Ахмети: Ако некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, нема да се реализира


Претседателството на Демократска унија за интеграција (ДУИ) одржува вонреден состанок во седиштето во Тетово. Пред почетокот на состанокот претседателот на ДУИ, Али Ахмети најави дека средбата на претседателството е со цел носење одлука, а по повод резултатите од седум изборни места од 8 мај, за кои треба да има прегласување. – Оваа ситуација не доведе …

Ахмети: Ако некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, нема да се реализира Read More »

Научната фела бара стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти


 Недостасуваат педијатри, гинеколози, има дефицит на патолози, се поголем број млади лекари заминуваат во странство, а државата останува без кадар. Доктор Џенгис Јашар како патолог, кој учествува на дводневната студентска конференција на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип посочува дека е дефицитарен и кадарот,  кога се во прашање и микробиологијата, биохемијата и слично. Смета дека ова се …

Научната фела бара стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти Read More »

Поплави во источна Белгија


Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција. На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода. „Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, …

Поплави во источна Белгија Read More »

Во Музејот на виното Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти


Во Музејот на виното Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите.  – Ликовни уметници творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг е „Винскиот музеј низ артефактите“. Всушност, на лице место уметниците сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои  ја следат нивната активност,  имаат …

Во Музејот на виното Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти Read More »

ДИК ги соопшти освоените мандати за пратеници без 5 и 6 ИЕ – таму ќе се прегласува в среда


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај годинава. Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски, за изборните единици 5 и 6 каде на одредени избирачки места ќе треба да се прегласува, резултатите се добиени со симулација и посебна техника врз …

ДИК ги соопшти освоените мандати за пратеници без 5 и 6 ИЕ – таму ќе се прегласува в среда Read More »

ДИК: Прегласување во неколку избирачки места – разрешени избирачките одбори


Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во …

ДИК: Прегласување во неколку избирачки места – разрешени избирачките одбори Read More »

Полска се вооружува со „бајрактари“: Варшава е побогата со 24 турски беспилотни летала


Турската воена компанија „Бајкар“ соопшти дека на Полска и испорачала 24 беспилотни летала „Бајрактар“ ТБ2. Според соопштението на Министерството за одбранбена индустрија, првите сериски испораки на овие дронови во Полска следеле во октомври 2022 година, по што беспилотните летала биле испорачани во април и октомври 2023 година. Последната испорака беше извршена овој месец, а беше …

Полска се вооружува со „бајрактари“: Варшава е побогата со 24 турски беспилотни летала Read More »

Измама на позната нафтена компанија: Оштети милиони луѓе


Мултинационалната нафтена компанија Шел продаде милиони лажни кредити за јаглен на најголемите канадски компании за нафтени песоци, покажуваат документите видени од Фајненшл Тајмс. Се проценува дека овој нафтен гигант преку капацитетите за заробување јаглерод си донел над 135 милиони евра со контроверзниот договор со властите. Треба да знаете дека јаглеродните кредити се заверен документ кој …

Измама на позната нафтена компанија: Оштети милиони луѓе Read More »

ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав (во живо)


Државната изборна комисија денеска, на 105. седница која е во тек, ги објавува конечните резултати за распределба на мандатите за пратеници по изборни едници согласно освоените гласови на парламентарните избори од 8 мај 2024 година. Како што информира претседателот на ДИК Александар Даштевски, според усвоениот дневен ред, на седницата ќе се расправа и по предлог-решенијата …

ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав (во живо) Read More »

Бебе почина во охридската болница, било донесено во неконтактибилна состојба


Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -Бебето претходно со Итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, вели Димоски. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција.

Костадиновска-Стојчевска по повод 18 Мај: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет


  Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на сите музејски работници им го честита Меѓународниот ден на музеите, за кои вели дека се огледало на минатото и на нашето културно наследство. „На 18 мај, Меѓународниот ден на музеите ја нагласуваме нивната заштитничка улога на историјата, културата и македонскиот идентитет. Музеите се инспирација за креативност, истражување и критика, …

Костадиновска-Стојчевска по повод 18 Мај: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет Read More »

Градоначалник исплаќал пари кога биле распишани претходните претседателски избори


СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори” по член 165-в од Кривичниот законик. Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од …

Градоначалник исплаќал пари кога биле распишани претходните претседателски избори Read More »

Реконструкција на водоводната мрежа во населбата Стопански двор


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид на работите за реконструкција на водоводната мрежа на улицата број „1“, во скопската населба Стопански двор, во општината Ѓорче Петров. Како што информира Град Скопје, со реконструкцијата на водоводната …

Реконструкција на водоводната мрежа во населбата Стопански двор Read More »

Напаѓачот на Фицо призна вина


Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Цинтула беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот. Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо …

Напаѓачот на Фицо призна вина Read More »

Во судар на три возила кај Кичево, повредени малолетници


Во петокот, во 22.55 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(18), патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од В.Х.(59), сите …

Во судар на три возила кај Кичево, повредени малолетници Read More »

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков


По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина. Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“. Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри …

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков Read More »

Уште пет месеци: Најавена Трета светска војна?


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека на пет месеци до изборите во САД може да избие трета светска војна поради неспособноста на актуелното американско раководство. „Со идиотите кои ја водат оваа земја, нема да има многу луѓе живи бидејќи моќта на модерното оружје е застрашувачка. Можеме да бидеме втурнати во Трета светска војна во …

Уште пет месеци: Најавена Трета светска војна? Read More »

Откриен петти случај на штетна материја во зеленчук од Македонија


Штетни хемикалии се откриени во зеленчукот од Северна Македонија по петти пат во изминатата година во Хрватска. Како што е соопштено од европскиот систем за безбедност на храната, во мешаната салата биле откриени недозволиви нивоа на пестицидот хлорпирифос, забранет во ЕУ. Процентот на хлорпирифос во салатата беше 0,028 милиграми по килограм производ. За среќа, тоа …

Откриен петти случај на штетна материја во зеленчук од Македонија Read More »

Напаѓачот кој со чекан го претепа сопругот на Ненси Пелоси е осуден на 30 години затвор


Малку повеќе од 18 месеци откако сопругот на Ненси Пелоси, поранешната демократска претседателка на Претставничкиот дом на САД, Пол Пелоси беше нападнат со чекан во неговиот дом во Сан Франциско, насилникот е осуден на 30 години затвор. Судијата во Сан Франциско ја изрече казната во петокот, објавија американските медиуми. Обвинителот побара 40 години. Напаѓачот на …

Напаѓачот кој со чекан го претепа сопругот на Ненси Пелоси е осуден на 30 години затвор Read More »

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“


Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024.  Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица. Според Изборниот …

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“ Read More »