Морална паника на Инстаграм: Никој не знае дали социјалните мрежи се штетни за тинејџерите


За време на нејзиното неодамнешно сведочење пред поткомитетот на американскиот Сенат, а потоа и во Велика Британија, Френсис Хоген, порано вработена во Фејсбук, а сега свиркач, отвори неколку важни и комплицирани прашања за тоа како општеството може подобро да влијае на оваа социјална мрежа. Но, постои едно основно прашање, на кое ниту нејзиниот слух, ниту […]

Сицилија: Еден загинат и осуммина исчезнати во неколку урнати згради, предизвикани од експлозија на гас


Италија–  Најмалку едно лице загина откако поради истекување на гас дојде до експлозија што предизвика уривање на неколку згради на Сицилија, соопштија утринава италијанските служби за итни случаи, јавува ДПА. Едно тело беше извлечено од урнатините, додека две жени се спасени, а уште осум лица се водат како исчезнати, соопшти единицата за цивилна заштита на Сицилија […]

САД ја испраќаат Карен Донфрид за посредник во спорот меѓу Украина и Русија


САД- Американскиот помошник државен секретар за европски прашања, Карен Донфрид, следната недела ќе ги посети Украина и Русија за да разговара за воените тензии на границата меѓу двете земји, соопшти вечерва американското Министерство за одбрана. Донфрид од понеделник до среда ќе престојува во Киев и Москва, а со претставниците на земјите домаќини ќе разговара за посветеноста […]

Од Џејми Фокс до Ким Кардашијан: Божикно украсени домови


САД- Славните личности оваа празнична сезона ги облекоа домовите и дворовите во божиќно руво. Џеф Безос, Ким Кардашијан, Џејми Фокс, Кортни Кардашијан и други ги украсија своите преголеми домови во Калифорнија со тони силни светла. Имотот на Фокс од 40 хектари беше спектакуларно красен. Дрвјата што ја обложуваат патеката до домот на актерот вреден 10,5 […]

Шолц во инаугуративна посета на Полска


Полска– Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе отпатува за Полска на неговата инаугуративна посета на Варшава и ќе биде примен со воени почести од полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесе ДПА. Според владиниот портпарол, разговорите ќе се фокусираат на билатералните, европските и меѓународни прашања. Шолц и неговата централно-левичарска коалициска влада во средата положија заклетва, испраќајќи ги […]

СДСМ денеска ќе го избере наследникот на Заев на лидерската позиција


Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ на кои ќе се избира нов претседател на партијата ќе се одржат денеска, а гласањето ќе се одвива по електронски пат. Сите членови кои поседуваат електронска членска картичка на СДСМ ќе може активно да се регистрираат и да гласаат на овие втори внатрепартиски избори. За претседател на партијата се кандидираа […]

ВМРО-ДПМНЕ на редовен конгрес ќе избира лидер на партијата


ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи редовен партиски Конгрес, на кој ќе се избира новиот лидер на партијата. Од партијата по Конгресот најавуваат нова доктрина и сериозни кадровски освежувања. Конгресот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и […]

Бајден прогласи вонредна состојба во Кентаки


САД– Американскиот претседател Џо Бајден синоќа прогласи вонредна состојба во Кентаки, јавија американските медиуми. Според последните информации, најмалку 70 лица го загубија животот во серијата од над 30 торнада што ја погодија оваа и уште четири други сојузни држави. Бајден вчера нареди федералните ресурси да се насочат кон најпотребните локации, а претходно разговараше со гувернерите […]

Работнички протест на Сојузот на синдикати на Македонија


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално […]

Променливо облачно со слаб локален дожд


Слаб локален дожд ќе има денеска особено претпладне, претежно на југоистокот и повремен снег во планинските региони, а понекаде на повисоките места повремениот дожд кој ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 2 до 9 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со услови […]

Петков најави дека бугарската позиција кон Македонија останува иста


Мандатарот за новата бугарска влада, Кирил Петков, денеска го претстави идниот кабинет за кој треба да се гласа в понеделник во собранието. Одговарајќи на прашањето каква ќе биде политиката на новата влада кон Македонија Петков одговори дека бугарската позиција останува каква што е, но дека треба да се надогради со комуникација на тимовите од двете […]

Шефовите на дипломатиите на Г7 сакаат да покажат обединет фронт наспроти светските агресори


Англија– Министрите за надворешни работи на Групата седум  најиндустриски најразвиени земји во светот (Г7) се собраа денеска во Ливерпул, на северот на Англија, за да го покажат своето единство против „светските агресори“, осудувајќи ги руските акции на украинската граница. -Треба силно да се здружиме за да се спротивставиме на агресорите кои се обидуваат да го […]

Забрани за движење на тешки моторни возила на повеќе патни правци


Поради врнежи од снег, на повеќе места низ државата денеска е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. ОД АМСМ информираат дека забрани за движење на тешки моторни возила има на патните правци: Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Маврово – Жировница, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и од Струга […]

Париз тврди дека е  потпишан договор за продажба на фрегати на Грција


Франција- Помалку од три месеци откако го торпедираа мега-договорот за подморници меѓу Франција и Австралија, САД се понудија да и продаваат фрегати на Грција, откако претходно беше потпишан договор меѓу Париз и Атина, јави дописникот на МИА. Договорот за продажба на три француски фрегати на Грција „штотуку е потпишан“, објави денеска француското Министерство за вооружени […]

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела


Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко […]

Шефот на кабинет на Трамп го имал планот за упад во Капитол, се тврди во таен документ


САД– Марк Медоуз, шефот на кабинет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, на конгресната комисија која го истражува упадот во Капитол Хил, на 6  јануари годинава, и ги предаде доказите за планот на Трамп повторно да ја зграби власта. Лондонски „Гардијан“ пренесува дека оваа надлежна истражна комисија смета дека постои поврзаност меѓу администрацијата на Трамп […]

Временските услови погодни за подготовка на тутунот за откуп


Повремениот дожд, врнежите снег на планините и пониските температури па и негативните утрински, во овој период од годината немаат некое поголемо значење за земјоделските култури. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се вообичаени за почетокот на декември, период кога земјоделците имаат и најмалку ангажмани. -Единствената работа која се препорачува и за овој период е примарната манипулација […]

ЕУ и САД го осудија негирањето на масакрот во Рачак


Србија– Европската унија и САД го осудија негирањето на масакрот на албанските цивили во селото Рачак, на Косово во 1999 година, посочувајќи дека ова злосторство е „добро документирано“, пишува Радио Слободна Европа. Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, одговори дека нивна желба е тој да не биде во Владата на Србија, јави дописникот на МИА од […]

Празнична магија во Ист Гејт Мол- календар на настани во декември


Ист Гејт Мол ја претставува новогодишната магија со богат календар на активности во текот на месец декември. Како центар на шопинг и забава, Ист Гејт Мол ќе овозможи секојдневни оригинални активности, наменети за сите возрасти.    

Протести и блокади на 50 локации низ Србија поради рудникот Рио Тинто


Србија– Иницијативата „Еколошко востание“ денеска ги повика граѓаните да ги блокираат патиштата низ Србија на еден час, додека иницијативата „Движи-Промени“ се откажа од организирање прослава на Плоштадот на Републиката во Белград бидејќи беа исполнети двете првични барања за протести – Законот за експропријација е повлечен, а законот за референдум и народната иницијатива е изменет, јави […]