Велигденска миса во базиликата во Ерусалим


Израел – Христијани од целиот свет дојдоа на велигденската миса во ерусалимската базилика на Светиот гроб, која се смета за најсвето место во христијанството. Ерусалимскиот архиепископ Пјербатиста Пицабала утрово ја предводеше велигденската миса. Во својата проповед, Пицабала ги потсети верниците на „сите ситуации на смрт што не опкружуваат“. „Да размислиме за ужасните услови во кои се …

Велигденска миса во базиликата во Ерусалим Read More »

Нови варијанти на Омикрон- што се знае за нив?


Светската здравствена организација ги стави под засилено набљудување двата поттипа на сојот Омикрон на коронавирусот – БА.4 и БА.5. Преглед на фактите кои се досега познати за нив   Линк до целиот текст на Дојче Веле тука

Јотова: Во бугарскиот устав нема малцинства и тоа се почитува во Стразбур


Во бугарскиот устав нема малцинства и тој почива на целосно друг принцип, на индивидуалното право, а не на колективното. Ние немаме малцинства во нашата земја, тоа така стои во законот, изјави потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, зборувајќи за барањата за признавање на македонските здруженија во Бугарија, при денешната посета на Охрид. Во однос на тоа …

Јотова: Во бугарскиот устав нема малцинства и тоа се почитува во Стразбур Read More »

Романот „Свети Ереси” од Лиза Макинерни објавен на македонски


Во издание на „Бата прес“, деновиве излезе од печат психолошкиот роман, трилер „Свети ереси“ од ирската авторка Лиза Макинерни. Делото од англиски на македонски го преведе Ацо Пероски, а објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од …

Романот „Свети Ереси” од Лиза Макинерни објавен на македонски Read More »

Марин Ле Пен обвинета за измама при користењето европски фондови


Франција– Кандидатката за претседател на Франција Марин Ле Пен и нејзините блиски се обвинети од Европската канцеларија за борба против измами дека проневериле околу 600.000 евра европски пари за време на нивниот мандат како европратеници, јави дописникот на МИА од Париз. Обвинетието е според новиот извештај објавен во саботата од Медијапар, кој веќе е предаден на …

Марин Ле Пен обвинета за измама при користењето европски фондови Read More »

Стотици илјади млади јагули запленети на аеродром во Холандија


Холандија – Царинските власти запленија стотици илјади млади јагули на аеродромот Шипхол во близина на Амстердам, соопшти Холандската служба за заштита на храна и потрошувачи. Двајца мажи и една жена од Малезија, кои патувале од Португалија до Малезија, носеле стотици илјади млади јагули во осум еднакви големи црвени куфери кои го привлекле вниманието на чуварите на …

Стотици илјади млади јагули запленети на аеродром во Холандија Read More »

Неколку повредени во судирите на Ридот на храмот во Ерусалим


Израел– Неколку Палестинци се повредени во судирите што избија денеска меѓу безбедносните сили и Палестинците на Ридот на храмот во Ерусалим, соопшти израелската полиција. Стотици млади Палестинци на Ридот на храмот изградија бариери од железни шипки и камења за да спречат пристап до светилиштето. Ридот на храмот е третото најсвето место во исламот. Сепак, тоа …

Неколку повредени во судирите на Ридот на храмот во Ерусалим Read More »

Фајфер, Дејвис и Андерсон: Новите први дами на Америка


САД- Заборавете на West Wing. Драмата на „Шоутајм“ за Белата куќа ќе се упати кон исток за да ги проследи животите на три незаборавни жени во „Првата дама“, која ќе се емитува од денес денес. EW ги доби ексклузивните фотографии од сцените со Вајола Дејвис, Мишел Фајфер и Џилијан Андерсон како првите дами Мишел Обама, …

Фајфер, Дејвис и Андерсон: Новите први дами на Америка Read More »

Речиси илјада украински деца вклучени во хрватските училишта и градинки


Хрватска – Речиси илјада украински деца, кои поради војната беа принудени да ја напуштат својата земја, се вклучени во хрватските основни и средни училишта и во градинките. Од вкупно 983 украински кои пристигнаа во Хрватска, најмногу се основци – 838, во средните училишта се запишани 64, а во градинките има 80 деца. Повеќето основци се запишале …

Речиси илјада украински деца вклучени во хрватските училишта и градинки Read More »

