Радев побарал од Шолц ЕУ да биде гарант за правата на Бугарите во Македонија


  Бугарскиот претседател не му ги споменал на Олаф Шиолц таксативно трите барања што претходно го наведе премиерот Кирил Петков на прес-конференцијата со германскиот канцелар. Како што соопштува прес-службата на Румен Радев, претседателот на средбата му рекол на германскиот канцелар „односите меѓу Бугарија и Северна Македонија не се само историски спор, важно е да се […]

Генчовска и Николов оставките ќе ги поднесат во понеделник 


Двајцата министри на партијата „Има таков народ“ (надворешни работи и енергетика), која пред неколку дена беше дел од бугарската владејачка коалиција, во понеделник ќе поднесат оставки од функциите, откако лидерот на партијата, Слави Трифонов, најави дека ги повлекува своите министри од владата. Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во Варна изјави дека во понеделник […]

Средба во „четири очи“ меѓу Радев и Шолц во Софија


Бугарија – Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор во „четири очи“ со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој се наоѓа во посета на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, по нивната заедничка фотографија, во зградата на претседателската администрација почнаа пленарните разговори меѓу двете делегации. На почетокот од разговорите, како што забележуваат бугарските медиуми, […]

Австрија нема да ја прифати Украина во ЕУ без Западен Балкан


Австрија – Австрија никогаш нема да и одобри на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на сметка на земјите од Западен Балкан, изјави претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка. -Австрија никогаш нема да го поддржи тоа, нагласи Соботка во интервју за агенцијата АПА. Тој посочи дека за Австрија е важно сите земји од Западен […]

Фон дер Лајен: Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат


Украина – Шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен денеска во Киев вети дека следната недела ќе пристигне одговорот од Брисел на амбициите на Украина да се кандидира за членство во Европската унија (ЕУ). -Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат, рече Урсула фон дер Лајен на кратката прес-конференција по разговорите со […]

Северна Кореја доби прва шефица на дипломатијата


  Северна Кореја– Северна Кореја за првпат назначи жена за министер за надворешни работи, објавија денеска севернокорејските државни медиуми. Чое Сон Хуи, поранешна заменичка министерка за надворешни работи, е назначена за шефица на дипломатијата на состанокот на владејачката партија, со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, јави агенцијата CCNA. Таа ќе го замени Ри […]

Пронајдени пет тела по падот на хеликоптер во Тоскана, две лица се уште се водат за исчезнати


Италија– Пет лица загинаа во хеликоптерската несреќа во Италија, а двајца патници се уште се водат за исчезнати, два дена откако леталото исчезна од радарот, јави денеска Еугенио Џани, гувернер на регионот Тоскана. Џани на Фејсбук напиша дека хеликоптерот се урнал во планинска област на границата меѓу Тоскана и регионот Емилија Ромања и дека денеска […]

Патот Росоман – Прилеп пуштен за сообраќај


Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај место викано „Трите ленти“ е отворен за сообраќај, соопшти АМСМ. Претходно, поради голем одрон на патот, сообраќајот беше во прекин. Изведувачот на новиот пат работеше со механизација на расчистување на патот. 

Распишани избори за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери врз основа на Изборниот законик, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 20 август 2022 година. -Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на […]

Велика Британија ќе пали ковид опрема во вредност од четири милијарди фунти


Англија – Британската влада планира да го запали огромното количество неупотреблива лична заштитна опрема купена за време на пандемијата на коронавирусот. Вредноста се проценува на 4,7 милијарди евра, соопшти вчера  надзорната организација за јавна потрошувачка. Идејата за палење на маски за лице, хируршки наметки и друга лична заштитна опрема не го импресионираше надзорниот одбор. Комисијата истражува […]

Поплави во североисточна БиХ, стотици објекти под вода


БиХ– Стотици згради се поплавени од вчера попладне откако неколку реки се излеаја во североисточна Босна, а на жителите нови проблеми им предизвикуваат врнежите што се очекуваат денеска. Најлоша е состојбата во општина Челиќ каде се поплавени околу 200 семејни куќи и други објекти. Обилните врнежи доведоа до излевање на реката Шибошница и други водотеци кои го претворија центарот на градот во езеро. […]

