Лозано со нова песна на неговиот роденден: Слушнете ја „Ме нервираш“ (видео)


Денеска е роденден на нашиот поп-пејачот Влатко Лозаноски – Лозано, а по тој повод наместо роденедско парче торта, Влатко публиката ја чести со нова песна.

Станува збор за летна песна со „заразен“ текст и мелодија, a нејзиниот наслов е краток и јасен: „Ме нервираш“.

 Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска – тимот со кој Лозано соработува од почетокот на својата кариера.

Како и за сите други песни, така и за оваа Лозано и неговиот тим на соработници снимија видеоспот во прекрасниот хотел „Мирор“ во Скопје.

Како режисер на ова видео се потпишува Дарио Јанковиќ, а главната улога во спотот ја има манекенката Ана Марија Јанковиќ.

„Со нетрпение ги чекав овој ден за да ја објавиме мојата најнова песна. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека мене ова ми е една од подрагите песни и мислам дека ја споделуваме со публиката во вистинско време“ – вели Лозано.

Лозано за кратко време на публиката и промовира две песни. Пред два месеци тој ја објави песната „После полноќ“, па денеска дојде редот на „Ме нервираш“, а тој со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна.

Летово Влатко и неговиот бенд настапуваат низ повеќе градови во нашата земја, а следните концерти се закажани во Скопје, Тетово и Битола…