . Бројот е ограничен на 50 посетители. Вторник наутро, Марсеј. Мишел Поакар краде возило на […]

Бил Козби се соочува со нова тужба за силување


САД – Бил Козби (84) се соочува со нова тужба за сексуална злоупотреба и силување, овојпат од глумицата Лили Бернард, која имала улога во неговото „Козби шоу“. Таа слично како и претходната жртва на Козби, тврди дека била дрогирана и силувана од нејзиниот ментор во 1990 година. – Чекав долго време за да можам да го продолжам […]

Колку е богата Адел?


САД– И покрај долгата пауза од нејзината музичка кариера, богатството на Адел се зголемува. Фановите со нетрпение го очекуваа враќањето на поп-ѕвездата откако таа остана надвор од студиото шест години по објавувањето на нејзиниот трет студиски албум, 25, во 2015 година. Албумот ги објави некои од најуспешните нумери на Адел до денес, вклучувајќи ја и […]

Не побегнав од модата, ама имам нова љубов: Разговор со Роберт Ивановски, дизајнер


Од мрачната садо-мазо колекцијата „Edgepla“ од 2011 година која беше инспирирана од Маркиз де Сад, до колекции со симболични наслови „Торео“, „Ранети“… или со колекција со апстрактни принтови на младите сликари Бојан Ковски и Елена Чемерска, дизајнерот Роберт Ивановски, препознатлив по ексцентричноста и мистиката, се врати на модната сцена со летна колекција „Х“ , во […]

Блумберг во 2022 во регионот отвора прва деловна мрежа за вести во ЈИЕ


Србија– Блумберг Медиа (Блумберг) и МТел Свис, радиодифузер во сопственост на Телеком Србија, денеска го најавија отворањето на првата регионална деловна мрежа за вести во Југоисточна Европа, со центри во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Филијалата на една од најголемите медиумски куќи во светот планира […]

Правилата за влез во Грција непроменети и продолжени за уште една седмица


Грција– Сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука, која важи и за државјаните на Северна Македонија, а продолжена е за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови […]

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци


САД – Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. Најголемата криптовалута во светот се зголеми за речиси четири проценти до 59,465 американски долари. Тоа е највисоката вредност на биткоинот од средината на април, кога беше на рекордни 64.895 долари. Американската комисија […]

Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ се ожени по петти пат на 78 години


САД- Поранешниот басист на легендарната поп-група „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс (78) објави среќни вести – повторно се оженил. Среќната избраничка е Камила Чавис која ја запознал во текот на службен пат, кога таа била задолжена да го вози од свирките до хотелот. Венчавката се случила на имотот на Вотерс во близина на Њујорк, проценет на […]

Сликата на Бенкси на аукцијата продадена за над 20 милиони евра


Англија – Делумно искинатата слика на британскиот уличен „скриен уметник“ Бенкси е продадена за 18,5 милиони фунти (нешто над 21,8 милиони евра), на наддавањето во аукциската куќа „Сотби“ во Лондон.   Уметничкото дело „Љубовта е в ѓубре“ му го донесе рекордниот хонорар на уметникот, пренесе ДПА. Сликата, инаку првично насловена „Девојчето со балон“, се најде на […]