Нил Дајмонд  го продаде музичкиот каталог на Universal Music Group


САД– Universal Music Publishing Group го купи целиот каталог на песни на Нил Дајмонд, како и правата на сите снимки од неговата кариера, објави компанијата во понеделникот. Договорот опфаќа песни, мастерс и видеа и вклучува 110 необјавени песни и необјавен албум. Ќе ја покрие и секоја идна музика што може да ја сними Diamond. Условите …

Нил Дајмонд  го продаде музичкиот каталог на Universal Music Group Read More »

Петар Маниќ награден на Филмскиот фестивал во Севиља за улогата во филмот „Стела“


Младиот актер Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар млад актер на филмскиот фестивал „Sevilla Indie Film Festival“ – SEVIFF во Шпанија. Наградата се доделува за неговиот уникатен актерски пристап за улогата на Никола, во првиот македонски филм за деца „Стела”, во режија на Стојан Вујичиќ, продуциран од „Дрим Фектори“. Стојан Вујичиќ е еден од водечките …

Петар Маниќ награден на Филмскиот фестивал во Севиља за улогата во филмот „Стела“ Read More »

Одлуката за избор на Талат Џафери од 27 април утре на седница на Уставен суд


Уставниот суд утре на седница, меѓу другото ќе расправа по иницијативите поденесени на Одлуката за избор на Претседател на Собранието на Република Македонија, бр.08-1108/1 од 2 мај 2017 година („Службен весник на Република Македонија” бр.53/2017), донесена од Собранието на Република Македонија. Подносители на иницијативите, како што информираат од Уставниот суд, се Тодор Петров од Скопје, …

Одлуката за избор на Талат Џафери од 27 април утре на седница на Уставен суд Read More »

Комеморативна седница за академик Луан Старова во МАНУ


По повод смртта на акад. Луан Старова, Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе одржат заедничка Комеморативна седница во Свечената сала на МАНУ, на 2 март (среда) 2022 година, во 10 часот. Писателот кој го прегрна Балканот со …

Комеморативна седница за академик Луан Старова во МАНУ Read More »

Дали сте пробале галактичка храна? Сега можете да уживате во мени од Star Wars: Galactic Starcruiser


САД– Секако, ќе треба да го спакувате вашиот апетит за вашето патување со Star Wars: Galactic Starcruiser, но можеби ќе сакате да се уверите дека тоа е авантуристички апетит. Како и секое луксузно искуство, нема да има недостаток на храна на Халкион – името на бродот. Сепак, понудите за јадење во Star Wars: Galactic Starcruiser …

Дали сте пробале галактичка храна? Сега можете да уживате во мени од Star Wars: Galactic Starcruiser Read More »

Финскиот Парламент денеска расправа за евентуален влез во НАТО


Финска – Финските пратеници денеска ќе дискутираат за тоа како да се справат со петицијата со која се бара гласање за членство во НАТО, бидејќи таа покажа историска промена на ставот во традиционално неутралната земја по руската инвазија на Украина. Премиерката Сана Марин синоќа изјави дека планираната дебата во Парламентот ќе ја опфати ситуацијата во Украина и оти …

Финскиот Парламент денеска расправа за евентуален влез во НАТО Read More »

На Путин му e одземен црниот појас во теквондо


На рускиот претседател Владимир Путин му беше одземен почесниот црн појас во теквондо поради нападот на неговата земја врз Украина, соопшти Светската тaеквондо федерација. Теквондо федерацијата со седиште во Сеул, повикувајќи се на своето мото „Мирот е поскапоцен од триумфот“, ја осуди воената акција на Русија во Украина, велејќи дека „бруталните напади врз невини животи“ …

На Путин му e одземен црниот појас во теквондо Read More »

Иницијатива на Емир Кустурица да му биде одземена награда поради поддршката кон Русија


Чешка– Основачот на чешкиот филмски фестивал „Фебиофест“, Феро Фенич побара, поради поддршката за Русија, на босанскиот режисер Емир Кустурица да му биде одземена наградата што ја доби во 2017 година за неговиот придонес во светската кинематографија. Кустурица неодамна ја прифати понудата на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, да ја преземе функцијата генерален директор на …

Иницијатива на Емир Кустурица да му биде одземена награда поради поддршката кон Русија Read More »

Временските услови неповолни за пчеларството


Временските услови оваа недела ќе бидат поволни за кроење на лозјата и за резидба на овошките, но не и за пчелратсвото, велат агрометеоролозите. Според нив, променливото облачно време со сончеви периоди е добредојдено за изведување работи на поле. -Минатата седмица имавме променливо време, при што дојде до разладување на атмосферата, со пониски дневни температури, кои …

