Златен глобус 2023: Комплетна листа на номинации


САД– Номинациите за наградата Златен глобус 2023 се објавени денеска, а со тоа почнува сезоната на холивудските филмски награди. Годинава, во трка се звучни имиња од актери до режисери и продукции.

Трагикомедијата на Мартин Мекдона „Тажачките на Инишерин“ заработи осум номинации, меѓу кои и за актерите Колин Фарел, Брендан Глисон, Кери Кондон и Бери Киохан, а акционата авантура „Сè насекаде одеднаш“ седум, вклучувајќи ги и главните ѕвезди Мишел Јео, Џејми Ли Кертис и Ке Хуј Кван. Покрај нив, за најдобра комедија/мјузикл се номинирани „Нож во грб 2“, „Вавилон“ и „Триаголник на тагата“.

Во конкуренција за најдобра драма се „Фејбелменови“, „Топ ган: Маверик“, „Елвис“, „Тар“ и „Аватар: Патот на водата“.

Меѓу номинираните за најдобар актер во драма е и Брендан Фрејзер („Кит“), кој претходно најави дека нема да присуствува на церемонијата на 10 јануари, откако откри дека бил сексуално вознемируван од бившиот претседател на ХФПА, Филип Берк.

За најдобра актерка во драма се номинирани Ана де Армас, Мишел Вилијамс, Оливија Колман, Вајола Дејвис и Кејт Бланшет.

За Златен глобус за најдобар режисер ќе се борат Баз Лурман за „Елвис“, Стивен Спилберг за „Фејбелменови“, Џејмс Камерон за „Аватар 2“, Ден Кван и Даниел Шајнерт за „Сè насекаде одеднаш“ и Мартин Мекдона за „Тажачките на Инишерин“.

Златниот глобус е една од најпрестижните американски награди и е главен показател за тоа кои филмови или глумци имаат најголеми шанси на Оскарите, чие 95. издание е закажано за 12 март во театарот „Долби“ во Холивуд. 

Златниот глобус го доделува Холивудското здружение на странски новинари. 79. Златни глобуси за 2023 година, чиј домаќин е Џерод Кармајкл, треба да се емитува во живо од Беверли Хилтон на 10 јануари.

Еве ја комплетната листа на номинирани во сите категории. Листата ја објави „Холивуд репортер“.