(Галерија) Погледнете како беше на концертот на Каролина  во Скопје

Дел од атмосферата на концертот на Каролина Гочева-Корубин“ во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Повеќеилјадната публика во Скопје, имаше можност синоќа да ужива во концертот на една од најголемите наши поп-ѕвезди, Каролина Гочева- Корубин. 

Фото: Б. Грданоски

Во исчекување на новиот албум со 11 песни, преработки на најубавите македонски евергрини, во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, фановите, под ѕвездено небо, на Стадионот на Армијата ги слушна нејзините најголеми хитови низ 30-годишната кариера- од поп до етно.

Организаторот „Авалон“ се погрижи концертот да биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликува на ѕвезда како Каролина.

Фото: Б. Грданоски

Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции,  публиката на стадионот, но и таа на кејот на Вардар, уживаа во хитовите „Хипокрит“, „За нас“, „Капка под небото“, „Не се враќаш“, „Се лажам себе“ …
 
Фото: Б. Грданоски
Нашиот фотограф Борис Грданоски ги забележа најинтересните моменти. Погледнете ја галеријата:
 

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б.Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски