Состојба на патиштата


  СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост од 100метри поради магла има на планискиот премин Ѓавато. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува […]

Радев на 3 јануари им го врачува мандатот за состав на кабинет на „Продолжуваме со промената“


Бугарија – Бугарскиот претседател Румен Радев на 3 јануари ќе го врачи вториот мандат за формирање влада на кандидатот за премиер, именуван од втората по големина пратеничка група во Парламентот – „Продолжуваме со промените“, соопшти синоќа Кабинетот. Таа бугарска политичка партија за премиер го предложи Николај Денков – министер за образование во последната редовна влада на […]

Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот


Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот, предупредуваат стручните лица и родителите на овие деца. Поради силниот звук, децата се вознемируваат и плашат и се јавуваат разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго. – Лицата со аутизам и лицата со […]

Без вода дел од Маџир Маало


Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денеска од 9 часот без водоснабдување ќе бидат дел од корисниците во населбата Маџир Маало во Општина Центар. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од скопското ЈП „Водовод и канализација“, поради уличен дефект ф-2“ на улица „Раде Јовчевски […]

Истанбул и Дубаи најбарани дестинации за Нова Година, намален интересот за европските градови


Покрај економската и енергетската криза, граѓаните наоѓаат средства и начини за прослава на Новата година надвор од земјата. Поради поволните цени, годинава како најбарани дестинации за новогодишната ноќ се Истанбул и Дубаи, а помал е интересот за европските градови. Агенциите што ги контактираше МИА велат дека за Истанбул се организираат тридневни до четиридневни тури, во […]

Магла на Ѓавато, на граничните премини нема подолги задржувања


На планинскиот премин Ѓавато утринава има магла поради што видливоста е намалена на 100 метри, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, утринава […]

Обама, Роналдо, Меси, НАСА… Светот се простува од легендарниот Пеле


Најдобриот“, „Збогум на најдобриот“, „Вистинскиот најдобар на сите времиња“, ова се само дел одденешните насловни страници со кои светските медиуми се простуваат од кралот на фудбалот, Пеле, кој почина вчера на 82-годишна возраст. Статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро и стадионот „Вембли“ во Англија, веќе светат во боите на бразилското знаме, а почит […]

Претпладне магла,преку ден променливо облачно 


Времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини, особено вдолж Повардарието со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 30 декември 2022 година, 364-иот ден во годината. До крајот на годината останува уште 1 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минути, а ќе зајде во 16 часот и 11 минути. Денов трае 9 часа 9 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

Спасовски и Агелер ќе продолжат да работат на интензивирање на соработката меѓу МВР и Владата на САД 


Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. Тој и посакал добредојде на амбасадорката Агелер, успех на функцијата и изразил благодарност за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството […]

Од 1 јануари повеќе пари за лекарите од општа медицина, гинекологија и стоматологија


Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на последната седница, донесе одлука од први јануари 2023 година да ја зголеми вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитацискиот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, информираат од ФЗОРСМ. Одлуката на Фондот […]

Ова е моментално најгледаниот филм на Нетфликс, продолжението ќе почне да се снима наскоро


  Glass Onion на Нетфликс е продолжение на хитот Knives Out од 2019 година, мистерија за убиство инспирирана од романот на Агата Кристи кој заработи повеќе од 300 милиони долари и му донесе номинација за Оскар на режисерот Ријан Џонсон. По еднонеделното прикажување во кината околу Денот на благодарноста, филмот имаше премиера на Нетфликс на […]

Комисијата за антидискриминација: Општина Карпош ги дискриминира лицата со попреченост


Општина Карпош континуирано ги дискриминира граѓаните со попреченост кои се жители на оваа општина, истовремено кршејќи го Уставот на државата. Вака одлучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), повикувајќи се на истражувањето на Порталб.мк за нефункционалноста на канцелариите за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ, пишува Порталб.мк.

„МакеДокс“ преку платформата „Глеј“ овозможува бесплатни документарци до 20 јануари


Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“, информираат од фестивалот. Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови. Наградените документарни филмови на […]

Лажна пријава за наводно поставена бомба во Пошта на Северна Македонија


Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека, по добиената порака на електронската адреса во објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје за поставена експлозивна направа, е утврдено дека станува збор за лажна пријава. По добиената пријава полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на вработените и присутните граѓани, а извршиле и детални антитерористички проверки […]

Одбележaн Денот на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје (фото)


Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Саше Тасевски, денеска присуствуваше на настан во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, по повод одбележување на Денот на формирање на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Присутни беа и началникот на Секторот за внатрешни работи Скопје, Кире Даневски, командантот на Единицата за интервентна полиција, […]

„Бекутан“- куќа во СОС Детско село доби име според познатиот бренд на „Алкалоид“


Една од куќите во СОС Детското село во Скопје доби име Бекутан, во пресрет на 45-годишниот јубилеј на детскиот бренд на компанијата Алкалоид. Во куќата Бекутан има 4 деца на возраст од 4 до 12 години и една младинка од 15 години која транзитира во младинска куќа. СОС Детско село во населбата Ченто има дванаесет […]

„Аватар 2“ на Камерон заработи над милијарда долари за само 12 дена


САД – „Аватар 2: Патот на водата“ достигна милијарда долари заработка само 12 – 13 дена откако се појави во кината ширум светот. Според последниот податок, остварувањето има вкупно 1,03 милијарди долари на својата сметка. Продолжението на најуспешниот филм на сите времиња од 2009 година, „Аватар“, се прикажува од 16 декември, а по вториот викенд во кината […]