Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ се ожени по петти пат на 78 години


САД- Поранешниот басист на легендарната поп-група „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс (78) објави среќни вести – повторно се оженил. Среќната избраничка е Камила Чавис која ја запознал во текот на службен пат, кога таа била задолжена да го вози од свирките до хотелот. Венчавката се случила на имотот на Вотерс во близина на Њујорк, проценет на 68 милиони долари.

Ова е петти брак на Вотерс. „Толку сум среќен, ова вреди да се сочува“.

 

Не е познат фактот дали Роџер направил предбрачен договор, со оглед на тоа што вредноста на неговиот имот се проценува на 310 милиони долари.

Двојката за првпат се појавила на црвениот килим во 2019 година на Венецискиот филмски фестивал.

Последната сопруга на Роџер беше Лаура Дурнинг, од која се разведе во 2015 година. Пред неа тој имаше уште три брака, а има и три деца.