Пленковиќ го претстави дизајнот на хрватските евро-монети; на една од нив и ликот на Никола Тесла


Хрватска– На денешната седница на хрватскиот Националнен совет за еврото беа претставени избраните дизајни од националната страна на хрватските монети на еврото и цент. „Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска“, рече Пленковиќ на почетокот на седницата. „Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните […]

Столтенберг од НАТО заминува за гувернер на Норвешката централна банка


Белгија– Покрај тензичната ситуација во Европа, НАТО сега се соочува со задача да најде и наследник на генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој треба да ја напушти функцијата и да застане на чело на Норвешката централна банка, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии, пренесе ДПА. Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а неговиот […]

Викендов сончево со мала до умерена облачност, во понеделник дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утре во текот на ноќта во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Како што соопштија од УХМР, за време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен […]

Грција од понеделник го укинува задолжителниот тест за влез во земјата


Грција – Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство Танос Плеврис претпладнево рече дека за оние кои имаат […]

САД побарале од Јапонија да и препушти на Европа дел од набавениот гас


Јапонија– Јапонија ќе ги разгледа сите опции за помош на меѓународната заедница во случај на потреба поради украинската криза, што може да го прекине снабдувањето со гас, изјави денеска министерот за индустрија Коичи Хагиуда, со што имплицитно ја навести можноста за препуштање на дел од пратките со гас за Европа. Јапонската агенција Џиџи вчера јави […]

Награди БАФТА : „ Дина“ води со најмногу номинации-11


Англија-  – Британската академија за филм и телевизија ги објави номинациите за награди во 2022 година, меѓу кои триумфираат филмовите Dina со 11, The Power of the Dog со осум и Belfast со шест номинации. Филмот на Дина доби номинации главно во техничките категории, но беше номиниран и за најдобар филм. Во оваа категорија се […]

Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев


Со традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ од денеска во Охрид почнуваат свеченостите и збиднувањата за одбележување на 129-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Согласно програмата, манифестацијата почнува денеска со свеченост по повод патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“ и полагање цвеќе пред споменикот во училишниот двор. За точно на пладне […]

Во Холандија откриена „скриена“ многу позаразна варијанта на ХИВ


Холандија– Научниците од Оксфорд соопштија за откритието на многу заразната варијанта на ХИВ, која со децении се крие во Холандија и која предизвикува побрзо влошување на имунолошкиот систем. Анализата на научниците од универзитетот, објавена вчера во списанието „Наука“, покажа дека пациентите заразени со „ВБ варијантата“ имале 3,5 до 5,5 пати повисоки нивоа на вирус во […]

Македонија избира песна за Евросонг во мај во Торино


Вечерва во 21.15 часот во емисијата ,,Стисни плеј” на МРТ1 во живо ќе оди прогласувањето на нашиот претставник на Евровизија 2022. Во игра се шест кандидати, кои претходно беа избрани од страна на жири комисија од МРТ. Станува збор за младите музичари Кали, Андреа, Јон Ајди, Виктор Апостоловски, Рис Флауер и Лара. За избраните песни […]

Мелинда Гејтс своето богатството наводно ќе го насочи кон друга добротворна активност по разводот


САД– Постои можност Мелинда Френч Гејтс да го смени пристапот кон добротворната дејност по разводот, пишува „Волстрит журнал“. Според наводите, таа наводно одлучила поголемиот дел од своето богатство, проценето на 11,4 милијарди долари, да не биде во фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, или пак, можеби, ќе се насочи кон други добротворни организации. По разводот, Бил […]

Мебелот и уметничките предмети на Ибер де Живанши на аукција


Франција – Аукциската куќа „Кристи“ објави дека на наддавање во јуни ќе бидат понудени повеќе од 1.100 уметнички дела, мебел и скулптури што биле во сопственост на легендарниот моден дизајнер Ибер де Живанши. Пред аукцијата, предметите ќе одат на патувачка изложба, која ќе започне во Палм Бич, САД (од 5 до 26 март), Њујорк (15 […]

Путин и Макрон третпат неделава разговараа за Украина


Русија- Рускиот претседател Владимир Путин во разговор со францускиот колега Емануел Макрон укажа на провокативните изјави и постапки на украинските власти. Како што соопшти Кремљ, претседателите на Русија и Франција посветиле посебно внимание на ситуацијата во врска со Украина и безбедносните предлози на Москва. – Владимир Путин уште еднаш укажа на провокативните изјави и постапки […]

Австрија прва во ЕУ носи закон за задолжителна вакцинација за возрасните


Австрија– Горниот дом на австрискиот Парламент усвои закон со кој вакцините против коронавирус ќе бидат задолжителни за возрасните, што е прв таков потег во Европската унија. Околу 69 отсто од австриското население е целосно вакцинирано против коронавирус, што е една од најниските стапки во Западна Европа.   Со овој потег, новата Влада остана на одлуката […]

Ковачевски на средба со Шарл Мишел во Брисел


Белгија– Во текот на денешниот ден премиерот Димитар Ковачевски ќе се сретне со претседателите на Европскиот Совет и на Европската Комисија со кои ќе разговара за ЕУ патот на Северна Македонија и бугарската блокада, јави дописничката на МИА од Брисел. Денеска во 9.30 часот премиерот Ковачевски треба да се сретне со претседателот на Европскиот Совет, […]

Соработниците го напуштаат Џонсон поради забавите во „Даунинг стрит“


Англија – Шефот на кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон, Ден Розенфилд поднесе оставка, како и неговиот главен личен секретар Мартин Рејнолдс, соопштија од кабинетот на премиерот, неколку часа откако беше објавено заминувањето на двајца други премиерски соработници.   – Ден Розенфилд му понуди оставка на премиерот, која беше прифатена. Мартин Рејнолдс исто така го информираше […]

Нов обид за минималната плата, ако нема договор, синдикатите на штрајк


Нова средба меѓу синдикатите, работодавачите и Владата е закажана за денеска во 16 часот на која повторно ќе се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. За синдикатите е неприфатлив предлогот на работодавачите изнесен на последниот Економско-социјален совет одржан во средата, бидејќи според пресметките на синдикатот во тој случај […]

Сто и педесет години од раѓањето на Гоце Делчев


Во земјава денеска се одбележуваат 150 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Во Музејот на македонската борба денеска на пладне ќе биде отворена изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)“ што ја подготви […]

Бектеши на министерски состанок за Јужниот гасен коридор во Баку


Министерот за економија, Крешник Бектеши придружуван од Бајрам Реџепи, директор на „Национални енергетски ресурси“ АД, денеска ќе присуствува и ќе се обрати на 8. Министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор што се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку. Како што соопшти Министерството за економија, министерот Бектеши ќе се обрати на пленарната […]

Секој трет тестиран позитивен, вакцинацијата најдобра заштита од Ковид-19


Секој трет тестиран е позитивен на Ковид-19. Активни се 13.962, а повеќе од половината –  7624 се во Скопје. Надлежните велат дека нема потреба од нови рестрикции и дека најдобар начин за справување со пандемијата е вакцинацијата. Апел за имунизација и почитување не мерките вчера упатија министерот за здравство Беким Сали и верските лидери. Вакцинацијата […]

Во Грција активни околу 140.000 случаи на Ковид-19


Грција – Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Грција и понатаму е висок, околу 140.000, додека, пак, во изминатата седмица во просек биле регистрирани по околу 19.000 новозаразени дневно, според податоците што ги соопшти професорката Вана Папаевангелу од комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи […]