Свеченост за завршување на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин


Фото: Б. Грданоски

Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес денеска ќе се одржи свечена церемонија за завршувањето на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин на 149 припадници на Армијата.

На активноста ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Како што информираат од Министерството за одбрана, пред новопроизведените подофицери свое обраќање ќе имаат министерката Петровска и командантот на Командата за обука и доктрини, како надлежна Команда за реализација на курсот, полковник Васко Коколански.

Покрај доделувањето на првиот подофицерски чин, како што посочуваат од Министерството за одбрана, ќе бидат соопштени и тројцата најдобро рангирани подофицери.