Временските услови погодни за подготовка на тутунот за откуп


Повремениот дожд, врнежите снег на планините и пониските температури па и негативните утрински, во овој период од годината немаат некое поголемо значење за земјоделските култури.

Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се вообичаени за почетокот на декември, период кога земјоделците имаат и најмалку ангажмани.

-Единствената работа која се препорачува и за овој период е примарната манипулација на тутунот во домашни услови и негова подготовка за откуп, велат од УХМР.

Хидролошката состојба, пак, укажува на зголемувања на водостоите на повеќето реки иако некои се уште се под декемврискиот просек.