Калиопи за Есма Реџепова: „Она што ѝ го направивме покажува колку сме недостоинствени и без почит“


По повод 5 години од смртта на кралицата на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска, естрадниот магазин „Бекстејџ“ ѝ го посвети петочното издание токму на неа. Во изданието, меѓу другото, зборуваше и поп дивата Калиопи, која се присети на убавите спомени за Есма и раскажа една интересна анегдота која заедно ја доживеале во Грција. Во интервјуто, […]

Спасовски во посета на Полициската станица во Пробиштип


Актуелната безбедносна состојба е мирна и стабилна без никакви индикации за нарушување на безбедноста во овој регион, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Одделението за внатрешни работи (ОВР) Пробиштип.  Министерот Спасовски забележа дека има подобрувања во сите параметри на работењето и во делот на намалувањето на кривичните дела и откривачката […]

УЕФА ќе ја повтори жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони


Франција– Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, која беше извлечена денеска точно напладне во Нион, ќе биде повторена поради софтверска грешка, соопшти попладнево УЕФА. – Поради технички проблем со софтверот се случи материјална грешка при жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, наведе УЕФА. Од Европската куќа на фудбалот прецизираа дека жрепкатa ќе се повтори попладнево со […]

Бензините поскапуваат за два, а дизелот 1,5 денари


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за два, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР БС – 95 од утре ќе се процава за 73 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС […]

Стефоска: Мора да се промени лажната перцепција за културата како трошок или луксуз


Сите сме свесни за вистинската моќ на културата, уметноста и културното наследство во зачувувањето на човековата меморија и враќањето на човечкото достоинство и гордост. Освен тоа, знаеме дека културните политики низ вековите можеле да обликуваат историски наративи кои ја доловуваат националната митологија и кои го отелотворуваат идентитетот на земјата. Меѓутоа денешниот свет, кој брзо се […]

Апел за спас на книжарството во земјава


Конзорциумот на издавачките куќи, книжарниците и печатниците започнуваат акција за сочувување, заживување и осовременување на постоечките малубројни книжарници и отворање нови книжарници, а за тоа бараат и поддршка од државата.  -Со овој јавен апел до Министерството за култура и Владата сакаме да укажеме дека економската криза и условите на пандемијата мошне сериозно ги погодија издавачките […]

Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“


Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“, пренесува ТВ21.     Според првичните информации од МВР на Бугарија за ТВ21, околу 6.40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, по што едно лице загинало. Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна […]

Османи – Трас: Западен Балкан останува приоритет за Обединетото Кралство


Министeрот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Лондон се сретна со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас. Двајцата министри разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, но голем дел од разговорот беше посветен и на регионалните […]

Повредените од сообраќајка во Дебар во стабилна здравствена состојба


Седуммината повредени, од нив двајца потешко, во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во Дебар се во стабилна здравствена состојба, потврди за МИА, Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар. – Во сообраќајката беа повредени седум лица, двајца потешко, додека пет се со полесни повреди. Потешко повредени Ќ.К.(46) од Дебар и […]

Спасовски: Идниот мандатар ќе одлучи кои ќе бидат на министерски позиции


Спасовски денеска изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата. – Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе […]

Зошто вакцинацијата има смисла?


Падот на имунизацијата и потребата од дополнителна бустер вакцина повторно предизвикуваат сомнеж за ефикасноста на вакцината. Погрешно! Најважна работа при вакцинацијата е заштита од тешка болест.  Дали да се вакцинирам или не? Лекарите се сложни: Да, дефинитивно! Еве ги најважните аргументи:   Линк од целиот текст на Дојче веле тука

Дождот и снегот ги зголемија водостоите на реките, највисоко нивото во источните и јужните делови


Врнежите од дожд и снег кои паѓаат изминатите десетина дена, а особено во последните 48 часа, ги зголемија водостоите на водотеците и суводолиците во земјава. Најголеми покачувања на водостоите има во источните и јужните делови од државата, а излевања на реките се забележани во сливовите на реките Брегалница, Струмица и Крива Река. Управата за хидрометеоролошки […]

Македонија седма во светот според Индексот за политиките за дроги


Северна Македонија е рангирана на седмо место во светот според Глобалниот индекс за политиките за дроги, во класификацијата со која се опфатените 30 земји. Земјава е на делба на седмото место со Грузија со ист број на индексни поени, а пред нив се Канада (6), Австралија (5), Велика Британија (4), Португалија (3), Нов Зеланд (2) […]

Концерт „100 Метрономи“ во Филхармонија


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „100 метрономи“ кој ќе го води диригентот Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи пијанистот Андреj Коробејников од Русија. На програмата се вториот став од Симфонијата бр. 101 „Часовник“ од Хајдн, Концертот за пијано и оркестар бр. 5 и Симфонијата бр.8 од Бетовен и Симфониска поема „100 метрономи“ од Лигети. Симфонијата бр.101, Јозеф Хајдн ја напишал околу 1793/94 […]

Пленковиќ во официјална посета на БиХ


БиХ – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска допатува во официјална посета на БиХ, при што ќе престојува во Сараево и во Мостар. Целта на неговата посета е да испрати порака за интегритетот на БиХ и потребата од дијалог и намалени тензии во соседната држава. „Пораката со која одиме во БиХ е знак и сигнал за пријателство, […]

Индијката Харназ Санду е Мис универзум за 2021 (галерија)


Израел– Индијката Харназ Санду е избрана за 70. Мис универзум, победувајќи во конкуренција на 80 натпреварувачки. Досегашната Мис Андреа Меса од Мексико ја круниса боливудската актерка на свеченоста во израелскиот град Еилат. Изборот се одржа среде ноќ, па победничката беше прогласена во пет часот по локално време, со цел да се совпадне со ударниот термин […]

Омикрон се шири со ракетна брзина во Британија


Новиот сој на корона вирусот Омикрон се шири со исклучителна брзина, така што луѓето треба да добијат дополнителна доза од вакцината бидејќи двојно вакцинираните лица се ранливи, изјави денеска британскиот министер за здравство Саџид Џавид. Иако Џавид рече дека досега нема потврдени смртни случаи во Англија, тој додаде дека околу 40 отсто од заразените во […]

Судир на два брода во Балтичко Море, во тек е спасувачка операција


Шведска– Два товарни брода се судрија во Балтичкото Море меѓу данскиот остров Борнхолм и јужниот шведски град Истад, јавија денеска шведските медиуми, повикувајќи се на шведската поморска управа. Едниот брод е регистриран во Данска, а другиот е британски, објави шведската телевизија СВТ на својата веб-страница. – Еден брод се преврте. Не знаеме точно како се […]

Повредени двајца полицајци откако во нив удрило „ауди“


При обид да биде сопрено, патничко моторно возило „Ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, кај клучка Тремник во близина на Неготино удрило во двајца полициски службеници, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници, ноќеска 25 минути по полноќ, се обиделе да го сопрат возилото поради сомнение за криумчарење на мигранди. Од МВР додаваат дека откако возилото […]

Триумф на „Кво вадис, Аида?“ во Берлин- најдобар европски филм, режија и актерка


Германија- Европската награда за најдобар филм во 2021 ја доби „Кво вадис, Аида?“ на босанската режисерка Јасмила Жбаниќ, која е наградена и за најдобра режија, а Јасна Ѓуричиќ е прогласена за најдобра актерка. Филмот е за масакрот во Сребреница, а Јасмила Жбаниќ ја доби наградата за најдобра режија во конкуренција со Флоријан Целер („Татко“), Паоло […]