Промоции, изложби, поетско-музички перформанси, во Прилеп почнува „Поетски слем Македонија“


Националниот „Поетски слем Македонија“ 2026 годинава по 16-ти пат ќе се одржува во Прилеп и ќе трае од 8 до 11 октомври. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп, а ќе се отвори утре во 18:30 часот во галеријата НУЦК „Марко Цепенков“ со изложба на ДЛУМ-Битола. На истата локација ќе се одржи […]

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: Не разбирам зошто ми ги врати парите


Истанбул – Рускиот олигарх кој помогна во финансирањето на свадбената прослава на Доналд Трамп помладиот тврди дека најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп му ги вратил парите. „Да, го стори тоа“, рече Умар Кремлев денес на прес-конференцијата на Меѓународната боксерска асоцијација во Истанбул. „Тој ги врати парите што ги потрошив за подарокот“, рече тој. […]

Хали Бери го обвинува поранешниот сопруг дека се обидува да го сврти нивниот син против неа


Лос Анџелес – ОскаровкатаХали Бери побара од судот да го обнови договорот за заедничко старателство со нејзиниот 13-годишен син, Мејс, откако нејзиниот поранешен сопруг, Оливие Мартинез, ја обвини за злоупотреба на деца. Мартинез минатата недела поднесе барање за целосно старателство над нивниот син и итна забрана за пристап против Бери, тврдејќи дека физички го злоупотребила […]

Ѓоковиќ триумфираше во Пекинг и ја освои 102-та титула во кариерата


Пекинг – Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, денес ја освои својата седма титула на турнирот во Пекинг и 102-ра во кариерата, откако Австралиецот Алекс де Минаур му го предаде мечот во финалето со резултат 7:6 (7:3),0:1. Двајцата тенисери го задржаа својот сервис во првиот сет, а српскиот ас беше подобар во тај-брејкот со резултат 7:3. Де […]

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец Трајче Бојковски


Во Основниот суд во Куманово денеска беа изнесени завршните зборови во судскиот процес против Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Обвинителството побара доживотна казна затвор. Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара доживотна казна за Трајче Бојковски за четири убиства и за два обиди за убиства. Тој кажа дека Трајче како овчар, […]

Два пласмани на деветтото место за „Макпетрол“ на Карате 1 Серија А во Салцбург


Седум каратисти на карате клубот „Макпетрол“ настапија на силниот меѓународен турнир Карате 1 Серија А во Салцбург, Австрија, каде што настапија 1.264 каратисти од 81 држава, со вкупно 1.197 натпреварувачки влезови. „Макпетрол“ настапи со Јована Мицовска (-61 кг), Викторија Јовановска (-68 кг), Греса Мустафаи (+68 кг), Вукашин Јовановиќ (-67 кг), Петар Заборски (-75 кг), Данило […]

Репрезентацијата на Португалија изгуби речиси 2,5 милиони следбеници на Инстаграм по заминувањето на Роналдо


Лисабон – Инстаграм профилот на португалската репрезентација изгуби речиси 2,5 милиони следбеници по одлуката на напаѓачот Кристијано Роналдо да го напушти националниот тим. На 30 септември, Роналдо го објави своето заминување од националниот тим по прес-конференцијата на главниот тренер Жорже Жесус. 41-годишниот напаѓач не беше ставен во игра за натпреварот од Лигата на нации против […]

Синер објави предвремен крај на сезоната


Рим – Светскиот рекет број 1 Јаник Синер објави дека ќе го пропушти остатокот од сезоната 2026. Дваесет и петгодишниот Италијанец ја објави својата одлука на социјалните мрежи.  – Моите лекари и јас одлучивме дека треба да се подложам на операција на коленото, што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена за мене. Последните неколку […]

Алкараз го победи Легецка во финалето во Токио


Токио – Третиот тенисер во светот, Карлос Алкараз, попландево го победи Чехот Јиржи Легецка во финалето во Токио со 7:6 (7:4) и 6:4. Мечот траеше 1 час и 37 минути. Алкараз сервираше четир аса, направи една двојна грешка и реализираше две од четир брејк топки.  Легецка сервираше седум аса, не направи двојна грешка и реализираше […]

За наградата „Горан Стефановски“ ќе нема услов за возраста на кандидатот, одлуката треба да ја потврди УО на Драмски


Во новиот конкурс за драмски текст од македонски автор за наградата „Горан Стефановски“ Драмски театар Скопје ќе го отстрани условот кандидатот што ќе се пријави да е на возраст до 30 години.  Во минатите две години наградата наменета за млади автори не беше доделена поради недоволни квалитети на пријавените текстови. Директорот Роберт Вељановски денеска на […]

