Омаж на Жан – Пол Белмондо во Кинотека


Со проекција на култниот филм „До последен здив“ на Жан-Лик Годар (1960) со Жан-Пол Белмондо и Жана Сиберг, в понеделник, на 18 октомври, во 20 часот, во Кинотека на Македонија, Францускиот културен центар му прави омаж на големиот француски актер . Бројот е ограничен на 50 посетители.

Вторник наутро, Марсеј. Мишел Поакар краде возило на американската армија и по автопат поаѓа во правец кон Париз. Изнервиран од еден Ситроен што не сака да претекне камион, Мишел претекнува среде кривина, а полицаец на мотор веднаш почнува да го следи. Мишел, во паника, пука во полицаецот и бега. Следното утро, пристигнува во Париз и ја запознава американската студентка Патрисија, со која започнува слободна љубовна врска. Таа сака да стане новинарка, а за да ги плати студиите на Сорбона, продава Њујорк Хералд Трибјун на Елисејските полиња…

Резервации во Кинотеката ; тел.: 2 30 71 814 ; 02 30 65 968 ; 02 306 59 68 ; мејл: [email protected].