Четврто финале на Мастерс турнирите за Циципас и прво АТП финале за Давидович-Фокина


Монако – Петтиот светски рекет Стефанос Циципас и 46-от светски рекет  Алехандро Давидович-Фокина ќе играат во финалето на Мастерсот во Монте Карло. Мечот е закажан за попладне со почеток во 14:30 часот. Циципас кој во полуфиналето вчера го победи третиот светски рекет Александар Зверев, ќе ја брани титулата во Монте Карло освоена минатата година. За Гркот …

Четврто финале на Мастерс турнирите за Циципас и прво АТП финале за Давидович-Фокина Read More »

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар


Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. – Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник ‒ Велигден. Од сѐ срце Ви посакувам празникот на Христовото Воскреснување …

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар Read More »

Ковачевски за „То вима“: Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата


Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина, проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, вели премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски за грчкиот весник „То вима“, истакнувајќи дека особено …

Ковачевски за „То вима“: Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата Read More »

Во Центар Жупа отворени сите гласачки места, се гласа без проблеми   


  Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник. -Од 7 часот отворени се сите 16  гласачки места и изброниот тек се одвива нормално. Се надеваме дека така ќе мине целиот изборен ден. Во единствениот избирачки список запишани се 7.077 лица со право на глас, што е за 240 гласачи помалку споредено …

Во Центар Жупа отворени сите гласачки места, се гласа без проблеми    Read More »

Роналдо ќе добие милион евра бонус по хет-трикот против Норич


Англија – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо ќе добие бонус од околу милион евра по неговиот хет-трик на натпреварот против Норич (3:1) во 33. коло од Премиер лигата, објави „The Sun“. Според британскиот весник, Португалецот ја активирал бонусната клаузула во договорот откако постигнал 21 гол во сезоната. Договорот на играчот вклучува бонус од 905.000 евра …

Роналдо ќе добие милион евра бонус по хет-трикот против Норич Read More »

Ковачевски по повод католички Велигден: Да ја славиме и победата над сите предизвици за да излеземе после сите искушенија посилни и подобри


Премиерот Димитар Ковачевски во писмото со честитки по повод празникот Велигден, на д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Северна Македонија и на сите верници на католичката црква во нашата земја, во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник – Велигден. – Со пораката …

Ковачевски по повод католички Велигден: Да ја славиме и победата над сите предизвици за да излеземе после сите искушенија посилни и подобри Read More »

Учениците во исчекување дали штрајкот во образованието ќе продолжи


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, денеска треба да се произнесе дали ќе го продолжи штрајкот во образованието или истиот ќе биде прекинат. Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Николова, вчера упати апел до челниците на СОНК да се вратат на дијалогот и наставата да продолжи, со став дека ќе се најде …

Учениците во исчекување дали штрајкот во образованието ќе продолжи Read More »

Католиците го слават Велигден


Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија. На литургијата присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, поранешниот …

Католиците го слават Велигден Read More »

Постудено, облачно, ветровито, на планините и снег


Денес ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови. Кон крајот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во повремен снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен …

Постудено, облачно, ветровито, на планините и снег Read More »

Во Кина регистрирани 26.155 нови случаи на Ковид, 1.364 повеќе од претходниот ден


Кина– Во Кина во текот на вчерашниот ден се пријавени 26.155 нови случаи на коронавирус, од кои 3.529 симптоматски, а 22.626 асимптоматски, соопшти денеска Националната здравствена комисија. Ден претходно имаше 24.791 нови случаи – 3.896 симптоматски и 20.895 асимптоматски инфекции, кои Кина ги брои одделно. Повеќето случаи се во Шангај, кој моментално е центар на …

Во Кина регистрирани 26.155 нови случаи на Ковид, 1.364 повеќе од претходниот ден Read More »

Лазаров и Миркуловски ќе го одиграат последниот натпревар во репрезентативниот дрес


Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров и еден од најдобрите централни бекови Филип Миркуловски, вечер ќе ги имаат своите последни репрезентативни настапи. Двајцата ќе бидат дел од македонската селекција која ќе го игра реваншот со Чешка во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство 2023. На првиот меч одигран пред четири дена …

Лазаров и Миркуловски ќе го одиграат последниот натпревар во репрезентативниот дрес Read More »