Албанските емигранти во ЕУ лани во матичната земја испратиле рекордни милијарда евра


Албанија– Личните трансфери што жителите на земјите од Европската унија ги испратиле во Албанија во 2020 година забележале рекорд од 1,03 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Евростат. Иако беше пандемија, со значителни ограничувања за патување, во 2020 година, беше забележано највисокото ниво на овие трансфери во Албанија, од 2013 година, од кога Еуростат ги …

Албанските емигранти во ЕУ лани во матичната земја испратиле рекордни милијарда евра Read More »

Шовин се изјасни за виновен за ускратување на граѓанските права на Џорџ Флојд


САД– Поранешниот полицаец во Минеаполис Дерек Шовин денеска пред федералниот суд во Минесота призна дека ги прекршил граѓанските права на Афроамериканецот Џорџ Флојд при апсењето што заврши со неговата смрт, менувајќи ја неговата изјава од септември кога рече дека не се чувствува виновен по таа точка од обвинението. На 45-годишниот Шовин му се заканува максимална …

Шовин се изјасни за виновен за ускратување на граѓанските права на Џорџ Флојд Read More »

Зголемената понуда и омикронот ја намалија цената на нафтата под 73 долари за барел 


Цените на нафтата денеска паднаа под 73 долари за барел на меѓународните пазари, по зачестените индикации дека следната година понудата ќе ја надмине побарувачката и предупредувањата на СЗО дека вакцините можно е да се помалку ефикасни против новиот омикрон сој на коронавирусот. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше за 88 центи пониска од …

Зголемената понуда и омикронот ја намалија цената на нафтата под 73 долари за барел  Read More »

Германија протерува двајца руски дипломати откако Москва беше поврзана со нарачано убиство во Берлин


Германија – Германската Влада денеска за персона нон грата прогласи двајца руски дипломати, откако судот во Берлин утврди дека Русија нарачала убиство на грузиски државјанин во Берлин во 2019 година, изјави министерката за надворешни работи Аналена Баербок, пренесе ДПА. -Потегот денеска му беше соопштен на рускиот амбасадор Сергеј Нечаев за време на состанокот во Министерството за …

Германија протерува двајца руски дипломати откако Москва беше поврзана со нарачано убиство во Берлин Read More »

„Северен Пол“ на Апчевска продолжува да освојува награди


По освојувањето на „Големата награда” на фестивалот во Билбао, квалификувањето за Оскар, номинацијата за Европските филмски награди, освојувањето на наградата „Златна колица” за најдобар краток филм на „Загреб филм фестивал”, филмот „Северен Пол” на Марија Апчевска-Петровска во продукција на „Кино Oко” ја доби наградата „Санта Луција” за најдобар интернационален краток филм на фестивалот во Богота. …

„Северен Пол“ на Апчевска продолжува да освојува награди Read More »

Имунизацијата на деца со педијатриските вакцини против Ковид-19 исклучиво во присуство на родител или старател


Вакцинација на малолетните лица ќе се одвива со задолжително присуство на родител или старател. Вакцини за КОВИД -19 ќе има во доволна количина, и нема да има приоретизирање според возраста, хронични заболувања или критична структура, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. – Секако дека е според тоа што го има како Комитетот …

Имунизацијата на деца со педијатриските вакцини против Ковид-19 исклучиво во присуство на родител или старател Read More »

Гимнастичарката Бејлс спортска личност на годината во избор на „Тајм“


САД– Спортска личност на годината во избор на американското списание „Тајм“ е гимнастичарката Симон Бејлс, повеќекратна олимписка и светска шампионска, која на Летните олимписки игри во Токио поради психолошки проблеми го откажа настапот во четири финални дисциплини. – Со своите постапки до го стави здравјето на прво место, таа го отвори патот во спорот и …

Гимнастичарката Бејлс спортска личност на годината во избор на „Тајм“ Read More »

Гурам Гвасалија е назначен за уметнички директор на „Ветементс“ од Цирих


Швајцарија- Vetements заборави да спомене една работа кога ја претстави својата колекција есен 2022 година на крајот од минатиот месец: може да му се припише на Гурам Гвасалија, кој е именуван за креативен директор на модната куќа со седиште во Цирих. Коосновачот на брендот, Гвасалија е главен извршен директор уште од неговото основање, имајќи воспоставено …

Гурам Гвасалија е назначен за уметнички директор на „Ветементс“ од Цирих Read More »

Во Гевгелиско регистрирани уште двајца починати од Ковид-19


Во подрачјето со надлежност на Општата болница во Гевгелија, во извештајот на ИЈЗ вчера беа регистрирани уште двајца починати ковид пациенти од Гевгелија и Дојран со кои најцрната бројка се зголеми на вкупно 109 починати пациенти. Од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија велат дека моментно се водат вкупно 115 активни случаи на подрачјето на …

Во Гевгелиско регистрирани уште двајца починати од Ковид-19 Read More »

ЕМА: Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се прими како засилувачка два месеца по првата


