Почна сезоната на лалиња во Холандија, на еколошките активисти и тие им сметаат


Кеукенхоф, најголемата градина со лалиња во светот во близина на Амстердам, ги отвори вратите на 75-годишнината и очекува стотици илјади посетители да им се восхитуваат на цвеќињата од седум милиони цветни светилки. Лоциран во Лисе на западот на Холандија, паркот од 32 хектари е засаден со милиони шарени лалиња и други цвеќиња и е популарна …

Почна сезоната на лалиња во Холандија, на еколошките активисти и тие им сметаат Read More »

Лекар избоден до смрт пред поликлиниката „Железара“ во Скопје


  Лекар е убиен пред поликлиниката „Железара“ во Скопје во неговиот автомобил со повеќе убодни рани. Станува збор за Ацо Трповски (67), кој бил матичен лекар и неговата ординација била во поликлиниката. Автомобилот во кој е пронајдено неговото мртво тело бил на паркингот во близина на поликлиниката. Тој бил пронајден во 23 часот од неговите …

Лекар избоден до смрт пред поликлиниката „Железара“ во Скопје Read More »

Млад прилепчанец загина во сообраќајката на патот Градско-Прилеп


Тешка сообраќајна несреќа во која млад прилепчаец го загуби животот се случи вчера попладне на патот Градско – Прилеп. Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски односи, управуван од А.М.(29) од Прилеп и товарно возило „Ман“ со скопски регистарски односи, управувано од З.Б.(38) од Куманово. -Во несреќата, А.М. се здобил …

Млад прилепчанец загина во сообраќајката на патот Градско-Прилеп Read More »

Муцунски почна изградба на парк на влезот во Лисиче, „Радост“ кај ПСС го заборави


На самиот почеток на пролетта започна изведбата на новиот парк лоциран на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот „Февруарски поход“. До крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор кој ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде ќе биде поставено македонското знаме. Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна истакна дека …

Муцунски почна изградба на парк на влезот во Лисиче, „Радост“ кај ПСС го заборави Read More »

Дојче бан лани работеше со загуба од 2,4 милијади евра


Инвестициите во инфраструктурата, повисоките трошоци за енергија и работна сила, зголемените каматни стапки и штрајкови ја турнаа германската државна компанија Дојче Бан во поголема загуба во 2023 година, покажа извештајот објавен денеска. Дојче бан минатата година забележа нето загуба од 2,4 милијарди евра, приближно десет пати поголема отколку во 2022 година. Нивните приходи паднале за 13 …

Дојче бан лани работеше со загуба од 2,4 милијади евра Read More »

Модриќ: Реал Мадрид има посебен однос со Лигата на шампионите


Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ зборуваше за успехот на шпанскиот клуб во Лигата на шампионите. – Реал Мадрид има посебен однос со Лигата на шампионите, поради што е најуспешниот клуб во историјата на турнирот. Со него освоив три титули во Ла Лига и пет трофеи во Лигата на шампионите. Ова е …

Модриќ: Реал Мадрид има посебен однос со Лигата на шампионите Read More »

Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец


 Претседателот Стево Пендаровски денеска во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на методско показна вежба на тема „Лесен пешадиски вод во извршување на наменски задачи: патролирање, чистење на патен правец и реакција на контакт“, соопшти неговиот Кабинет. Вежбата ја спроведоа околу 100 припадници на Првата пешадиска бригада на Армијата. Сценариото на вежбата опфати …

Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец Read More »

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека добил негативно мислење бараките во кои се сместени вработени на Бирото за развој на образование да бидат отстапени на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) чие раководство и студенти бараат соодветен простор за работа. -Јас овие информации ги имам доставено до ФИНКИ дека …

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение Read More »

Преку работилници младите ќе учат за климатски акции


Преку работилници, и средби со активисти учениците ќе имаат можност да научат повеќе за зачувување на природата и животната околина, а денеска, во Градскиот парк во Скопје се одржа интерактивна прошетка за климатска акција и едукација.  МОН е посветено на подигнувањето на свеста на учениците за екологијата, па во рамки на реформата на образовниот систем, …

Преку работилници младите ќе учат за климатски акции Read More »

Во Прилеп се одржа прв симпозиум на медицинските сестри од примарното здравство


Достоинствена професија, подобри услови и повисоки плати, порачаат медицинските сестри од примарната здравствена заштита на денешниот прв Симпозиум што го одржаа во прилепскиот хотел „Салида“. Задоволни се што формираа посебно друштво во рамки на здруженијата за да се решаваат поефикасно проблемите. Според Горданка Бешлиовска, претседателка на здружението на медицински сестри акушерки, стоматолошки сестри, кое ја …

Во Прилеп се одржа прв симпозиум на медицинските сестри од примарното здравство Read More »

