Роналдо ја сподели првата семејна фотографија со новородената ќерка


Англија- Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез се чувствуваат благодарни за поддршката што ја добиваат по смртта на нивниот новороден син.

Во четвртокот, двојката сподели на Инстаграм дека се вратиле дома со својата новородена ќерка, само неколку дена откако објави дека починал братот близнак на новородената ќерка.

„Дом, сладок дом. Џио и нашето девојче конечно се заедно со нас“, напишаа нтие покрај семејната фотографија на која е нивната ќерка. „Сакаме да им се заблагодариме на сите за сите убави зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство.

„Сега е време да бидеме благодарни за животот што штотуку го дочекавме на овој свет. 🙏🏻❤️🙏🏻“, ја завршуваат горчливата објава.

Во понеделникот, фудбалската ѕвезда (37) ја сподели потресната вест за смртта на нивниот син со објава на социјалните мрежи.

„Со наша длабока тага мораме да објавиме дека нашето машко бебе почина. Тоа е најголемата болка што секој родител може да ја почувствува“, напиша Роналдо. „Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа“.

Роналдо, кој исто така е татко на 4-годишните близнаци Ева Марија и Матео, 4-годишната ќерка Алана Мартина и 11-годишниот син Кристијано Џуниор, објави на Инстаграм на 28 октомври дека очекува близнаци.

Претходно во четвртокот, Роналдо им се заблагодари на навивачите на стадионот „Енфилд“ во Мерсисајд, Англија, за нивната почит кон неговото семејство за време на натпреварот во вторникот вечерта. Манчестер Јунајтед во вторникот потврди дека нивната ѕвезда ќе го пропушти натпреварот на тимот против Ливерпул таа вечер.

„Нашите мисли и молитви се со тебе, Џорџина и целото семејство во ова време“, повтори Јувентус, за кого напаѓачот играше од 2018 до 2021 година. (Пипл)