Бојан Трифуновски го режира перформансот после проекцијата на „Лефти и Рајти“ во МНТ


На 28. ноември во Македонскиот народен театар премиерно во 12 часот ќе биде прикажан краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“.

По проекцијата на филмот, приказната ќе продолжи во живо на сцената со театарски перформанс за деца, со дијалози, песна, танц и интеракција со публиката.

Режијата ја потпишува Бојан Трифуновски, еден од нашите најистакнати театарски режисери, со посебен сензибилитет и чувство за работа со деца.

Целата премиерна програма ќе трае околу 45 минути и е замислена како мултимедијално искуство за целото семејство, спој на филм, театар и музика.

Театарскиот перформанс е замислен како мини мјузикл за деца, во кој освен тематска песна на филмот “Ќе бидам пријател”, ќе има и песна од Калиопи која ја отстапи специјално за овој перформанс.

“Сакаме децата да се почувствуваат како да влегуваат во еден храм каде што има кино проекции и театар. Ако тоа го почувствуваат од мали, ќе ја почитуваат културата, која е врата кон цивилизацијата и возвишеното. Заради тоа за нив ќе постелеме не црвен, туку шарен тепих, ќе ги пречекаме како на секоја премиера и ќе ги сместиме во удобните кадифени седишта на големата сцена на МНТ”, вели Нена Гиевска од зАнимација продукција.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ и Хрватскиот аудиовизуелен центар – ХАВЦ.

Улогите во филмот ги толкуваат:

 

Јелена Јованова – Лефти, мајката

Гораст Цветковски – Рајти, ранецот Тигар

Тања Кочовска – наратор

Ева Скендеровска – Мими, Дреска, фустанот Роза

Изабела Јакимова – Јакната Јасна, продавачката

 

Останати гласови:

Јана Велева

Александар ​Г​еоргиевски

Миа Велева

 

Режија: Илија Тодоровски, Сценарио: Наташа Дукоска, Ко-сценарист: Билјана Црвенковска, Арт​-дирекција: Хари Дудески, Студио за анимација: ​Toon Motion Studios (Македонија), Тематска музика за филм: Дина Јашари

 

Продукција: зАнимација продукција

Продуцент: Снежана ​Нена Гиевска

​К​реативен продуцент:​ Наташа Дукоска

​Копродукција: Minya​ Film i Animacija (Хрватска)

​Ко-продуцент: Миљана ​Драгичевиќ

Дизајн на постер: Владимир Домазетов

Тематската песна на филмот со промотивен спот се готови, потпишана е Дина Јашари: 

 Картите за премиерата се достапни на следниот линк: https://www.karti.com.mk/lefti-i-rajti-si-najdoa-dom-makedonski-animiran-film.nspx