Рим привремено ја става под државна управа рафинеријата на рускиот гигант „Лукоил“ во Италија


Италија– Новата италијанска Влада, предводена од премиерката Џорџа Мелони, вчера ја стави рафинеријата на рускиот нафтен гигант Лукоил во Приоло, Сицилија, под „привремено управување“ на државата за да избегне нејзино затворање и да гарантира континуитет во снабдувањето со енергија, изјави владин извор. Како што пренесе БТА, постоеше опасност рафинеријата ИСАБ (ИСАБ), една од најголемите во […]

Состојба на патиштата


ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на […]

Приватните превозници на протест на „Илинденска“, Град Скопје апелира да се откажат од блокадите


Со блокадата на десната страна од булеварот „Илинден“ со автобуси, приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ и денеска го изразуваат својот протест и незадоволство поради неисплатениот долг од страна на ЈСП „Скопје“. Доколку оваа блокада нема исход, директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на вчерашната прес-конференција најави дека в понеделник почнувајќи од 6 часот […]

На сцената на НОБ балетската претстава „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус


На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Без струја делови од Батинци, Волково, Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода, а Љубанци без вода


Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска ќе бидат делови од селата Батинци и Волково, Општина Илинден и од населбите Ѓорче Петров и Кисела Вода, а поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, без вода ќе бидат корисниците од село Љубанци. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, […]

Драмскиот театар гостува на фестивалот „РУТА Група Триглав“ во Белград


Драмскиот театар вечерва ќе настапи во Београдско драмско позориште со претставата „My name is Goran Stefanovski“ („Се викам Горан Стефановски“), во рамки на фестивалот „РУТА Група Триглав“, што од 1 до 6 декември се одржува во Белград, а чие октомвриско издание беше во Скопје. Со оваа претстава Драмскиот театар годинава гостуваше на регионалните фестивали во […]

Синдикатот на УКИМ на преговори со Собранието за мирно решавање на спорот за колективниот договор


Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе се одржи средба помеѓу одборот за преговори, предводен од претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ, предводени од неговиот претседател, проф. д-р Ангел Ристов. Средбата ќе се одржи врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно […]

Отворен ден на УКИМ


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје  денеска во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите, ќе се одржи „Отворен ден на УКИМ“. Како што информираат од УКИМ, на Отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера. – Идните студенти […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“, поради најавен протест од приватните автобуски превозници закажан за од 6 часот. Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на „Илинден“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со булварот „8 […]

Сончево со умерена облачност и утринска магла по котлините


По одделни котлини денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку ден времето ќе биде сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе […]

Музеи од Македонија, Бугарија и Србија потпишаа договори за заеднички активности


 Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките и Националниот музеј на Србија денеска во Министерството за култура на Бугарија, во присуство на ресорниот министер Велислав Минеков, потпишаа договори за заеднички активности, јави дописникот на МИА од Софија. На потпишувањето присуствуваа замениците министри за култура на Бугарија, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 2 декември 2022 година, 336-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 29 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 43 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа 20 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее […]

СП 2022: Хрватска и Мароко обезбедија пласман во осминафиналето


ОАЕ- Белгија на големо изненадување доживеа елиминација од Светското првенство веќе во групната фаза, откако вечерва во третото коло во групата Ф одигра нерешено 0-0 против Хрватска, на која бодот ѝ беше доволен за пласман во нокаут фазата заедно со репрезентацијата на Мароко која триумфираше над Канада со 2-1. Мароко заврши првопласиран во групата Ф […]

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава


Јордан– Терористичката група Исламска држава (ИД) го назначи досега непознатиот Абу Хусеин за свој водач, откако неговиот претходник Абу ал-Хасан ал-Хашеми ал-Кураиши се разнесе во октомври кога се најде под опсада од поранешни антивладини бунтовници во јужна Сирија. – ИД го избра Абу ал-Хусеин ал-Хусеин ал-Кураиши за свој водач, изјави портпаролот на терористичката група во објавено […]

Скопјани ќе имаат парно во декември


Набавен е гас од „Макпетрол“ за цел декември за потребите на топланите во Скопје, а за декември е потпишан и договор за користење на топлинската енергија од ТЕ-ТО за затоплување на системот, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Вчера се водеа разговори со менаџерскиот тим на „Скопје Север“ и сметам дека по потпишувањето на договорот […]

Дојавата за бомба во скопското ОУ ,,Кочо Рацин” е лажна


По однос денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно, Општина Центар ја информира јавноста дека станува збор за лажна дојава. Оттаму информираат дека откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, по што полициски службеници веднаш го […]

Славески не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град, истакна Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција критикувајќи го однесувањето на претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, нагласи дека „таков човек не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град“. Ковачевски наведе дека му сугерирал на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, да им се помогне на општините. – На министерот за локална […]

Маестро Симон Трпчески е Маж на годината за 2022


Маестро Симон Трпчески е добитник на наградата „Маж на годината“ за 2022 година, на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.  Вчера, се одржа гламурозната манифестација „Мажи на годината“ настан поддржан од Casinos Austria International Macedonia, по петти јубилеен пат во DoubleTree by Hilton- Скопје, со најголема посетеност досега. Во присуство на голем број претставници од бизнис секторот, јавниот живот, амбасадори […]

Елтон Џон во „музичка хемија“ со Дуа Липа: Талентирана, а толку скромна


САД- Елтон Џон и Дуа Липа направија музичка магија со нивниот хит „Студено срце“, а се чини дека нивната хемија во студиото се проширува и на нивното вистинско пријателство! Двојката ја красеше насловната страница на изданието Hitmakers на Variety и се отвори за нивната блиска врска и соработката во студиото. „Ја обожавам. Таа е неверојатно […]

Во банките во Швајцарија има 46,1 милијарда франци на руски граѓани или компании


Швајцарија– Швајцарија соопшти дека во нејзините банки се депонирани 46,1 милијарда франци (46,4 милијарди евра) на руски државјани и правни лица, откако на Москва и се воведени санкции годинава. Швајцарија, која не е членка на Европската унија, но има блиски односи со неа, ги поддржа санкциите на ЕУ кон Русија, откако Москва почна инвазија врз Украина […]