Лани евидентирани 739 дивоградби


Фото: Б. Грданоски
Во текот на 2021 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 739 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
 
Според видот на објектот, бесправно се изградени 210 објекти за домување (28.4 %), 102 доградби, надградби и адаптации (13.8 %), 73 деловни објекти (9.9 %), 29 гаражи (3.9 %), 128 огради (17.3 %), 6 скалила (0.8 %), 6 тераси (0.8 %), 6 летни тераси (0.8 %), 71 натстрешник (9.6 %), 23 времени објекти (3.1 %) и 85 помошни објекти (11.5 %).
 
Најголем број бесправно изградени објекти (95.7 %) се во приватна сопственост.