Индијката Харназ Санду е Мис универзум за 2021 (галерија)


Израел– Индијката Харназ Санду е избрана за 70. Мис универзум, победувајќи во конкуренција на 80 натпреварувачки. Досегашната Мис Андреа Меса од Мексико ја круниса боливудската актерка на свеченоста во израелскиот град Еилат. Изборот се одржа среде ноќ, па победничката беше прогласена во пет часот по локално време, со цел да се совпадне со ударниот термин во САД.

„Пресреќна сум, зашто поминаа 21 година откако Индија за последен пат имала Мис универзум“, изјави 21-годишната Санду.

Оваа 21-годишна активистка ја црпи својата инспирација од нејзината мајка, која се избори со патријархатот во семејството за да стане успешен гинеколог. Водена да ги поддржува другите жени на ист начин, Харназ порасна работејќи со нејзината мајка во здравствени кампови кои се занимаваат со здравјето на жените и менструалната хигиена“, според нејзиниот профил на Мис Универзум.

За првата и втората придружничка беа избрани Надија Фереира од Парагвај и Лалела Мсване од Јужна Африка. Во првите пет влегоа и Мис Колумбија и Мис Филипини.

Со првите придружнички од Јуѓна Африка и Парагвај

Организаторите решија настанот да се одржи и покрај тоа што Израел неодамна повторно ги затвори границите за странци поради појавата на сојот омикрон. Голем дел од учесничките веќе беа дојдени во земјата и француската претставничка Клеменс Ботино потоа имаше позитивен тест за коронавирус, па по денес дена во карантин можеше да се натпреварува. (АП) 

Мис Франција
Мис Индија во национален костим
Мис Индија во костим за капење
Мис Украина
Мис Турција
Мис Словачка
Мис Полска
Мис Косово
Мис Колумбија
Мис Италија
Мис Хрватска
Мис Ерменија
Мис Чешка
Мис Бугарија
Мис Боливија
Мис Австралија
Мис Шпанија
Мис Аргентина
Мис Парагвај во националниот костим
Мис Филипини во националниот костим