Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан


Германија– Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан поради тамошните немири, јави ДПА. Преземени се неопходни чекори за да се спречи извозот на таква стока во централноазиската република. Минатата година беа издадени 25 дозволи за испорака на оружје за Казахстан во вкупна вредност од околу 2,2 милиони евра. Тоа е релативно ниска сума, но прекинот […]

Искусни дипломати од САД и Русија ќе ги намалуваат тензиите околу Украина


САД– Дипломати од Русија и од САД почнуваат в понеделник во Женева преговори во врска со распоредувањето руски војници во близина на границата со Украин. Од двете страни ќе бидат двајца ветерани од дипломатијата во обид да се спречи криза. Заменичката државен секретар Венди Шерман ќе се соочи со рускиот заменик министер за надворешни работи […]

Зоран Спасов-Ѕоф : Успехот се должи на лесниот начин на пишување


Јас ни на сон не очекував толкави тиражи ниту, пак, толку лични пораки и мејлови. Сметам дека успехот се должи на лесниот начин на пишување, надополнет со многу скриени пораки меѓу редовите, вели во интервју за МИА авторот на книгата „Торонто експрес – Тибам штркот апдејт“, Зоран Спасов-Ѕоф, која неодамна излезе од печат во издание […]

Шеснаесетгодишниот Ванер стана најмладиот дебитант на Баерн во Бундеслигата


Германија– Германскиот фудбалер Пол Ванер стана најмладиот играч на клубот на натпревар од Бундеслигата. Тој синоќа со 16 години и 15 дена дебитира за баварскиот гигант на средбата со Борусија Менхенгладбах во натпреварот од 18. коло на шампионатот во Германија. Ванер во игра влезе во 75. минута но не успеа да му помогне на својот тим […]

Попис во пандемија, прв по 19 години, првичните податоци во март


По 19 години државата ja спроведе најсложената статистичка операција – Попис на населението, домаќинства и становите. Сериозноста и големината на операцијата само ја покажува тоа што ова е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од […]

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија


Градежништвото во 2021 година по растот од 3,9 проценти во првите три месеци, во вториот и во третиот квартал забележа пад од 2,4 односно 1,5 проценти. Секторот, кој се соочи со поскапување на градежните материјали и помал обем на работа поради мораториумите за градба во претходниот период, постојано апелира за  повеќе работа и во нискоградбата […]

Успешна година на Армијата и потполно воено интегрирање во НАТО


Втора година со Ковид-19 и сеуште присутни мерки за заштита од коронавирусот, Армијата ја одбележа со бројни успешни настани со кои го зацврстува членство во НАТО. 2021 година беше и година кога се одбележа и една година сојузнуштвото со Алијансата. По мирување од повеќе од 10 години три групи професионални војници отпочнаа и успешно го […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 8 јануари 2022 година, 8-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 357 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 18 минути. Денов трае 9 часа и 17 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег


Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската темпертура ќе се движи од 2 до 5, а дневната од 2 до 10 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен јужен […]

ФАО: Рекордно високи цени на храната во 2021 година


САД–    Светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година – највисоко ниво во изминатите 10 години, а надежите за враќање на постабилните пазарни услови оваа година се мали. Тоа денеска го соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на ФАО, што ги следи најпродаваните прехранбени производи во светот, во […]

Полициски претреси во Дојран пo наводите за фалсификувани Ковид-сертификати


Поради наводи за сторено кривично дело  фалсификување КОВИД-сертификати во казино во Дојран, полицијата од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера извршила претреси на три локации и целокупната одземена документација ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Гевгелија за нивно постапување. Министерството за внатрешни работи денеска информира дека претресите, по претходно […]

Македонската компанија „Брансис“ на најголемиот саем за иновации во Лас Вегас


Македонската компанија „Брансис“ ДООЕЛ Скопје ќе учествува на годинашниот саем за иновации во Лас Вегас (ЦЕС) што ќе се одржува од 5-7 јануари. Како што информираат од „Брансис“, CES 2022 ќе го прикаже новиот бран иновации кои ќе ги обликуваат 2022 година и идната економија, а ќе биде во хибридна форма со оглед дека нуди […]

Коронавирус: Најнови глобални случувања


Италија – Италија ја прави вакцинацијата задолжителна за сите постари од 50 години од 15 февруари, во обид да се бори со енормно зголемениот број нови инфекции со коронавирусот. Бразил одобри вакцини за деца на возраст од пет до 11 години бидејќи најнаселената земја во Јужна Америка се соочува со брзо зголемување на инфекциите поради празничните собири. […]

Во Италија сите над 50 години мора да се вакцинираат


Италија– Италија воведе задолжително вакцинирање против ковид-19 за сите лица над 50 години, додека се обидува да ги растовари болниците и да го намали бројот на смртни случаи среде ново големо ширење на коронавирусот. Мерката е една од најстрогите во Европа и стапува на сила веднаш.   Таа беше поддржана едногласно од министрите, и покрај […]

Тешка сообраќајка во Горно Лисиче – две лица тешко повредени


Синоќа во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.1523 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(30) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и малолетен сопатник […]

2022


Точно на полноќ влезе во нашите животи, без да не праша, и без пардон почна да ја троши новата  година. Со петарди и огномет, со музика или во тишина, додека славевме, спиевме или сонувавме. Пијани или трезни, здрави или болни, дотерани или во пижами, за некого дочекот беше специјален настан, а за некого-баш ни е […]

ЈСП воведува дневен билет, ќе чини 120 денари за цел ден возење


ЈСП „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз. Билетот ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден, објави СДК.мк. „Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат […]

Надал до Ѓоковиќ: Вакцинирај се!


Австралија– Долгогодишниот тениски ривал на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, го нападна светскиот број 1 по неговото драматично приведување на аеродромот во Мелбурн, велејќи му на српскиот тениски ас „да се вакцинира“ или да ги прифати „последиците“ од неговите постапки. Речиси 24 часа откако првпат пристигна во Австралија, Ѓоковиќ останува во неизвесност дали ќе му биде […]

Обилен снег во Токио, откажани над 100 летови


Јапонија– Снег го прекри Токио денеска по што беа откажани над 100 авионски летови, а метеоролошката агенција го издаде првото предупредување за обилен снег во градот во изминатите четири години. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека до 10 сантиметри снег може да паднат во период од 12 часа. JMA издаде предупредување за обилен снег за областа […]

„Црвен тепих на хуманоста”- бадникарите добија подароци во Прилеп


Во организација на невладината „Бадникови поворки“, денеска во Прилеп се одржа хуманитарната акција „Црвен тепих на хуманоста”. Децата од хорот при храмот „Св. Кирил и Методиј“,симболично ја носеа пештерката од параклисот на Свети Никола во центарот на градот, па до до камената бина, на плоштадот Александрија каде хорот пееше божикни песни. Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески традиционално ги даруваше бадникарите со божикни подароци. Отец Веле Спиркоски од храмот „Свети Кирил и […]