Спасовски: Идниот мандатар ќе одлучи кои ќе бидат на министерски позиции


Фото: Б. Грданоски

Спасовски денеска изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата.

– Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе одлучува кои ќе му бидат кандидати за челните позиции, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Пробиштип.