Швајцарија– Европската агенција за лекови денеска соопшти дека вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ може да се користи како засилувачка доза два месеца по примената на првата доза. „Комитетот на ЕМА (CHMP) заклучи дека засилената доза на вакцината против Ковид-19 на ‘Џонсон и Џонсон’ може да се земе најмалку два месеца по првата доза …

ЕМА: Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се прими како засилувачка два месеца по првата Read More »

Следува студено време со повремени локални врнежи од снег


Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје. Минималната температура во петок ќе се движи од минус 5 до 3 степени, а максималната од 3 до 11 степени. Во сабота, слично време со минимална температура од минус 5 до 2 степени и максимална од 0 до 7 степени.  За недела УХМР прогнозира утрински температури …

Следува студено време со повремени локални врнежи од снег Read More »

Австрија за бесплатните тестови за  Ковид-19 годинава потроши 1,6 милијарди евра


Австрија– Бесплатните тестови за Ковид-19 ќе ја чинат Австрија оваа година 1,6 милијарди евра, објави Министерството за финансии. За следната година, како што се наведува во одговорот на Министерството на собраниската анкета, за тестовите се планирани 1,3 милијарди евра.  За споредба, трошоците за вакцинација годинава изнесуваат околу 470 милиони евра, а следната година, се проценува, …

Австрија за бесплатните тестови за  Ковид-19 годинава потроши 1,6 милијарди евра Read More »

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“


Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ денеска го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ кој ќе трае  до 15 јануари 2022. Право на учество имаат романите кои првпат се објавени на македонски јазик во 2021 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се …

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ Read More »

Тајга доаѓа во Македонија на Фјужн фестивал


Повеќекратниот Греми номиниран и наградуван музичар TYGA (World Best Male Artist, World Best Live Act, World Best Song……) и поранешното момче на најмладата милијардерка Кајли Џенер, на 22 јуни 2022г. на стадионот АРМ, во склоп на својата светска турнеја, доаѓа во Македонија како Headliner на FUSION FESTIVAL, соопшти организаторот „Спектаклум“. Micheal Ray Nguyen – Stevenson …

Тајга доаѓа во Македонија на Фјужн фестивал Read More »

Од Мориконе до Симон Трпчевски- промоција на книга со музички интервјуа „Уште Музика, уште муабети“


Во клубот „Глуво Куче“ денеска ќе биде промовирана третата книга на новинарот Ненад Георгиевски „Уште Музика, уште муабети“ во издание на издавачката куќа Полица. Промотор на настанот ќе биде Милан Дамјаноски. Книгата се состои од 70 интервјуа кои се реализирани во период од 20 години. Таа се состои од разговори со реномирани музичари, фотографи, режисери, …

Од Мориконе до Симон Трпчевски- промоција на книга со музички интервјуа „Уште Музика, уште муабети“ Read More »

Во САД од Ковид-19 починаа над 800.000 луѓе


САД– Повеќе од 800.000 Американци досега починаа од последици од Ковид-19, што е најголем национален број на смртни случаи во глобалната пандемија. Во САД бројот на потврдени случаи достигна 50 милиони, Најголем број смртни случаи се регистрирани помеѓу невакцинираните и повозрасните лица. Повеќе Американци починаа во 2021 отколку во 2020 година. Во САД повторно е …

Во САД од Ковид-19 починаа над 800.000 луѓе Read More »

Папата Франциск и Ибрахимовиќ разменија книги


Ватикан– „Папата го виде Бог“, гласи еден од илјадниците коментари на фотографијата која напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, ја објави на личниот Инстаграм профил со која ја илустрираше својата посета на Ватикан и приемот кај поглаварот на Римокатоличката црква Франциск. Шведскиот фудбалер со босанско потекло на папата Франциск му подари потпишан дрес на Милан како и авторска книга …

Папата Франциск и Ибрахимовиќ разменија книги Read More »

Претседателот Пендаровски пристигна во официјална посета на Косово


Косово – Шефот на државата Стево Пендаровски утрово пристигна во Приштина во официјална посета на Косово, каде беше пречекан со највисоки државни и воени почести од неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Приштина, по официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на …

Претседателот Пендаровски пристигна во официјална посета на Косово Read More »

Од денеска нови мерки на Кипар


Кипар– Задолжителен рапид тест за сите што пристигнуваат на Кипар, со исклучок на оние кои примиле трета доза; присуство на свадби, крштенки и други прослави само за вакцинирани; задолжително тестирање за да продолжи да им важи сертификатот на вакцинираните пред седум месеци; промени во протоколите за контакти со позитивен случај, се дел од мерките што …

Од денеска нови мерки на Кипар Read More »

Вкупно се аплицирани 1.736.243 дози вакцини, а ревакцинирани се 48 отсто од полнолетните граѓани во државата


Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини, соопштија од Министерството за здравство. Од МЗ информираа дека опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48 проценти, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се …

Вкупно се аплицирани 1.736.243 дози вакцини, а ревакцинирани се 48 отсто од полнолетните граѓани во државата Read More »