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица


Во државава од 11 до 17 месецов се пријавени 253 случаи на групни пријави за заболени од грип, односно заболувања слични на грип, што е за 40,7 проценти помалку во споредба со претходната недела. Како што стои во Извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во земјава за 11-та недела, бројот на пријавени лица …

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица Read More »

Еден од најозлогласените сериски убијци во историјата на Русија е осуден на доживотен затвор


Рускиот сериски убиец познат како „Манијакот од Волга“ во четвртокот е осуден на доживотен затвор за убиство на 31 постара жена, јави државната новинска агенција ТАСС. Радик Тагиров беше уапсен во 2020 година под сомнение за убиства. Тие беа извршени во 15 градови во и околу регионот Татарстан, околу 730 километри источно од Москва, помеѓу …

Еден од најозлогласените сериски убијци во историјата на Русија е осуден на доживотен затвор Read More »

Масовна полициска акција со апсења во Будва и Подгорица – подготвувале серија убиства


Во Подгорица и Будва утрово по наредба на Специјалното државно обвинителство се уапсени повеќе лица за создавање криминална организација и подготвување на повеќе убиства и други тешки кривични дела. Во тек се претреси на станови, куќи и други простории на осомничените за кои се претпоставува дека се членови на организирани криминални групи. Акцијата за апсење …

Масовна полициска акција со апсења во Будва и Подгорица – подготвувале серија убиства Read More »

Учениците од Карпош ќе компостираат органски отпад


Поттикнати од соработката со невладини здруженија кои работат на проекти од областа на екологијата, Општина Карпош набави 10 ротирачки компостери кои ги постави во дворните места на сите основни училишта, кои се во нејзина надлежност. Станува збор за уреди од француско производство составени од два ротирачки барабани со волумен од 190 литри (секој), кои можат …

Учениците од Карпош ќе компостираат органски отпад Read More »

Бугарија испраќа контингент од 100 војници во Косово


Контингентот ја заврши обуката и беше оценет „борбено подготвен“, соопшти Министерството за одбрана. Во Бугарија денеска беше организирано свечено испраќање на воен контингент од околу 100 војници, со што дополнително ќе се зајакне мировната мисија на НАТО на Косово и Метохија (КФОР). Свеченоста се одржи во 10:30 часот во Јамбол, на централниот плоштад пред зградата …

Бугарија испраќа контингент од 100 војници во Косово Read More »

Студентите и вработените на ФИНКИ учеа пред Владата – реално, учат во простории на осум различни факултети


Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска го изразија незадоволството од условите за студирање со мирен протест пред Владата, барајќи соодветен простор за работа. На протестот под мотото „ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“, студентите поставија импровизирана училница со цел да привлечат внимание за нерешните просторни услови. Деканот …

Студентите и вработените на ФИНКИ учеа пред Владата – реално, учат во простории на осум различни факултети Read More »

Тренчевска: Добрите навики се стекнуваат од најрана возраст


Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацлиев денес беа на активност под името „Реката убава мила, доколку е чиста поубава би била” во организација на ЈОУДГ „Ангел Шајче”. Активностите беа организирани по повод Денот на пролетта и Светскиот ден на водите. „Нашата посветеност …

Тренчевска: Добрите навики се стекнуваат од најрана возраст Read More »

Тетовци ќе плаќаат четири пати поскапо за собирање на ѓубрето


Откако австриската „Заубермахер“ ја презеде работата за отстранување на ѓубрето во тетово, граѓаните сега ќе плаќаат четири поскапи сметки за оваа услуга, обвинија денеска од ДУИ. Пратеничката од ДУИ Рина Ајдари предупреди за зголемување на сметките за вода и општинските услуги во Тетово. Ајдари оцени дека општината го пренамени општинското претпријатие во јавно-приватно партнерство за, …

Тетовци ќе плаќаат четири пати поскапо за собирање на ѓубрето Read More »

Руте: БиХ направи доволно за да добие старт на преговорите, но не и да ја усогласиме Преговарачката рамка 


Холандија ќе го поддржи предлогот на Европската комисија за старт на преговорите за членство со Босна и Херцеговина, но во исто време пред да се усогласи преговарачката рамка земјата мора да ги спроведе сите неопходни чекори наведени во Извештајот на ЕК, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте при пристигнувањето на Самитот на ЕУ.  – Босна …

Руте: БиХ направи доволно за да добие старт на преговорите, но не и да ја усогласиме Преговарачката рамка  Read More »

На Меѓународниот ден на шумите средношколците садеа во паркот Гази Баба


По повод одбележување на 21 Март – Меѓународниот ден на шумите, Град Скопје во соработка со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еко акција за пошумување на парк шумата Гази Баба. Во рамките на оваа еко акција, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска заедно со 100 ученици засадија …

На Меѓународниот ден на шумите средношколците садеа во паркот Гази Баба Read More »