Студен бран, во среда и четврток температури до минус 11 степени


До сабота во државава ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време, како што велат од УХМР, ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено во среда и четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 11 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има …

Студен бран, во среда и четврток температури до минус 11 степени Read More »

Брајан Меј од „Квин“ позитивен на коронавирус


Англија- Брајан Меј (74) , главниот гитарист на „Квин“ е позитивен на тестот за Ковид-19. Меј ја сподели веста преку својата страница на Инстаграм, пишувајќи: „Да. Конечно дојде шокантниот ден за мене. Страшната двојна црвена линија. И да – дефинитивно НЕ сочувство ве молам – тоа беа навистина ужасни неколку дена, но јас сум во …

Брајан Меј од „Квин“ позитивен на коронавирус Read More »

Адел и Ширан со најмногу номинации за Британските музички награди


Англија- Брит наградите, еден од најголемите музички настани во Британија, ги открија своите номинирани за 2022 година, како АББА, Адел, Ед Ширан, Манескин и Оливија Родриго. Адел и Ед Ширан добија по четири номинации и двајцата добија номинации за албум на годината, изведувач на годината, најдобар поп/R&B чин и песна на годината. Исто така, со …

Адел и Ширан со најмногу номинации за Британските музички награди Read More »

Божиќна балетска бајка „Оревокршачка“ во НОБ


По повод новогодишните празници, Националната опера и балет и оваа година на големата сцена ќе ја изведе омилената божиќна балетска бајка „Оревокршачка“, а поради големиот интерес, најавени се три изведби на 24, 25 и 28 декември со почеток во 20.00 часот. За првпат балетот „Оревокршачка“ бил поставен на сцената на Националната опера и балет (тогашна …

Божиќна балетска бајка „Оревокршачка“ во НОБ Read More »

МВР: Со ноќен радар 248 санкции за брзо возење на територија на цела држава


Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, вчера во  периодот од 18:00 до 22:00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата, при што санкционирани се 248 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената. -Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на …

МВР: Со ноќен радар 248 санкции за брзо возење на територија на цела држава Read More »

Римското списание Нуови аргоменти во чест на Ацо Шопов


По повод 98 години од раѓањето на Ацо Шопов, еден од основоположниците на македонската современа поезија, престижното италијанско списание за литература „Нуови аргоменти“ објави избор од девет песни од Шопов, во рубриката „Поетска работилница”. Изборот, во препев на италијанската поетеса Миа Леконт и македонската италијанистка Анастасија Ѓурчинова, ги содржи песните „Грозомор”, „Има долу една крв”, …

Римското списание Нуови аргоменти во чест на Ацо Шопов Read More »

Роза Вентрела онлајн ќе го промовира македонското издание на романот „Градината на олеандрите“


Онлајн промоција на интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела ќе се одржи вечерва на фејсбук страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, каде свое обраќање ќе има авторката, но и проф. д-р Радица Никодиновска, која го преведе романот од италијански јазик. Исто така, на онлајн промоцијата ќе се вклучат и претставникот од Амбасадата …

Роза Вентрела онлајн ќе го промовира македонското издание на романот „Градината на олеандрите“ Read More »

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година


САД – Технолошкиот гигант Фејсбук, неодамна преименуван во Мета е „најлошата компанија“ во светот за 2021. Ова е утврдено по гласањето на повеќе од 1.500 корисници на отворена анкета на Јаху Фајненс (Yahoo Finance). Корпорацијата на Марк Закерберг доби над 50 отсто од гласовите за најлоша компанија во годината, а на второ место е кинескиот гигант …

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година Read More »

Зборник „Уште едно навраќање кон Конески“ од професорите Вера Стојчевска и Свето Стаменов


На стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, во издание на Општина Струмица од печат излезе зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“, што го приредија проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ и универзитетскиот професор Свето Стаменов. – Овој зборник, со кој Општина Струмица ја одбележува стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески и со кој се заокружуваат активностите во …

Зборник „Уште едно навраќање кон Конески“ од професорите Вера Стојчевска и Свето Стаменов Read More »

