Вечер на дијамантски тијари и Нобеловци во Стокхолм


Шведска– По двегодишна пауза поради пандемијата  со Ковид-19, шведското кралско семејство се врати на годишната традиција во текот на викендот: банкетот за Нобеловата награда во Стокхолм. Секоја година, кралското семејство носи блескави дијадеми и балски фустани за да ги прослават Нобеловците. „По неколку години пауза, конечно успеавме да ги прославиме Нобеловците! Принцезата Софија (38) и принцот […]

ЕУ – Западен Балкан 2022: Крај на ерата на „додворување“ на Западот


Во Тирана на 6 декември се одржа Самитот на Европската Унија (ЕУ) и земјите од Западен Балкан, на кој се разговараше за заедничко решавање на последиците од руската инвазија на Украина, за интензивирање на политичкиот дијалог и политиката на проширување, и зајакнувањето на безбедноста и градењето отпор кон странското мешање, решавањето на предизвиците што ги […]

Честитка за Денот на Републиката на Малта од почесниот конзул Кочо Анѓушев


Почесниот конзул на Малта во Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, испрати честитка по повод Денот на Републиката на Малта, со кој се одбележува промената на државното уредување на Малта од монархија како дел од Британската круна, во Република. Во соопштението се подочува дека почесниот конзул Анѓушев упатил честитки до народот на Малта за храбрите државнички […]

Кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина на дневен ред на состанокот на министрите на ЕУ


Белгија– Барањето на Босна и Херцеговина да стане земја кандидат за членство во ЕУ ќе се најде на дневен ред на состанокот на министрите за европски прашања на Унијата, што денеска ќе се одржи во Брисел. Доколку амбасадорите претходно дадат „зелено светло“, таа одлука денеска би ја потврдиле министрите, а потоа и лидерите на ЕУ […]

Џејмс Камерон ја пропушта премиерата на „Аватар 2“ во Лос Анџелес поради ковид


САД-  Џејмс Камерон нема да присуствува на премиерата на неговото високоочекувано продолжение „Avatar: The Way of Water“ во Лос Анџелес откако се зарази со Ковид-19, дознава Variety. Камерон е асимптоматичен и се чувствува добро, велат упатените. Тој ќе продолжи да се занимава со публицитет за филмот, иако виртуелно. Играчите на индустријата и среќните обожаватели кои […]

Постигнат е компромис со Унгарија за деблокирање на помошта на ЕУ за Украина


Белгија – Синоќа беше постигнат компромис за распределбата на средствата на Унгарија од ЕУ, со што се овозможи укинување на резервите на Будимпешта за доделување 18 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина во 2023 година, соопшти чешкото претседателство со Советот на Европската унија. „Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ начелно гласаа за помош од 18 милијарди […]

СП2022: Аргентинска инвазија за полуфиналето против Хрватска


ОАЕ –Репрезентациите на Аргентина и на Хрватска вечер од 20 часот во Лусаил ќе го почнат првото полуфинале на Светското фудбалско првенство во Катар. Аргентина важи за фаворит на овој дуел. „Гаучосите“ во осминафиналето ја совладаа селекцијата на Австралија (2:1), а во четвртфиналето ја победија Холандија (2:2, 4:3) по изведување на пенали. Хрватската репрезентација ги доби […]

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години


САД – САД ќе и доделат 55 милијарди долари за Африка во следните три години, соопшти Белата куќа додека американскиот претседател Џо Бајден се подготвува за американско-африканскиот самит оваа недела во Вашингтон. На него тој ќе разговара со африканските лидери за изборите во 2023 година и за состојбата на демократијата. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече […]

Чествување на Ацо Шопов по повод 40 години од неговата смрт


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска напладне ќе се одржи чествување на Ацо Шопов, по повод 40 години од неговата смрт. За великанот на современата македонска поезија, како што е најавено, ќе зборуваат д-р Веле Смилевски и д-р Марина Мијаковска. Настанот ќе го води и воведен збор ќе има Братислав Ташковски, а стихови […]

ЕУ бара да се изберат судии во Уставниот суд на Црна Гора


Црна Гора– Европската унија синоќа ги повика сите политички актери во Црна Гора итно да преземат активности за да се обезбеди функционирање на Уставниот суд и да се укинат измените на Законот за претседател. Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, истакна дека од витално значење е сите во Црна Гора да покажат максимална воздржаност и да се воздржат од понатамошни провокативни […]

Магла на Плетвар, слаб снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка. Појава на магла има на Плетвар со видливост од 20 до 30 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез […]

Променливо облачно и студено со сончеви периоди попладне


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 13 декември 2022 година, 347-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 18 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 53 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа 10 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

Пронајдено тело во водите на Вардар, најверојатно станува збор за лицето што вчера скокна во реката


Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека во водите на Вардар е пронајдено тело, кое најверојатно е на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија”. – Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во координација со МВР и со Брзата помош, попладнево е пронајдено лице, […]

Три деца загинаа во замрзнато езеро во централна Англија


Англија – Три деца загинаа откако пропаднале во замрзнато езеро во централна Англија, каде времето е многу студено, со мраз и обилни врнежи снег.   Момчињата на возраст од осум, десет и 11 години синоќа биле извадени од езерото во Солихал, во близина на Бирмингем, но за нив немало помош, соопшти денеска полицијата, додавајќи дека четвртото […]

Костадиновска-Стојчевска: Културата е моќен потенцијал за силен идентитет во рамките на обедината Европа


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во хотелот „Хилтон“ учествуваше на панел-дискусијата „Кластер 3: Конкурентност и инклузивен раст“ во рамките на настанот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности“, во организација на Секретаријатот за европски прашања. Во своето обраќање пред присутните панелисти, министерката Костадиновска-Стојчевска истакна дека евроинтеграциските процеси во моментов се еден од најважните приоритети […]

Златен глобус 2023: Комплетна листа на номинации


САД– Номинациите за наградата Златен глобус 2023 се објавени денеска, а со тоа почнува сезоната на холивудските филмски награди. Годинава, во трка се звучни имиња од актери до режисери и продукции. Трагикомедијата на Мартин Мекдона „Тажачките на Инишерин“ заработи осум номинации, меѓу кои и за актерите Колин Фарел, Брендан Глисон, Кери Кондон и Бери Киохан, […]

Анчелоти во комбинација за селекторското место во Бразил


Бразил – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти би можел да го преземе Бразил во летото 2023 година. Според „UOL sporte“, раководството на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) разговарало со Анчелоти и селекторот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола уште пред почетокот на Светското првенство во Катар. Сепак, Шпанецот не беше заинтересиран за соработка со бразилската репрезентација, додека […]

„Непријатност во културата“ – нова книга есеи на Гоце Дртковски


Во издание на издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“ од Скопје деновиве излезе од печат новата книга на авторот Гоце Дртковски – „Непријатност во културата“, со поднаслов „За предморалноста и другите демони“. Во книгата со есеи, Дртковски ја проблематизира културната атмосфера во земјава и особено го истакнува проблемот на релативизирање на вредностите во културата, што […]

На 74 години почина оперската првенка Анастазија Низамова


Оперската првенка Анастазија Низамова почина синоќа на 74 годишна возраст, соопштија од Националната опера и балет (НОБ).   Анастазија Низамова беше една од водечките имиња на македонската оперска сцена. Дипломирала соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Коста Трпков, а подоцна специјализирала во Италија.   На оперската сцена на МНТ […]