Гимнастичарката Бејлс спортска личност на годината во избор на „Тајм“


САД– Спортска личност на годината во избор на американското списание „Тајм“ е гимнастичарката Симон Бејлс, повеќекратна олимписка и светска шампионска, која на Летните олимписки игри во Токио поради психолошки проблеми го откажа настапот во четири финални дисциплини.

– Со своите постапки до го стави здравјето на прво место, таа го отвори патот во спорот и помогна да се разбие стигмата за психичкото здравје, наведе „Тајм“.

Американската гимнастичарка по завршувањето на Игрите во Токио се појави како сведок во Сенатот за скандалот со поранешниот доктор на националниот тим во гимнастика Лери Насар, кој долги низ години сексуално злоставувал млади гимнастичарки.

Бејлс во своето сведочење пред Сенатот тогаш истакна дека гимнастичарите биле оставени од целокупниот општествен систем во САД, од спортските федерации до федералната полиција ФБИ, кои не реагирале навремено и ги затвориле очите пред злосторствата.