Активиран членот 4, НАТО денеска ќе одржи итен состанок за експлозијата во Полска


Белгија– Денеска ќе се одржи итен состанок на лидерите на НАТО по експлозијата што се случи во полското село Пжеводов, на полско-украинската граница, во која загинаа две лица. Се уште нема официјална потврда од Алијансата дека се работи за руска ракета, иако одредени извори наведуваат токму такво сценарио. Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите […]

Облачно и магливо


Времето ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови. Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 16 ноември 2022 година, 319-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 46 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 25 минути, а ќе зајде во 16 часот и 12 минути. Денов трае 9 часа 47 минути. Месечината ќе изгрее во 22 часот и 58 минути, а ќе […]

Нова експлозија во Истанбул, овојпат автомобил бомба


Турција – Во Истанбул вечерва одекна нова  експлозија, на само два дена по терористичкиот напад во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа ранети, јавија локалните медиуми. Овој пат станувало збор за експлозија на втомобил-бомба, додаваат медиумите. Нападот се случил во областа Фатих.

Роналдо во тајност преговара со Баерн


Англија– Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, и неговиот менаџер Хорхе Мендеш далеку од очите на јавноста се сретнале минатата недела со претставници на Баерн Минхен за да договорат трансфер на португалскиот фудбалер во редовите на бундеслигашот, јавија денеска британските медиуми. Весникот „Дејли мејл“ објави дека Роналдо сака да замине од Јунјатед во јануарскиот преоден рок, а и клупското раководство сака […]

Од концерти до филмски премиери: Филхармонија стана гала место во Скопје


Македонската филхармонија, лоцирана во центарот на Скопје, отаде Камени мост, стана гала место за премиери, концерти, свечености и коктели. Веќе не е „дом“ само на класичната музика, со отмени гости и протоколарен дрес-код, иако таа  естетска слика веќе се „замаглува“ со удобен  и тренди изглед . Пространа, целата во стакло и помалку футуристички изглед, отскокнува […]

Спасовски : Лажните дојави трошат многу сили и ресурси, но полицијата е апсолутно подготвена


Да се влијае на политичкиот момент во државата, да се влијае на капацитетот на институциите, да се влијае на граѓаните преку предизвикување вознемиреност, несигурност, да се се пласираат лажни дојави, лажни вести се практично целите кои сакаат да се постигнат со лажните дојави на бомби, кои се случуваа изминатите недели во повеќе скопски средни училишта, […]

Во притвор 50 лица во врска со нападот во Истанбул


Турција – Турската полиција уапси неколку осомничени во врска со бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест лица, а неколку десетици беа ранети, со што бројот на приведени се искачи на 50, соопшти денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг, без да даде други детали. Државната агенција Анадолија објави дека полицијата привела двајца браќа идентификувани […]

Чинот на реституција на иконите е историски


„Изразувам огромна благодарност за сиот професионален и стручен ангажман на тимот, кој сиве овие години работеше синхронизирано, и со една цел – враќање на иконите во земјава. Исто така, изразувам благодарност и до албанската страна со која бевме во постојан контакт, постојано разменувавме информации и стручни мислења“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во […]

„New Era“- концертната промоција на албумот на Никола Мицевски на 9 декември во Битола


  На 9 декември, во Центарот за култура, во Битола ќе се одржи концертна промоција на композиторот Никола  Мицевски,  – „NEW ERA”, во организација на Авалон Продукција. По првиот концерт во родната Битола, ќе следат и други концерти низ Македонија.  Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок […]

„Некст тајм“ со концерт во Скопје на 17 декември


На 17 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, голем солистички концерт ќе одржи македонскиот музички бренд – „Некст Тајм“. Тие ќе бидат придружувани од нивниот бенд, на чело со композиторот и музичар – Николче Мицевски, со кои ќе го презентираат нивното музичко творештво, како и материјалот од нивниот последен албум „Мајка“. Во живо […]

Сибел Њусом, сопруга на гувернерот на Калифорнија, го обвини Харви Вајнстин за силување


САД- Џенифер Сибел Њусом, режисерка на документарци и сопруга на гувернерот на Калифорнија, во понеделникот сведочеше дека поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин ја силувал во 2005 година кога се обидувала да изгради кариера како продуцент и актер. На говорницата за сведоци во Врховниот суд во Лос Анџелес, Сибел Њусом рече дека го запознала Вајнстин, кој […]

Го симна од тронот Ед Ширан: Луис Капалди има најстримувана песна во Велика Британија на сите времиња


Англија- Болната балада на Луис Капалди, Someone You Loved, стана најстримуваната песна во Велика Британија на сите времиња, надминувајќи ја Shape Of You на Ед Ширан. Песната е пуштена 562 милиони пати, сметајќи ги и аудио и видео стримовите, соопшти компанијата Chart. Капалди ја прослави веста нарекувајќи се себеси „крал на стриминг“. „Слушајте… Битлси, Дрејк, […]

Изложба за Тоше во Музејот на македонската борба за самостојност


Изложба „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ ќе биде поставена утре во Музејот на македонската борба за самостојност. На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми. Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа […]

Ѓоковиќ со победа против Циципас го почна турнирот во Торино


Италија- За разлика од Надал и Медведев кои беа поразени во првото коло, Новак Ѓоковиќ победнички тргна.   Тој во два сета го победи Циципас, со 6-4 во првиот, во вториот сет се играше тај-брејк кој го доби Србинот со 7-6 (7-4).   Во првиот меч од оваа црвена група Рубљов со 2-1 (7-6, 3-6, […]

Светските лидери денеска и утре на самитот на Г-20 во Бали


Индонезија- Светските лидери денеска и утре се среќаваат на годишниот самит на Г-20 на индонезискиот остров Бали. Главната цел е да и се помогне на економијата да се опорави по коронавирусот, но тензиите околу војната во Украина би можеле да бидат попречувачки фактор, објави Би-Би-Си. Г-20 е клуб на земји кои се состануваат за да […]

Џеј Лено се здоби со „сериозни изгореници“ од бензин: „Добро сум“


САД- Џеј Лено е во стабилна состојба, но се здобил со „сериозни изгореници“ по пожар на бензин. Откако веста за неговата медицинска итна помош стана наслов во понеделникот, Лено објави изјава за Variety: „Добив сериозни изгореници од пожар на бензин. Добро сум. Само треба една или две недели да застанам на нозе“. Од Центарот за […]

„Денови на COBISS“ денеска и утре во Скопје и Битола


Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје во соработка со Институтот за информациски науки – ИЗУМ од Марибор, Словенија, првпат организира „Денови на COBISS“ кои денеска и утре ќе се одржат во Скопје и Битола. Како што информира НУБ, излагачи од нашата земја и од Словенија  ќе се осврнат на досегашните активности и […]

Електрични тротинети – компромис меѓу безбедноста, екологијата и инфраструктурата


Сè повеќе граѓани користат електричен тротинет за патување до работа или училиште, како еколошки начин на превоз што значително ја зголемува мобилноста во градски средини. Сепак, ограничувачки фактор е тоа што основна инфраструктура за движење со електричен тротинет согласно законот се велосипедските патеки, а доколку нема изградено такви, тогаш е дозволено движење по пешачките патеки, […]

Законот со кој се овозможува пристап до 530 милиони евра за справување со кризата на дневен ред на 92. пленарна седница


Пратениците денеска треба да ја продолжат 92-та пленарна седница на која на дневен ред се предлог-законите за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност, како и за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за […]