Отворена изложба на фотографии за битолските партизански одреди од авторот Петар Ставрев


Битолскиот фоторепортер и новинар во пензија Петар Ставрев промовира нова авторска фотоизложба посветена на 80. годишнината од формирањето на битолските партизански одреди.

Фотоизложбата која Ставрев ја наслови „Со факелот за слобода до победа 1942 – 2022“ е поставена во фоајето на НУ Центар за култура во Битола.

За изложбата која содржи црно бели и колор фотографии од партизанските одреди и други периоди од историјата на градот говореа градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, директорката на НУ Центар за култура-Битола Маја Андоновска Илијевски и Стефан Бошков претседател на Сојузот на борци во овој град.