Тетовци ќе плаќаат четири пати поскапо за собирање на ѓубрето


Откако австриската „Заубермахер“ ја презеде работата за отстранување на ѓубрето во тетово, граѓаните сега ќе плаќаат четири поскапи сметки за оваа услуга, обвинија денеска од ДУИ.

Пратеничката од ДУИ Рина Ајдари предупреди за зголемување на сметките за вода и општинските услуги во Тетово. Ајдари оцени дека општината го пренамени општинското претпријатие во јавно-приватно партнерство за, како што рече, да им нанесува штета на граѓаните и ги зголеми цените за услуги кои не го дава.

-Отсега натаму, благодарение на раководството на општина Тетово, граѓаните ќе плаќаат четири пати повеќе од она што досега плаќале за отпадот. Тоа најдобро го докажуваат фактурите што стигнале до граѓаните од компанијата „Заубермахер“, фирма со која општина Тетово се договорила да управува со отпадот на граѓаните. Како што гледате, граѓаните кои досега плаќале 300 денари за сметка, сега ќе плаќаат до 1.300 денари месечно, а за една година едно семејство ќе троши 200 евра повеќе, благодарение на неправедните одлуки на поединците кои раководаат со општина Тетово.Сето ова дојде како резултат на неможноста да се менаџираат општинските институции правејќи ги јавно-приватно партнерство, само за да имаат корист луѓето од нивниот близок круг. Додека сето тоа оди на сметка на граѓаните и директно се одразува на семејниот буџет, истакна Рина Ајдари.

Според Ајдари, тетовци се принудени да плаќаат за фиктивни услуги кои воопшто не ги добиваат.

-Пример се фактурите за отпад што ги добивме од населените места Порој и Џепчиште, каде граѓаните плаќаат за канализација и вода за пиење, додека немаат канализација и со вода за пиење стопанисуваат месните заедници од овие населени места со сопствени средства.Општина Тетово вчера апелираше до сите граѓани со зголемените сметки да одат во нивните канцеларии и да се пожалат, додека советниците на партијата што раководи со општина Тетово, во Советот на општината пред неколку недели гласаа за поскапување на општинските услуги. Сето ова очигледно се прави од единствена причина што оваа структура да е во контакт со граѓаните и да ги уценува. Актуелното раководство на општина Тетово не штеди ништо за остварување на нивните тесни интереси, рече Рина Ајдари.

Таа апелираше општината да не врши притисок врз граѓаните, да се занимаваат со обврските што ги имаат како што се заштитата и безбедноста на граѓаните и чистење на градот.