Временските услови неповолни за пчеларството Read More »

„Скриени желби, немирни патувања“ – македонски кандидат за наградата за литература на ЕУ


Романот на Владимир Јанковски „Скриени желби, немирни патувања“ е македонски кандидат за наградата за литература на Европската унија. Наградата се доделува од 2009 година, и е иницијатива со која се истакнуваат најдобрите нови прозаисти од Европа. Од почетокот на доделувањето на наградата, секоја земја што учествуваше во проектот прогласуваше по еден национален добитник на наградата, …

„Скриени желби, немирни патувања“ – македонски кандидат за наградата за литература на ЕУ Read More »

Тајната на германските документи за распадот на Југославија


Од почетокот на годинава се достапни документите на германското МНР за признавањето на независноста на Словенија и Хрватска во 1991 година. Ја потврдуваат ли тезата за вината на Германија за распадот на Југославија? Линк до целиот текст на Дојче веле тука  

Мандл: Прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ пред Украина


Aвстрија – Членот на Австриската народна партија во Европскиот Парламент, Лукас Мандл, оцени дека се разбирливи размислувањата за членство на Украина во Европската унија. Но, според него, пред да дојде до тоа, треба да бидат примени сите земји од Западен Балкан. – Разбирливо е тоа што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во моменталната …

Мандл: Прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ пред Украина Read More »

Макрон ја зголеми предноста во анкетите на помалку од два месеци пред претседателските избори во Франција


Франција– Поддршката за францускиот претседател Емануел Макрон е на највисоко ниво на помалку од два месеци пред првиот круг од претседателските избори благодарение на неговата улога во украинската криза, покажа анкетата објавена синоќа. Поддршката на Макрон порасна за два отсто според анкетата на ИФОП, спроведена по барање на Париз Меч. Тој сега ужива 28 проценти …

Макрон ја зголеми предноста во анкетите на помалку од два месеци пред претседателските избори во Франција Read More »

Олеснети условите за влез во Италија


Амбасадата на Италија во земјава информира дека почнувајќи од денеска, 1 март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, повеќе ќе нема ограничувања за влез во таа земја. – Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид-сертификат, добиен по извршена вакцинација со една …

Олеснети условите за влез во Италија Read More »

Хелен Мирен почестена од актерите со награда за животно дело – жените едноставно стануваат подобри со возраста


САД– Во неделата, холивудската ѕвезда Хелен Мирен ( по татко Русинка, а по мајка Англичанка и со вистинско име Јелена Лидија Васиљевна Миронова) беше наградена за нејзината актерска кариера од Здружението на филмски актери . На церемонијата на наградите САГ за 2022 година, кои најчесто се барометар за оскаровците таа годината, наградата ѝ беше врачена …

Хелен Мирен почестена од актерите со награда за животно дело – жените едноставно стануваат подобри со возраста Read More »

Изложба „Бегство од кругот“ на Петра Јовановска во Софија


Во Чешки центар во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Бегство од кругот“ на ликовната уметница Петра Јовановска која живее и твори во Северна Македонија. Настанот е плод на соработка меѓу Чешки центар, Амбасадата на Чешката република во Софија и Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија, Амбасадата на РСМ во Софија. Изложбата е специјално …

Изложба „Бегство од кругот“ на Петра Јовановска во Софија Read More »

Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар


 Од 08.00 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. …

Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар Read More »

На Попова Шапка -12 степени и 52 сантиметри снег


На Попова Шапка утрово се измерени -12 степени, во Маврово и Крушево -7, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, -3 Прилеп, -2 во Скопје, Куманово, Охрид, Битола, Виница, -1 Тетово, а еден степен на нулата во Гевгелија. На Попова Шапка има и најмногу снег 52 сантиметри, а 37 во Маврови Анови и во Крушево, информира …

На Попова Шапка -12 степени и 52 сантиметри снег Read More »

Се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19


Минатата недела регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5% во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движел од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 21 до 27 февруари тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува …

Се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19 Read More »

Од Синди Крафорд до Хелен Кристенсен – супермоделите од 90-тите се обединија за Вирџил Абло во Париз


Франција– Наоми Кембел, Синди Крафорд, Амбер Валета и Хелена Кристенсен сè уште знаат како да работат на модна писта! Иконите супермодели од 90-тите се обединија на пистата за Off-White за време на Модната недела во Париз во понеделникот за да го почитуваат наследството на починатиот моден дизајнер Вирџил Абло, кој почина од рак во ноември …

Од Синди Крафорд до Хелен Кристенсен – супермоделите од 90-тите се обединија за Вирџил Абло во Париз Read More »