Повремен дожд попладне и утре, температурата до 15 степени


Повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови се очекуваат попладнево во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 14 степени. Според УХМР, утре ќе се задржи претежно облачно време со слаб локален дожд и со умерен до засилен северен ветер. Утринската […]

„Вајтснејк“ го вклучи Скопје во последната турнеја-концерт во јули на стадионот на АРМ


Whitesnake на нивната турнеја Farewell tour го вклучија и Скопје. Концертот ќе се одржи на 12 јули 2022 година на стадионот на АРМ. – Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Впрочем, тоа е одлука само на […]

Мерките на Комисијата за заразни болести не се дискриминирачки


Мрежата за спречување и заштита од дискриминација смета дека предлог-мерките на Комисијата за заразни болести се неопходни и не се дискриминирачки затоа што се насочени кон заштита на јавното здравје. – Како организации кои се посветени на заштитата на човековите права, сметаме дека построгите мерки за обезбедување поголем опфат на имунизацијата се неизбежни доколку целиме […]

Недела на попусти во Рамстор мол!


Во пресрет на најголемиот шопинг настан Black Friday, Рамстор мол на сите шопинг зависници им овозможи попусти до 80%, кои ќе траат цела недела од денес 22.11 до 28.11. На 26.11, на официјалниот ден на Black Friday ви приредуваме уште едно изненадување каде што од 14ч до 18ч, со секоја сметка од 1000 денари направена […]

Објавена книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија – белешки за светите твари и уметничките дела“


Издавачката куќа „Македоника литера“ ја објави книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија – белешки за светите твари и уметничките дела“ од Снежана Филипова. Во книгата авторката пишува за изгубеното и украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а […]

Убава Русија- Роденденски концерт на Филхармонија


Овој четврток, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе прослави 77 години од формирањето. На концертот насловен „Убава Русија“ како солистка ќе настапи брилијантната руска виолинистка Марија Солозобова, а диригент е Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар број 1 од П.И.Чajковски и Брамсовата Прва Симфонија. Овој концерт на […]

Џенифер Лопез како балерина највпечатлива на Американските музички награди


САД– Џенифер Лопез донесе гламур со стилот на балерина на Американските музички награди. Додека ја изведуваше својата нова песна „On My Way“ на настанот, поп-ѕвездата и актерка на главата имаше шапка во облик на ружа со превез со кристали , во сатенска тоалета на Долче и Габана . Тоалетата имаше корсет сличен на тие што […]

Австралија од 1 декември ќе им дозволи на целосно вакцинираните да влезат во земјата


Австралија –  Австралија од 1 декември ќе им дозволи влез во земјата на целосно вакцинираните лица, кои ги исполнуваат условите да влезат во земјата, без да аплицираат за изземање од патувањето, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон. Морисон, исто така, презеде и дополнителни чекори за повторно да ги овозможи меѓународните патувања во Австралија, а од почетокот […]

Неколкумина загинати и 20-тина повредени откако возило влета во толпа во Висконсин 


САД – Славеничката парада во градот Ваукеша, во американската сојузна држава Висконсин, синоќа за миг се претвори во сцена на ужас откако возач на теренски автомобил со голема бризина влета во толпа, при што има неколкумина загинати и повеќе од 20 повредени лица, јави Ен-Пи-Ар.  Оттаму соопштуваат дека меѓу прегазените имало и деца.  Полицијата не знае […]

Три претстави вечерва на 46. МОТ


Во рамки  на 46-то издание на Младинскиот отворен театар вечерва на програмата се три изведби кои ги претставува Локомотива – Скопје, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Станува збор за премиера на „Силата на С” на Александар Георгиев  (Северна Македонија, Бугарија и Шпанија), „Поезис на себството“ на Снјежана Премуш и Рок Вевар (Словенија) […]

Вакцинација или ПЦР тест на трошок на вработените


За новите предлог-мерки на Комисијата за заразни болести за невакцинираните вработени во јавниот сектор и здравствените работници, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, денеска ќе се разговара на Главниот кризен штаб, а потоа и на седница на Владата. Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно […]

Маричиќ во работна посета на Брисел на средби со Вархеи и Рејндерс


Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидено е да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс. Тема на разговорите, како што соопшти Министерството за правда, ќе бидат евроинтеграциите на земјата, реформите во судството и владеењето на правото. Во Брисел, […]

Во Австрија почнува четвртото заклучување поради коронавирусот


Австрија – Од денеска во Австрија почнува четвртото заклучување поради епидемијата на коронавирусот, со што земјата стана првата западноевропска земја што повторно воведе драстична и непопуларна мерка оваа есен. Повеќето места каде што се собираат луѓето, како ресторани, барови, театри и продавници, ќе бидат затворени 10 дена, а Владата соопшти дека заклучувањето може да продолжи и 20 дена. Ќе мора да се затворат и […]

Онлајн средба за процесот на имунизација против Ковид-19


Невладината организација Инфоцентар-Скопје денеска организира онлајн средба на која ќе се говори за процесот на имунизација против Ковид-19. Најавено е обраќање на националната координаторка за имунизација проф.д-р Александра Гроздановска од Фармацевскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). -Оваа средба е одлична можност, новинарите да разговораат со д-р Грозданова, за тоа до каде сме со […]

Промоција на проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат”


УСАИД во партнерство со IREX и Македонскиот институт за медиуми, денеска во Скопје ќе го претстават новиот петгодишен проект за медиумска писменост „Младите размислуваат” со што ќе биде означен и почетокот на „Деновите на медиумската писменост“. Како што информираат ид УСАИД, во фокусот на овој проект е работата со младите со цел да се поттикнат […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат во пладневните часови во западните делови, а поизразени ќе бидат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид, 13, Битола […]

Нов бренд во градот – Добредојде Дан Џон!


Вљубениците во стилските и уникатни парчиња, веројатно веќе дознаа дека има нов бренд во градот – исклучително софистициран, неверојатно естетски и полн стилски парчиња со кои дефинитивно ќе останете запаметени! Да, добро помисливте! Се работи за новиот италијански бренд Dan John, последен во низата нови брендови на Fashion Group, а толку посакуван од клиентите долго […]

Баерн ги крати платите за невакцинираните фудбалери


Германија– Бундеслигашот Баерн Минхен одлучи да им ги намали месечните примања на своите фудбалери, кои одбија да се вакцинираат против коронавирусот и поради тоа се наоѓаат во карантин, јави агенцијата ДПА. Раководството на германскиот првак се одлучи на таков чекор поттикнат од ситуацијата поврзана со својот играч Џошуа Кимих, кој во моментов е во карантин по близок контакт со лице заразено со Ковид-19. Кимих, кој […]

Нови 389 случаи со Ковид-19, 18 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.633 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи со Ковид-19, 18 лица починале, а оздравеле 317 пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи во Скопје се 179, следат Битола со 33, Штип – 25, […]

Осумдесет и тригодишен гостиварец пронајден починат во неговиот дом со повреди на главата


Во Гостивар, во неговиот дом бил пронајден починат Ќ.С.(83) со повреда на главата. Како што соопшти МВР, случајот денеска во 15.15 часот го пријавил М.С.(32) од Гостивар внук на починатиот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар и Јавен обвинител, по […]