Режисерот на „Digger“ признава дека филмот со Том Круз „не е совршен“ : „Ова не е сладолед“


Алехандро Гонзалес Ињариту е свесен дека на некои луѓе нема да им се допадне „Digger“ и тоа е во ред за него. Во најновиот проект на режисерот на „Birdman“ (Човекот-птица), Том Круз ја толкува улогата на ексцентричен нафтен магнат одговорен за климатска катастрофа, а филмот предизвика поделени реакции кај критичарите. Сепак, тоа не е најлошото […]

Премиера на „Алиса се враќа дома“ на 8 октомври во Драмски


Драмски театар Скопје на 8 октомври во 20 часот премиерно ќе ја праизведе „Алиса се враќа дома“, нов македонски драмски текст на Ивана Смилевска, во режија на Моника Ставревска, студентка по Театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска.  Инспирирана од светот на Луис Карол, дипломската претстава […]

„Музички код“: Увертири од најпознатите оперски дела в четврток во Филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија, в четврток,во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Музички код“ со диригентот Борјан Цанев, на кој ќе бидат изведени увертири од најпознатите оперски дела. Публиката ќе има можност да чуе увертири од оперите на Моцарт, Росини, Вагнер, како и увертирите „Кориолан“ од Бетовен, „Академска фестивалска увертира“ од Брамс и „Свечена увертира“ […]

Цвеќиња, овации и нова музичка приказна: Flowers Symphony повторно во Скопје на 16 ноември


По силниот прием на првото издание во Скопје, Flowers Symphony се враќа во Македонската филхармонија на 16 ноември, но не како повторување на концертот што публиката веќе го виде. Второто издание носи нова програма, нови композиции, нови сценски моменти и уште побогато симфониско доживување. Минатогодишниот Flowers Symphony остана запаметен по силната емоција, впечатливите вокални изведби […]

Бојан Трифуновски го режира перформансот после проекцијата на „Лефти и Рајти“ во МНТ


На 28. ноември во Македонскиот народен театар премиерно во 12 часот ќе биде прикажан краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“. По проекцијата на филмот, приказната ќе продолжи во живо на сцената со театарски перформанс за деца, со дијалози, песна, танц и интеракција со публиката. Режијата ја потпишува Бојан Трифуновски, еден […]

Пет финалисти за наградата „Драги“ за 2026 година


Пет финалисти се избрани за наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик за 2026 година, во третиот и последен круг на селекција од жири-комисијата во состав: Иван Џепароски (претседател), Владимир Цветкоски (член) и Јана Михајловска (член). Организаторите на конкурсот за наградата соопштија дека препевите се авторско дело на пет искусни преведувачи и се направени […]

Ѓоковиќ во финале на турнирот во Пекинг по дисквалификацијата на Медведев


Пекинг – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го игра своето седмо финале на „Кина опен“ во Пекинг, откако во денешниот полуфинале меч, неговиот ривал Данил Медведев беше дисквалификуван. Во тој момент од мечот Ѓоковиќ водеше со 1:0 во сетови и 5:3 во вториот сет и во деветтиот гем на сервис на Ѓоковиќ беше 15:15. Но, по […]

Еврокомесарот Шефчовиќ патува во Пекинг за да спречи трговска војна и „кинески шок 2.0“


Брисел – Еврокомесарот за трговија Марош Шефчовиќ в четврток ќе отпатува во Пекинг на клучни состаноци со кинески претставници, со цел да се обиде да спречи трговска војна. Европската Унија зазеде построг став кон Пекинг за да ги заштити компаниите од нефер пазарната конкуренција во клучните сектори, како што е автомобилската индустрија. Европските лидери и […]

Нов бран Руси во Србија ги зголеми кириите за околу 30 отсто


Белград – Нов бран руски доселеници пристигна во Србија и веќе влијаеше врз пазарот на недвижности. Поради зголемената побарувачка, цените на кириите во последните два месеца пораснаа за околу 30 отсто. Агентите за недвижности велат дека главниот прилив допрва се очекува, поради што станува сè понеизвесно кој во поголемите градови ќе може да си дозволи […]

Ел Нињо би можел да го намали глобалното економско производство


Вашингтон – Многу силниот климатски феномен Ел Нињо би можел до 2027 година да го намали економското производство во 144 земји за околу 395 милијарди евра, додека дополнителните штети од суши, поплави, пожари и урагани би можеле да бидат уште поголеми, покажува новиот извештај на осигурителната компанија „Алијанц“. Најголемиот дел од загубите би ги претрпеле […]