Американската компанија „Аксиом“ со рубљи го плати летот на својот астронаут до МВС


Русија– Американската компанија „Аксиом“ и платила на руската вселенска агенција Роскосмос во рубли за летот на нивниот астронаут Марк Ванде Хеј до Меѓународната вселенска станица (МВС), изјави генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, за ТВ каналот „Русија 24“. Според Рогозин, Роскосмос го добил средствата, но не директно од НАСА, туку од компанијата „Аксиом“, која се […]

Пекинг станува ново „експлозивно“ жариште на Ковид-19


Кина– Најновото жариште на Ковид-19 кое изби во Пекинг, е поврзано со кафулињата во главниот град на Кина и е „експлозивно“ по природа, има силен потенцијал и е сложено, изјави денеска портпаролката на градската управа. Главниот град на Кина регистрира 46 нови случаи на ковид денеска до 15 часот по локално време, изјави здравствениот претставник Лиу Ксијаофенг. Од вкупно 1.946 локални случаи […]

Повеќе од 800 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани во супермаркети во Чешка


Чешка– Локалната полиција заплени 840 килограми кокаин пронајдени во гајби со банани во супермаркети во два града во Чешка. Вредноста на дрогата се проценува на 81 милион евра, соопшти вчера чешката полиција. Вработените во супермаркетот во градовите Јичин и Рихнов над Књежној ја известиле полицијата откако пронашле сомнителна содржина во кутиите. Полицијата соопшти дека пребарала и други места каде биле испорачани […]

Германскиот канцелар Шолц пристигна во Бугарија


Бугарија– Сојузниот канцелар на Германија Шолц пристигна во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Посетата на Софија ќе ја започне со средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, на која ќе присуствува и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, по што ќе биде примен од претседателот Румен Радев. Според бугарските медиуми, Шолц доаѓа во Бугарија директно од […]

Тајгер Вудс во клубот на милијардери заедно со Мајкл Џордан и Леброн Џејмс


САД- Тајгер Вудс еден од најдобрите голфери во историјата на спортот. Сега тој се приклучува на друга елитна група: спортисти со 10 нули. Нетото богатство на Вудс се проценува на повеќе од 1 милијарда долари, според Форбс, ставајќи го во елитното друштво на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, кои станаа милијардери минатата недела. Сепак, помалку […]

Брат убил брат во с. Гиновце, па го закопал во дворот на семејната куќа


Брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа во селото Гиновце, општина Ранковце.   Според информациите од портпаролот на СВР Куманово Ивана Младеновска, сторителот бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако во Министерството за внатрешни работи била примена дојава.   -Во текот на вчерашниот ден, во 15:15 […]

Од Диор до Том Форд- кои се најдобрите парфеми за 2022?


САД- За прв пат по три години, the Fragrance Foundation ги одржа своите годишни награди  во Њујорк во театарот Дејвид Х. Кох .  Гала-настанот, со  800 присутни, привлече директори од секој главен играч во категоријата на растечки мириси, како и добавувачи, малопродажни партнери и основачи. Домаќините на наградите ги вклучија Наоми Вотс, Томи Хилфигер, Џејсон […]

Фон дер Лајен пристигна во Киев на средби со Зеленски и Шмигал


Украина– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во уште една посета посветена на амбициите на Украина за пристапување во Европската унија и реконструкција. – Се вратив во Киев за да се сретнам со претседателот (Володимир) Зеленски и премиерот (Денис) Шмигал, им рече Фон дер Лајен на новинарите известувајќи за […]

Австралија ќе плати 555 милиони евра за откажувањето на набавката на француски подморници


Австралија– Австралија ќе плати 555 милиони евра компензација на француската државна Навал група за да стави крај на аферата со подморниците, изјави денеска премиерот Ентони Албанезе. Француската групација ја прифати „фер и правичната спогодба“ од 555 милиони евра (584 милиони долари), изјави новиот шеф на австралиската Влада. Парите ќе бидат исплатени за прекршување на гигантскиот договор од […]