Ѓоковиќ не се ракуваше со судијата од Австралија по победата над Кецмановиќ


Англија- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ја објасни ситуацијата по мечот со сонародникот Миомир Кецмановиќ во третото коло на Вимблдон (6:0, 6:3, 6:4).

Ѓоковиќ по завршувањето на мечот отиде на мрежа и се поздрави со Кецмановиќ, но не го стори тоа и со главниот судија од Австралија.

– Навистина не се ракував? Ах, па затоа ме погледна така. Помислив во тој момент дали му подадов рака или не… Се извинувам, ништо лично. Повеќе од една година не ни беше дозволено да се ракуваме. Мислам дека тоа е последица на ова, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечот.

Трикратниот бранител на титулата Ѓоковиќ го демолираше српскиот сонародник Миомир Кецмановиќ со 6:0, 6:3, 6:4 во третото коло и со тоа се израмни со Пит Сампрас како седумкратен шампион, еден зад машкиот рекорд на Роџер Федерер.

Победата во петокот беше 330-та во грен слем кариерата на Ѓоковиќ.

„Досега е добро“, рече 35-годишниот прв носител.

„Очекувам високи стандарди од себе. Секогаш сакате да го подигнете нивото и работите добро се обликуваат“.

Ѓоковиќ сега победи на 22 последователни меча на трева и по 14-ти пат е во осминафиналето на Вимблдон.

Тој нема загубено натпревар на трева откако изгуби од Марин Чилиќ во финалето на Квинс пред четири години.

„Почнав многу добро, многу силно со многу интензитет и фокус“, додаде Ѓоковиќ.

Во осминафиналето на Грен слемот во Лондон, Ѓоковиќ денес ќе се соочи со холандскиот тенисер Тим ван Ријтховен. 

25-годишниот Ван Ријтховен ја докажа својата моќ на трева со освојувањето на титулата во Хертогенбош минатиот месец, победувајќи го светскиот рекет број еден Даниил Медведев во финалето.

„Пред да започне турнирот, за мене беше сон да играм со Ѓоковиќ“, изјави Ван Ријтховен, само седмиот човек од 2000 година што стигнал до осминафиналето на своето деби на Грен слем.

„Значи, да можеш да ја имаш таа шанса и можеби дури и да играш на Централниот терен или на теренот 1 е убаво и магично.

Откако му беа потребни четири сета за да го помине Квон Сон-ву во првото коло, Ѓоковиќ оттогаш загуби само 14 гема.

Доколку го победи Ван Ријтховен, во четврт-финалето може да се сретне со Алкараз.