Од Ковид почина Карлос Марин, пејачот на Ил Диво


Англија- Пејачот на Ил Диво, Карлос Марин, почина на 53-годишна возраст во неделата во Манчестер. Причината за смртта е компликации од Ковид, по неодамнешната хоспитализација. Шпанскиот Ел Паис во четвртокот објави дека Марин бил ставен во медицински индуцирана кома. Повикувајќи се на извор од издавачката куќа „Универзал“ на „Ил Диво“, весникот објави дека пејачот не …

Од Ковид почина Карлос Марин, пејачот на Ил Диво Read More »

Османи се надева на решение во јануари, Петков истиот месец бара средба со новиот премиер


Конституирањето на новата бугарска Влада и попрагматичниот пристап, кој го најави новиот премиер Кирил Петков, со фокус на сегашноста и иднината влеваат надеж кај високите официјални претставници на земјава, но и кај дипломатите дека Северна Македонија и Бугарија наскоро би можеле да постигнат решение за спорот. И високите македонски претставници и дипломатите исто така се …

Османи се надева на решение во јануари, Петков истиот месец бара средба со новиот премиер Read More »

Во Германија неколку деца се вакцинирани против Ковид-19 со неодобрена вакцина за нивна возраст


Германија– Неколку деца во Германија случајно биле вакцинирани против Ковид-19, со вакцина што не е се уште одобрена за нивната возрасна група, јави германската новинска агенција ДПА. Во Центарот за вакцинација во округот Олпе во покраината Северна Рајна-Вестфалија, на неколку деца им била инјектирана вакцината на Модерна. Досега, само вакцината на Фајзер/Бионтех е одобрена за …

Во Германија неколку деца се вакцинирани против Ковид-19 со неодобрена вакцина за нивна возраст Read More »

Лиз Трас ќе биде главен преговарач со ЕУ за Брегзит


Англија – Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ќе го замени Дејвид Фрост како главен преговарач со ЕУ во преговорите по Брегзит. Трас ќе остане и на позицијата министер за надворешни работи, јави Би-Би-Си. Фрост претходно ја најави својата неотповиклива оставка како министер за Брегзит, наведувајќи ја загриженоста за насоките на владата на премиерот Борис …

Лиз Трас ќе биде главен преговарач со ЕУ за Брегзит Read More »

Свечен собир во МАНУ по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески


Во рамки на одбележувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ по повод 100-годишнината од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска во 11 часот ќе се одржи свечен собир. Свечениот собир е составен од два дела. Во првиот дел, како што најави МАНУ, ќе се обратат …

Свечен собир во МАНУ по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески Read More »

Сијарто во работна посета на Скопје


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со …

Сијарто во работна посета на Скопје Read More »

Законот за недела неработен ден пред пратениците


Собранието на Северна Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден. Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба …

Законот за недела неработен ден пред пратениците Read More »

Почнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк


Министерството за образование и наука информира дека од денеска до 31 декември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. – Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и/или да го остварат ова право во …

Почнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк Read More »

Во Филхармониија завршна манифестација по повод  „2021 – Година во чест на Блаже Конески“


Завршна манифестација со која ќе биде заокружено чествувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ ќе се одржи вечер во Филхармонија. Оркестарот на Филхармонијата ќе изведе концерт инспириран од творештвото на Блаже Конески, во чии рамки ќе бидат интерпретирани делата „Молитва“ од Тодор Скаловски и „Записи“ од Томислав Зографски. Оркестрацијата е на Ангел …

Во Филхармониија завршна манифестација по повод  „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ Read More »

Промоција на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ во МСУ


Заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа, „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, која се фокусира на борбата против говор на омраза, официјално ќе биде промовирана денеска во Музејот на современа уметност во Скопје. На промоцијата на кампањата за кревање на свеста за оваа појава најавени се обраќања на Каталин Тамус, раководител на програми, …

Промоција на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ во МСУ Read More »

Концерт на пијанистите Татја Чиковани и Дино Имери во Салон 19,19


Вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на врвните пијанисти Татја Чиковани (Норвешка) и Дино Имери во рециталниот простор Салон 19,19 (Културно Информативен Центар – Скопје). Чиковани и нашиот реномиран пијанист Дино Имери за прв пат ќе ги спојат силите формирајќи пијано-дуо, а заедно ќе изведат богата програма од опусот на Бах, …

Концерт на пијанистите Татја Чиковани и Дино Имери во Салон 19,19 Read More »