УЕФА ќе ја повтори жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони


Франција– Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, која беше извлечена денеска точно напладне во Нион, ќе биде повторена поради софтверска грешка, соопшти попладнево УЕФА.

– Поради технички проблем со софтверот се случи материјална грешка при жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, наведе УЕФА.

Од Европската куќа на фудбалот прецизираа дека жрепкатa ќе се повтори попладнево со почеток во 15 часот.