Македонија избира песна за Евросонг во мај во Торино

Победникот ќе се  добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%


Вечерва во 21.15 часот во емисијата ,,Стисни плеј” на МРТ1 во живо ќе оди прогласувањето на нашиот претставник на Евровизија 2022.

Во игра се шест кандидати, кои претходно беа избрани од страна на жири комисија од МРТ. Станува збор за младите музичари Кали, Андреа, Јон Ајди, Виктор Апостоловски, Рис Флауер и Лара.

За избраните песни јавноста може да гласа онлајн до 20 часот вечерва. Победникот ќе се  добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.

Евровизија ќе се одржи во мај во Торино, Италија, со две полуфинални вечери на 10 и 12, и  финалето на 14 мај. Македонија настапува во второто полуфинале, на 12 мај.

Италијанската поп-ѕвезда, добитничка на Греми, Лаура Паузини, Алесандро Кателан и либанско- британската поп ѕвезда Мика ќе бидат  водители на 66. Евросонг.